Абе ајдеее... кога ќе се забрадоса мислиш за богословија се спрема. Па стварно.. Многу ама многу се нервирам кога ќе го видам таков цел со брадаа.. И не само кај дечко ми, секое машко кога ќе го видам со несредена брада ми е како да не се измил лице сабајлето ама најсериозно. Сакам брада и без брада не го личи АМА да му е средена, не многу долга, потшишана значи убава на изглед, а не некој да не види од страна па да си помисли дека сум попадика.
не дека сака брада да пушта ама кога ќе му потпорасне го мрзи да се избричи и само го зафркавам дека во спиење ќе го избричам или пак ќе го замонашам... му стои брадичка ама без брада ми е по младолик и позгоден
Уфф колку ми е секси дечко ми брада ко ќе има.. Сеа не онаква огромна никогаш несредена попска да речам Ко ќе се избричи некако ми е ко бебенце шо знам Сакам да има брада ми изгледа некако позрело. Иначе си ја крати со машинка и онака ко ќе му порасне му е ко обликувана не прави ништо туку така му расте, а јас го обожавам ептееенн ми е секси
Абе секако си го сакам, ама со брадичка малку потпорасната ми е по сексуљав е сега вистина е гребе, цела уста и образи ми се црвени кога ќе ме бацне , ама тоа е, трпи бабо... му поклонив и машинка за да си се средува по мерак, лепотан
Кај некои машки ми се допага,едноставно убаво им стои,но на дечко ми цело време му викам избричи се!Па многупати се имаме карано за тоа Но кога ке оди со брадата накај вратов мој,е тогаш тоа ме потпалува.
Многу сакам да има онака „јаречка“ брадичка, само на брадата. А онака кога ќе го видам целиот убраснат косата од глава ми бега.
Ич не сакам брада, али и доколку ја има да е само неколку дена стара. Мн ми е гадно кога ќе видам некој со долга брада.
И кога има од 2-3 дена и од 10 дена мене сеедно ми е секси и убав. И кога по долго време се обриче ми е најубав, бебушка Сеедно ми е, секако е убав
Брада прубаво му стои,онака без неа има мн младолик лик. Затоа ќе кажам не за брада,од практични причини!