Не ми се допаѓа брада кај партнерката а ни кај себе. Не секому стои убаво брада. Типичен пример од познативе јавни фаци на кој воопшто не му стои брада е Игор Џамбазов.
Неможам брада , таман ќе пуштам , ќе почне да ме боцка да ме чеша да ме нервира .... може до 1-2 недели рок на траење и после одма бричење
Маж ми еднаш на шала сакаше брада да пушти. Знае дека јас брада не можам да смислам и ме зезаше. Не ми се допаѓаа брада ич.
Ооу да ама онаа од една до две недели. И строго кај потемни машки никако неможам да замислам плаво машко со брада
Пред тоа не ми се допаѓаше многу, но сега почна малце да ми се допаѓа онаа од 3-4 дена. Е баш вака. Секси, нели? Спојлер
Јас мојот не го знам без брада . Ја носи веќе пет години. Само ме претерано долга. Само на брадата му е подолга. Инаку на брковите и образите ја носи онаа 3-4 дена. Го имам видено на слика без брада и изгледа како мало дете ( иако има 30 години ) Инаку палче горе за брада кај партнерот од мене
Зависи , не на секој му стои убаво , си сакам Маж со брада , ама складна и негувана де ,не од оние огромните како на Поп , кои делуваат нехигиенски и боцкаво
Па да ги гледам на слики оние црните типови, преубави ми се. Мојот има ретка брада и не му стои убаво, а и не можам да поднесам кога ќе ме допре да ме боцка..
Искрено обожаваааам машки со брада баш ми е мноооогу секси Но пр на секого не му стои има некои да пуштат брада ко израснати мајмуни се и обратно некои без брада се некако ко телиња хахаха секогаш кога дечко ми ке се избричеше му велеев дааај пушти брада како некое теле си без брада... Но секој различно некои неможат да поднесат брада
Па бившиот мој пушти едно време брада демек да смени чоекот онака ама не му седеше,инаку другарми носи брада ама мн убаво му седи преубави црти има на лицето и има таков стил за да носи брада,така да и тоа е битно за мене...
Дечко ми е црн и има онаква црна густа брада. Всушност го немам видено до сега никогаш без брада! Си ја негува постојано, си ја крати со машинка. Пресекси е Мислам дека на таквиот изглед и паднав...
Јас искрено дечко ми си го обожавам со брада...Кога ќе се избричеше ми изгледаше како мало дете и затоа го замолував и пред се инсистирав сега му поклонив машинка за бичење па си ја средува секоја недела иако нема мнг голема брада мала е....
Да од неколку дена ама јас мислам дека 10 дневна е по привлечна затоа што повеке се познава оваа од 3 до 4 дена нема толкав ефект. Мажите со повеке брада како од 10 дена се попривлечни тоа е докажано.. Особено ако е со црна коса и темни очи