Па не ми е многу покриено лицето, ептен ми е ретка брадата така да еве веќе скоро еден месец се немам избричено и малку ми се познава, моментално ми е нешто у стилот како на сликата подолу, па и уште поретка, и знам дека поп и да сакам никогаш нема да бидам , пошто таква брада никогаш нема да ми порасне. Инаку стварно сум доста младолик, никој не ми дава 24 години, кога имав 21-22, еднаш влагам во кладилница и вработената ме прашува: Дечко имаш 18??, мене ми падна смешно .
Супер ти е темава, ама сепак мислам дека тоа е навистина индивидуално, не на секој маж му прилега брада иако според мене е неодоливо секси маж со малку подникната брада..... ммммм
Со брада ми изгледа баш како за негови години, а кога ке е избричен ко млад дечко. Ма секаков го сакам бе, само дома да ми се шета сакам!
Обожавам темни мажи со темна и густа брада но ете судбина секогаш завршувам со плави момци (бејби фејс без брада) Суџбина
Повеќе сакам со брада, мнооогу ми е секси Ама мојов дечко е бејби фејс и ич не му стои брада, така да него мазен си го сакам
И на мене ми се секси мажите со брада. Пресекси ми се, Маж ми има брада. Му забранив да ја крати. Убаво му стои. Ваква брада
Сеедно, се додека мажот ми се свиѓа. Инаку јас сум голем почитувач на брада - од кратка, па до доооолга. Па да му купувам масла за брада, аввв... И многу сакам да ме чешка со брада по врат и грб! ( too much informations )