Не ми е тешко бе Го кажувам ама само на одбрани личности... на маж ми, на мајка ми, на татко ми и на брат ми. Не сум некоја лигла па да делам љубов на сите околу мене и на кој мѕ мислам и на кој не. Ама на овие драги мои им казувам и тоа несебично и сум пресрекна што знам дека знаат дека го мислам тоа и дека ми е возвратено и тоа дупло. И едвај чекам за некој месец да дојде новиот член во фамилијата, е признавам тогаш него ке ми кажувам те сакам по 354765867254353290457 пати на ден. п.с. тоа беше наменето за внук ми или внука ми (што и да е )
Потешко ми е да му речам на татко ми дека го сакам бидејќи сега сум по возрасна потешко ми е мислам ако му кажам ќе пропаднам в земја.
не е тешко воопшто меѓутоа не треба да го кажуваме доколку не го мислиме тоа..ниту да го принудуваме дечкото да ни го каже
Доколку навстина сакам некого, не ми е теско да му казам дека го сакам, ама кога не е така избегнувам да одговорам...
На мене ми е тешко на некој да му кажам дека го сакам затоа што се плашам да не ме исмејува или пак да ми го заврти грбот...
тие се двата најтежки зборови на светов о не ги кажувам на било кој.. ТЕ САКАМ кажувам на родителите и на оние другите што стварно ми значаат
Тие два збора му ги кажувам само на тие шо навистина ми значат и шо ги сакам...и не ми е тешко да ги кажам
не, ако навистина го сакам лесно ми е да кажам...ама па дома на татко ми и на мајка ми многу ми е чудно да им речам ве сакам незнам зошто, но така е
ако мислам искрено тогаш можеби би ми било малку потешко затоа шо не знам таа личност како би изреагирала
Многу ми е тешко да кажам те сакам, имам проблем со искажување на емоции, премногу сум ладна и неможе да ме прочита човек. На никого му немам кажано во лице „те сакам„ имам напишано, ама тоа не се важи Сепак и не ми значат многу овие зборови, побитно ми е да докажам дека некого сакам одколку да го изговорам тоа, ако се чувствува што мора да се каже?
Јас знам два-три пати неделно да го употребам, кога навистина посакувам тоа да му го речам. За разлика пак од дечко ми, тој еднаш у месец/два ќе ми рече ТЕ САКАМ, но тогаш кога ќе го рече тоа,тоа е толку слатко кажано, толку топло што знам дека навистина тоа го мисли. На почетокот се лутев, се дур еден ден не седнав и да го прашам зошто толку ретко го кажува тој збор,а неговиот одговор беше: Ако секој ден ти кажувам ќе бидам досаден, ако секоја недела ти кажувам нема да ми веруваш-тие зборови би изгубиле тежина. Сметам дека е подобро и поважно тоа што на други начини ти докажувам дека те сакам. Кога се подразмислив, навистина сватив дека е во право. И сега воопшто не ми пречи тоа.
За да кажеш некому Те САкам треба тоа да го чуствуваш, бидејки денеска секој секому вика ТЕ Сакам зборот изгуби значење , така да во ред е тоа што дечкоти ти го кажал и супер е ако тоа е и така...
Многу тешко ми паѓа да му кажам на некој:Те сакам! Дури и на моите најблиски,како што се членовите на моето семејство или на најдобрите другарки.Знам дека тоа не е добро, но секој пат кога ја имам таа реченица на ум како да ми застанува нешто во грлото и не можам да се искажам .Полесно ми е да го напишам тоа отколку да го кажам.Исто така понекогаш го користам "Те сакам" дури и кога не го мислам.
Не зошто би ми било тешко да го кажам тоа ако навистина го мислам.Најчесто му го кажувам ова на мојот дечко.Не ради реда него затоа што навистина го сакам.Исто така и кажувам те сакам на мојата бабичка Но љубовта не се искажува кон некоја личност само со два збора “Те сакам‘‘.Треба и да се докаже тоа!
Се додека имам љубов кон тој што сметам дека ја заслужува непрекинато ќе го потсетувам дека го сакам, се до оној момент кога љубовта ќе нема никакво значење
Не дека ми е тешко ама не го кажувам баш на секој чекор...Мислам дека е повеќе од 2 збора па гледам да не го експлоатирам