Да ама не да боцка онака брадичка од 3 дена , мојов и не ми е убав без брада така си го имам навикнато
Да, го обожавам кога брадата му е малку подрасната, му дава некој шмек на ликот. Ама за ѓабе се попалувам кога е таков кога неможам да го исексам на раат. Боцка тоа шмекулавото му брадиче, па ми се ускратува уживанцијата. Затоа почесто си оде избричен и тоа контра за да ми биде мазен, ем нежен у кревет.
Кај мојов никако,пошо му е ретка (како садена со колче) и ужасно му стои.А ваму се бричи трипати годишно и многу често брковите му ја достигнуваат должината на оние од Али Риза.Колку ме нервира со таа таканаречена брада негова!
несакам брада , но еден дечко со кој сум во контакт и ми се допаѓа е како дете без брада , и ја сакам затоа зависи до мажот
Си го сакам и со брада и без брада, се додека не претера..Иако често се шали дека ќе пушти како порано...али намерно ми прави така зошто знае дека не сакам јас.
Од мене огромно НЕ за брада. Барем во мојов случај. Кавги настануваат за тоа пусто бричење пошо и двајцата имаме осетлива кожа. 1. Тој не преферира да се бричи нон стоп пошо му се иритира кожата 2. Мене од таа негова брада и тоа боцкање ми се иритира кожата. Абе никако да се погодиме Ама затоа кога е бричен по цел ден го бакнувам само на образ. Бебешко газе не му е рамно. Голем ПЛУС е тоа што бричен изгледа 2-3 години помлад.
Го запознав со брада, таков ми се засвиѓа, на прв состанок беше со брада, таков и го засакав, и сега таков брадосан си го сакам. Му ја сакам брадата, кога ќе ме боцне да осетам муж покрај себе, а не некоја п*чкица со помазно лице од моето, да ми вика „ај избриши ја пудрата ми излегуваат бубулици, многу ми е нежна кожата особено кога сум тазе бричен“ (има и такви, јас ова од искуство ) Се е до вкусот, но мене посимпатични и попривлечни ми се мажите со брада, во некој нормална должина, не ја сакам кога боцка-штотуку подникната, туку кога веќе е мека после една недела небричење. Петко мој додуша за сето ова време откако го знам скроз се има само два пати избричено и ми беше чуден и неможев да го гледам, да го гушкам и бакнувам, како сосема различен лик ми беше. Паметен си е он, си ја крати брадата со машинка и така си одржува некоја нормална должина.
О да, сакам, многу сакам! Онаква Бред Питовска, од 3 дена. Штета што мојов сега за сега има само пубертетски Спојлер грд брк
Да сакам онака малку кога му е подрасната,од 2-3 дена. Мх,мх колку ми е сладок тогаш Преубаво му стои.
Аууу нема ништо посекси од црн типац со така подрасната секси брадица. Ама малце така, не да си прави фризури со истата Еве веќе завивам како волк при самата замисла Да ме чешне кога ќе го прегрнам, да осетам (како што рече една Феминка погоре) маж до мене
да многу ми се допаѓа со брада кога му е потпораснета незнам зошто е така се мислам оти кога се фативме беше со брада.
Не сакам брада дечко ми да има некако ми е поубав без брада ако остави брада ми изгледа некако постаро абе не му стои и готово