Јесте. Не огромна, попска, туку малку подникната ми е баш симпатично и секси! Е сега, тоа што мојов е мазен ко бебешко газе, друг проблем е..
дефинитивно кратка, подрасната што се вика брада многу обожавам..а пошо него го мрзи секој ден да се бричи баш ми е секси.
Мојот константно си фура, и тоа брада, а не брадичка, така што веќе не ми претставува проблем, се навикнав. А брадичките секако дека не се на одмет
Мојот си пушта малку брада бидејќи го мрзи да се бричи често и убаво изгледа со малку подрасната брада барем на мене ми е поубав така
Како бебенце ми е без брада. Кога има малце ме боцка и грдо ми е. А никогаш не пуштил повеќе брада, редовно се бричи, фала богу нема да се запопува.
ДА, ДА и ДА! Секако дека би требало да ја носи ако му стои, но на мојот одлично му прилега малку брадичка од неколку дена пуштена. Многу секси и привлечно ми изгледа, и уште да се помолам да се накани и да ја пушти
Ауу и тоа како мојов секогаш си има брада само некогаш му е пократка некогаш подолга И дефинитивно ми се допаѓа повеќе со малце повеќе брадичка Спојлер ме пали
Или тазе избричен или повеќе брадичка. Кога е малце потпорасната страшно боцка и нервира. Порано било срам за маж да излезе небричен, денешниве ни мажиња ни се многу мрзливи па ја измислија и оваа мода. Ама ако, мене ми се сфиѓа, без брада ми е како дете
Ништо поубавоо Без брада ми е како детенце,а со брадичка ми е ептен секси.Кога ќе го видам така повторно се вљубувам
Ми се допаѓа кога има мааалце брадичка,ама кога веќе почнува да ме боцка под хитно му велам да се избричи дека нема да го бацнувам
На мојот и баш не му личи многу брада,понекогаш знае да си ја пушти ,но и тој не си се свига со брадичка и пак ќе се избричи,али има мажи на кој стварно им стои брадичка