Два прста за подрасната брада.. . Далеку од долга, ами онака малце, два дена брада шо се вели. Мојов често го мрзи да се бричи и јас си имам привилегија да ме боцка почесто. .
УУУ многу сакам црни момци со онака малце брадичка, ама пусто мојов е црн ама па нема јака брада и не му ни стои убаво и затоа го молам да се бричи, поубав е така Инаку дефинитивно гласам за брада рррр
Зависи. На пример вакви Питу Гули бради или Гоце Делчев брк не ме стимулираат никако. Се си мислам вошки дека може да фати Исто и Бред Пит од кога отиде у јарци или кози, не ме привлекува веќе. Го расипа онаа Енџи Значи ваква брада не! или ваков брк Исто така не мора од оние пуберталнине бркчиња, оние први кога пркнуваат. Исто не ме стимулираат Ама ваква на пример, ооо може! или Овде само Jаke Gyllenhaal земете го во предвид. Јој Рики Мартине, шта би ти ја урадила Впрочем, кога ќе се избричат некои машки, или ајде да речам повеќето, ко деца ми делуваат
Да да, и мене ми изгледаат многу помлади, море помали кога ќе се избричат. Ама мене и така ми е симпатичен, си го гњавам тогаш. Мене ме нервираат оние средувани бради со ножички, со линии и глупости, е такви мажи ич не ми се привлечни. И ми се чини само кај нас се наоѓа по некој од тие примероци. Е вакви
Леле Пирамитке кај спомна пубертетски брк, почна да ми се Инаку и јас сакам малку брадичка убаво ми е и мазно лиценце, ама си сакам малку да боцка Исто не ги сакам и таквите како на сликата на Ливинг, фризуросани бради пак уште им се чини којзнае колку се јаки си имаат и тие тема на форумов
Ваков брк не,одвратно.Ми иде енормен нагон за повраќање. Ниту ваква брада. Сакам чисто мазно лице,бебешко ,срцкасто. И со брада ми е секси,ама ме боцка и се нервирам.Ама има и добра работа,ептен јак пилинг прави.
И мојот секако е убав ко на Ливинг! (можда е и истиот ) Носи брада,често од 4-5 дена,па споро му расте бе,што?!Ама густа му е и убаво му стои,му ја истакнува бојата на очите,ептен и поштувам,греб од брада на стомак! Ама и кога е тазе мазно газе е фин,ама одма знам дека утре е понеделник,а тој е на работа! Ама убав ми е и така,ме потсетува на детенце и не многу му ја менува многу фацата за разлика од некои мажи.Едното и другото-скроз различно. Значи,да,сакам брада и да убаво му стои...секси. (види фотос на темата на кого личи вашиот дечко,ште ви биде појасно )
Многу. Не знам зошто, ама има нешто јебозовно во тазе подрасната брадичка. Кога е неколку дена пуштена, онака си подбоцнува. Слаба точка ми се црни машки со брадичка, ауф! Баш како што кажа Лилит, кога е така мазен, ми делува подетинесто. Не дека не му стои, ама повеќе го сакам кога има брадичка. И факт е дека како да му се менува фацката кога е подраснат и кога е бричен.
Да , многу сакам брада дури и му велам да не се бричи не знам зашто ама машки со брада отсекогаш сум сакала, некако по мажествено ми делуваат, по згодно
кога како ама обично не ја поднесувам иако тој си носи и тоа понекогаш се заборава повеке сакам кога му мазно лицето како мало детенце е
Големо ДА и од мене...сакам кога малку му е поподникната брадичката, едно 3-4 дена после бричење, не боцка толку многу. Помажествено изгледа, право мушко. До душа сакам и кога е тазе е бричен, мазен како бебешко га*енце..мазно, меко, милина да се мазиш. А оние фризурки што ги прават (види фотос на Ливинг) ми се тотално сра*е, по сељачки изглед здравје.
Aуууу јас го обожааааааавам мојот партнер со брада мммм.Несакам да се бричи секој ден Има брада прекрасно му стои и несакам да се бричи и му го земам бричот му го кријам Изгледа посекси, повозрасно, позрело некако.
Маж без брада не е маж. Сакам да ме грепка дур го бакнувам, немам фетиш за бебешки газиња. Нормално не брада ала Џизс, ама такво несредено брадиче ми е перфекција.