Не ми е тешко зошто го кажувам она што го мислам и чуствувам ама на личност која навистина го заслужува.Нејсе постоеле случаеви кога го зборувале тоа но не го чуствувале а така се уништува мокта на ова волшебно зборче.Но дали ке кажам на некој друг не знам.
За тешко - не ми е воопшто тешко. Но, ако збориме за тоа колку често го кажувам, тогаш велам дека не се расфрлам многу со зборовиве. Нема некоја посебна причина за тоа, само сметам дека се што е прекумерно е и невкусно, а да гушам луѓе со тоа, не сакам. Го кажувам прилично многу ретко, но кога го кажувам гледам да одберам момент и секако, секој пат е искрен. Тоа е и најважното, зошто во спротивно целата таа магија која што со себе ја носат овие зборови се губи. Истото важи и со останатите... сакам да ми го кажуваат, повторно умерено и искрено. Но, не патам од тоа по секоја цена да го слушнам, милион пати дневно за да си ја нахранам душата, туку повеќе гледам дела. Секој може да ти каже „Те сакам„, но ретко кој би се потрудил да го докаже навистина тоа..
Се согласувам со shana никому не можам да кажам те сакам освен на моите дечиња, некако тешко ми оди тоа порано можев, но сега не знам зошто можеби никој освен моите деца не ги заслужил зборовите те сакам. поззз до сите Модератор:Ве молиме пишувајте на кирилица, ако не знаете како, прочитајте ги правилата на форумот.
Како помала, не сваќав кога некој на филм или во живо ќе каже дека им било тешко да кажат Те Сакам. Мислев дека тоа се само зборови. Но сега е поинаква приказна. Јас обожавам да кажам те сакам на личности што навистина ги сакам, но кога би сакала да им речам на некој што не ги заслужува овие зборови, голтам кнедла. Мислам дека лажното искажување љубов е отров за срцето. Ма ајде да се сакаме искрено!
Претешко. За тие зборови да искочат од моја уста треба голема мака . Ми треба премногу време да поминам со таа личност да ја запознаам премногу добро и премногу да ја засакам за да кажам само едно те сакам. Знам. Комплицирана сум.
Многу . Некогас ми е теско кога стварно сакам да казам на некого дека го сакам , а не мозам... Не знам зосто, ама бас кога треба да ги изговорам тие зборои гласот ми бега.
Не, не ми е тешко кога за личноста имам такви чувства. Често го кажувам на оние кои треба да го знаат тоа. Никогаш нема да кажам ТЕ САКАМ ако не го чувствувам тоа и ако личноста ми е непозната и недоволно блиска.
Воопшто... на оние личности што ги сакам неизмерно, постојано им го кажувам и покажувам тоа, а поради тоа јас се чувствувам исполнето
порано не ми ни текнуваше да му речам на некој те сакам,едноставно мислев дека таа личност не е достојна да му речам те сакам.сега имам дечко кој премногу го сакам,а и тој мене и без проблем му велам дека го сакам,а исто и тој.знам дека тој е тој вистинскиот
па искрено да...стварно кога сакам некого цуствувам толку силно..........но не ми е лесно да казам те сакам,,зосто секогас си викам па кази па ајде ке казам али 1 и потоа прекинувам......знаци не мозам како некои на секој мин или слицно те сакам
Не ми е тешко, но не му придавам толку значење на тоа 'те сакам' од проста причина што човек може да го каже на секому, а може воопшто да не го мисли.... Многу повеќе зборуваат делата од кои ќе го заклучиш неизговореното те сакам.
Да, тешко ми е. Не знам каде згрешиле моиве при воспитување и изгледа имам некои недостатоци у детство(сериозно..), ама ако ви се верува ни на мајка ми, ни на татко ми, ниту на баба,дедо,сестра ми на никој никогаш немам кажано Те сакам..ама не е само во зборовите туку и во блискоста општо.. Криво ми е, затоа што ги сакам нели, секако дека ги сакам, ама зборовиве никако не ми излегуваат.. Дечко ми е исклучок, ма да и со него имав мака додека му реков, али се опуштив со време... За другарки иста ситуација како со моиве. Во живот немам речено Те сакам на другарка..
Лоша навика ми стана Те сакам. Можам да го кажам на секого и за било каква причина. Ми нема некое огромно значење. Повеќето луѓе го искористуваат тој збор, па го изгуби свпето значење. Кога на некој сакам да му покажам дека вистински го сакам, го љубам му велам Те љубам! Не мие тешко да го кажам на оние на кои вреди, а на другите не се ни трудам. Блиските знааат дека за мене те сакам не значи ништо.
Не е воопшто тешко да се каже, најважно е тоа колку е искрено и од срце кажано.Ретко, го кажувам тој збор на било кого, затоа што кога сакам некого го сакам, едноставно го сакам, а тоа го укажувам преку начин на однесување спрема некого, доколку сакам да потенцирам го кажувам или пак кажувам дека некој ми е мил итн., нешто што е својствено на зборот те сакам.Затоа што џабе ми е ако некој ми вели нонстоп дека ме сака или обратно, а притоа тоа го кажува автоматски, ради реда или трето нешто.
Истоооо и јас!!!! Го кажуувам на секого и секаде ... на сите луѓеее околу мене им викам ТЕ САКАМ! и веќее се губи значењето многу јас...! Кога ми треба нештоо обавезно одии Те сакаааам И блиските го знаат тоа дека не предезвикува којзнае што во мене тоа фамозно тее сакааааааааааам ! Ве сакааам ситеее поздрааав
Искрено многу мие тешко да го кажам тој збор..па колку и да било силно тоа никогаш немам доволно храброст,но тоа е поради мојата срамежливост