Мене не ми е воопшто тешко затоа што јас овој збор досега не сум го употребила. Сум докажала а не сум кажала!
Хм, ако навистина го мислам тоа, воопшто нема зошто да ми биде тешко, ТЕ САКАМ да кажеш на некого , верувајте нема поубаво од тоа, барем за мене, така мислам! Иии, ВЕ САКАМ СИИТЕ
Зависи на кога треба да го кажам овој збор.Често пати на другарките знам да им кажам ТЕ САКАМ без никаков повод зошто едноставно го чувствувам тоа.Но,кога станува збор за дечко тука потешко ми оди изговарањето на те сакам.Прво треба да се уверам во многу работи пред да се осудам да му кажам те сакам.А и љубовта најдобро се докажува преку дела,а не преку зборови.Сепак најубаво чувство е да сакаш и да бидеш сакан
Воопшто не тешко да кажам ако го чуствувам тоа, но ако не чуствувам лјубов кон некој имам ситуација кога искрено имам кажано дека не ми значи ISKRENOSTA MI E MNOGU BITNA RABOTA и затоа си ја практикувам па колку и да боли нешто што не сакаме да слушнеме ке помине, еден ден ке бидеме благодарни за искреноста
Ако го сакам некому не ми е тешко да му кажам, а тоа и да го докажам. Но ако не го сакам, не можам да глумам.
Тешко ми е да кажам те сакам некому,а го чувствувам тоа за најблиските .Кажувам но многу многу ретко.
На другаркиве охооо најлесно е да се каже секој ден им кажувам дека ги сакам и дека без нив НИЧЕГА. На моите дома не е баш лесно но најмногу време одвојувам за мама неа најмногу сум и кажала дека ја сакам А на мачорот мој не ми текнува баш како беше мислам дека ме праша еднаш му одговорив да и кога се скаравме така посериозно ми ‘‘излета‘‘ и му кажав ‘‘прерано‘‘ тој пред месец дена ми кажа прв пат хохохо хахахаа какви се значи муживе
Тешко ми е, признавам! Без разлика дали е дечко, другарка или некој од фамилија, не можам и не можам Ама затоа редовно им пишувам на крај во смс пораки и тоа исклучиво за родендени или кога сум ептен среќна
Јас всушност ретко покажувам некаква емоција и уште поретко кажувам некому те сакам, ама сепак кога се "испуштам" некогаш да кажам, стварно го мислам тоа и обично личноста на која ѝ се упатени зборовиве, останува со подотворена уста, зашто стварно ретко ми се случува да кажам вакво нешто. Не дека немам чувства и сум безосетна, или не дај боже зашто сум прегорделива или глумам - не ме бидува за лаги и глумење лудило за безвеза. Кога ќе подразмислам убаво, стварно не можам да најдам пристоен одговор и да објаснам зошто сум ваква. Можеби овие мои постапки се такви какви што се, затоа што сметам дека оние кои навистина ги сакам си го чувствуваат и си го знаат тоа секогаш, па не морам постојано да трубам колку многу ги сакам, а од време на време да ги потсетам - може. Сигурно некому ќе му биде чудно или смешно, ама тоа сум јас.
Исто како јас ова да сум го напишала Мислам дека е излишно секојдневното кажување - те сакам ,јас тоа можам и повеќе сакам да го ПОкажувам отколку кажувам !Мислам дека така се губи вредноста на тој збор Често на почетокот дури и со дечкото имав недоразбирања заради тоа , но едноставно неможам секој ден да го повторувам тоа , а далеку од тоа дека не го чувствувам .
Вака како збор..од уста да излезе многу ми е тешко да го кажам..му имам кажано на тато коа беше на операција..на мама коа падна во кома..и на саканиот после 3 месеци врска..иако он уште од 1 месец ми кажа.. a на пишано..го пишувам често..
Нели многу ќе речет лесно е, ама не е. Во тоа се уверив денеска. Во кратки црти една моја добра другарка му пиша на дечкото што го сака преубава порака, дека го сака веќе подолго време (значи пораката не беше од типот не можам да живеам без тебе, вени сечам итн.). Толку чекаше и беше возбудена за на крај да и каже јас знаев уживај си, ама јас свиѓам друга! Леле мене ме здоболе. Секоја чест што собра храброст да му каже ама ризикот од одбивање е најстрашен. Мислам дека тоа ги кочи луѓето да си ги искажат чувствата. Не зборувам само за чувства кон спротивниот пол, туку и кон пријатели, роднини.. За едно ТЕ САКАМ треба толку многу храброст..
Тешко е кога не е од срце. Кога навистина се мисли тогаш не е тешко. На пример, кога тргнав со дечко ми, тој прв ми рече Те Сакам и мене ми беше тешко да му вратам на тоа бидејки не се чувствував така (сеуште). Па избегнував раговор на таа тема, ми беше многу незгодно. Но потоа кога се заљубив и јас веке не ми беше тешко да кажувам.
На другарките не ми е проблем да им кажам те сакам, но кога е во прашање дечко многу ми е тешко речиси невозможно... До сега го немам употребено тој израз што не значи дека не сум сакала...
Па речи си тешко ми е,ама тешко кога не ми е од срце кажано.А кога тоа "Те сакам" го кажувам од срце тогаш немам никаков проблем и го кажувам со преголеми емоции.