Да речам дека сум немала такви моменти, ќе излажам. Сите сме ги ималe. Дури некогаш не биле моменти, туку подолги периоди, може и години каде баш и ништо не било бело ни зелено, ама времето лечи се, новото утро значи нова шанса, сум гледала секоја шанса да ја искористам, но и искуството те учи во секое лошо, да го гледаш доброто
Да моментално така се чувствувам можеби затоа што премногу сум се разочарала. Доаѓале подобро времиња. Се што треба да правам е да чекам и јас да бидам дел од тие подобрите времиња.
Еве во последно време ми е смачено од очајни луѓе, терај им кеф цел живот и еднаш ако им речеш не одма не чиниш. Не се вредни тие по мое, веќе одамна ги избегавам таквите, ама чат пат знае да улета некој.
Мене ми се смачи веќе два месеци не можам да се оправам Цело време настинувам, ептен ми опаднал имунитетот, не знам што да направа повеќе.
Да, во последниов период ми е смачено од се. Ама буквално од се. Страшна депресија ме мава. Среќа што имам некој што е позитивен и ме тера и јас да мислам позитивно и ми дава мотив за живот.
Да нормално како и сите останати али тоа се периоди со кој треба да знаеш како да се носиш и контролираш обично ни е смачено поради некоја одредена причина или проблем али за све постои решение све во свое време.
Многу пати ми се има смачено, но секогаш сум се тешела дека ќе дојде подобро и што и да е помине, а и така е како си мислиш така и ти е. Затоа никогаш не се предавајте, после секој дожд иде сонце.
... секаде е така , и на север и на југ , таков е векот со парола ,, зезни да не те зезнат,, а како да зезнеме ? кога имаме некое основно воспитување и се уште во нас ги има оние важни човечките врелини .... - Опција? -ПРИЛАГОДУВАЊЕ ! или адаптирање на моменталните услови , секое живо суштество опстанало ако имало способност да се адаптира на настаната природна промена , тоа треба и човекот да го примени и ќе биде добар и за себе и за околината ... тоа е вистинска уметност да имаш способност за прилагодување , треба да се применат разни методи на глумење , лажење , незаинтересираност , незнаење , но сето тоа да биде под контрола и до одредена граница додека не совлада соодветниот моментален проблем...
Во животот доаѓаат периоди кога ни е смачено од се,некогаш се тоа, грижите околу пари, финансиите за покрив над главата,на работното место притисок, ако имаме стари лица дома проблемите кои произлегуваат од нив бидејки сме 21 век а некои сеуште се во старо време како да кажам да се изразам а да не ги навредам посебно дофрлувањата нивни итн,се ни со собира над глава едноставно психата ќе ни попушти од нервози и од се, нормално како да не ни се смачи.
Да, одамна. И затоа веќе отрпнав,, речиси почнав да бидам имуна на се. Отстранете ги од животот лицемерите, љубоморните и очајните луѓе, подобро е.
Се случувало тоа многу пати бидејќи бев постојано изложена на стрес но фала му на господа одамна ми се нема смачено од СЕ
Да многу пати ми се смачило од се и сум се чуствувала како да немам сила да продолжам.Сум немала сила ни да пружам отпор. Среќа не траело подолг период, општо тоа е моето мото можам да ја загубам битката, но не и борбата.