Само малку брада, онака 2-3 дена неизбричен. Тоа ми е ок, и некако секси делува Ама се' што е повеќе од тоа, некако неубаво ми личи, и не ми се допаѓа.
Ми се допаѓа на изглед онака подникнато кај оние кои имаат густа брада, sexy Но, моето либе таква нема А на допир дефинитивно не, дури ми се чини дека ми го иритира лицето, мразам кога ме гребе
Мојот сопруг има брада малечка,но прекрасно му стои не му дозволувам да ја избричи едноставно неможам да го гледам голобрад,овака е е ептен маженствен
Јас сум ептен тазе па ве молам ако имам некоја грешка не ми замерувајте.... Да не бидам оф топик,сакам брада но спастрена или носи или не носи,ама не е така во случајот со дечко ми,поради неговата работа не се знае дали овој месец ке нема ич брада или ке биде побогу ко Сулејман...... ама тоа е.....
Никако брада тоа најмногу мразам и ме иритира ако не се избричи барем еден ден не можам да си го цунам како што треба хехе
Посекси ми е кога има мала брада, да е маж, а не лигленце. Но, многу ме нервира кога ќе го бакнувам или гушкам и тогаш ќе ме допре до лицето, па одма црвенило. Му стои брадичка и поубав е така, ама не сака да носи и стално гледа да е ко бебешко газе
Јас го терав да пушти брада. Не ми сметаше, не ми смета и не верувам дека ќе ми смета, онака, над усните, околу усните, под усните.. Сеа таа над устето ја избричил, па уште посекси е
Јас секогаш го терам да пуште брада, не му давам да се бричи, ми изгледа помаженствено, но и без брада ми е убав.
Да, но мала. Иако несакам брк т.е. тоа над устата што му е бидејки ненормално ме пече после и цел ден нема опоравување.
Не поубав ми е вака мазен.Со брада кога е неможам ни убаво да го бакнам цела ме изгребува.Значи без брада!
Не ми се допаѓа иако знае секси и привлечно да изгледа ако му стои убаво, но преферирам бејби фејс, послатко ми е и помазно.
Ми се допаѓа, но мала брада, од 4-5 дена. Мислам дека секси му стои, само што има една негативна страна: боцка
Ма боцкало или не, факт е дека веднаш го прави посекси. Маж без малку брада не е маж, исто како што жена без газ/цицка не е жена - да си бидеме на чисто. Не знам, јас сум ептен фанатик на машка брада, се разбира, во границите на нормалата, а не апла чичо султан Сулејман. И баш напротив, мислам дека на секое машко му стои убаво, само треба да си го погоди обликот кој највеќе му одговара.