додека е на одмор не се бричи и почнува да личи како поп мене ме нервира оти ме буцка кога го бацувам
Да повеќе ми се допаѓа со брада,но не повеќе од 4-5 дена.се понатаму изгледа ужасно секое влакно своја приказна!
Ми се допаѓа како изгледа, но бидејќи моево лице не поднесува (добивам чешање по лицето од брада)му имам нагласено да не ја пушта никогаш
Ми се допаѓа, но само доколку е кратка и средена, ми изгледа мажествено, секси и повозрасно, не сакам baby face изглед
Изгледа само јас не сакам брада. Голем дел од момциве повеќе ми се допаѓаат без неа. Тоа важи и за партнерот. Башка и нежно ми е лицето, ОБАВЕЗНО ми се нафрлува од брадата.
Јас му ја обожавам брадата, сакам премногу. Исто така и да ме боцка,воедно и да ме чешка прекрасно ми е чувството
Секако дека да, да се знае кој е машко де, и да е малку повеќе потпорасната не е проблем е сеа да не биде ептен па ко владика
Не си само ти. Мразам брада и кога ке видам дека има мојов му велам или избричи се или нема да те бакнам и тој кутриот оди и се бричи..
Па додека е таман, да, секси ми е. А мајка му стално го кара да се бричи, па кутриот растргнат е од две жени. Ама не ми игра голема улога мене, често не ни приметувам кога е за бричење.
хмм не ми смета бидејќи му е мека, мала и не ме гребе ниту чеша, но сепак сакам да е избричен и раат да си го галам и бацувам
Секси е брадичка ама јас не сакам да ме боцка, сакам да биде мазен за да можам да си го милувам и бацувам
сакам но малку... најмногу ме иритира кога почнува да му расте ... па многу ме боцка бре луѓе неможам раат да го бацам... потоа се чувствувам како да сум потечена или да ми е ... како да кажам... изгребана устата ајде нека биде.... мала и умерена доволно е .... но ме нервира го мрзи да се бричи..
Убаво е да има мала брада, но мене искрено убаво ми е и да нема,онака бебешки Кожата ми е ептен чуствителна,ми се иритира штом ми се доближе а има брада,зато повеќе пати гледа да е помала
Неможам да поднесам брада, но некако поубаво му стои на мојов И го убедив да не ја бричи веќе како бебе