Е таа мистерија ќе ја оставиме на оговарачката дружина на форумот да се позанимава со неа. Иначе не, нема некој ефект. Кога е пократка уште боцка и прави црвенило, подолга повеќе се толерира, ама пак не е тоа тоа. Изгледа клучот е во колку е сензитивна кожата. Ама јас земав бадемово, чичково демек подобро било... Сум го згрешил.
Дечко ми без брада е ко кукла, па и ишишан ако е.. повеќе си го сакам со брада од недела - две. Е кога ќе ја заборави, личи ко да е најнесреден, ама мене пак ми е убав.
Мојов има брада искрена да бидам не ми смета, напротив многу убаво му стои па и не му е многу голема, таман му е а без брада личи како 10 годишно дете
Тука сум гласала дека не ми се допаѓа, ама тоа сигурно било одамна. Сега можам да кажам дека ми се допаѓа, но ако е со мала должина и густа. Брада со три влакна за мене не е брада. Многу гадно ми изгледа кога гледам како врсници од 20години носат по три влакна.
Сум гласала дека не ми се допаѓа Дм иако нема густа брада, повеќе ми се допаѓа така отколку избричен скроз. Додуша не дека не ми се допаѓа избричен, ама чудно ми е на допир ден-два дур го навикнам .
Па некако се попривлечни со брада, така да ми се допаѓаат со брада повеќе, без... некако како деца ми се..
Ако му стои добро и умее да ја одржува, секако дека да ,мажите со убава брада ми се многу попривлечни од оние без брада.
Не на секој маж му стои брада, некои со брада изгледаат како затвореници. Лично повеќе ми се доапаѓа онака млада брада од неколку дена, делува по кул