Луѓето станаа користољубиви. Грдо се осеќам кога луѓе на кои сум помагала ни едно здраво ги нема на фб да пишат. Никој ништо не цени. Следен пат на такви телефон не кревам. Порано се знаеше со кој си го имаш муабетот, а сега не. Ќе те издадат при прва прилика и ќе ти го извртат муабетот или па кога ќе имаат мака ќе те бараат.
За жал не еднаш... Повеќе пати ми дошло да заминам најдалеку што постои ама ќе се затворам во соба, ќе се обидам да се смирам и ќе ми помине. На никој не му се подредени коцките во животот... На секој му треба време само за себе.
Смачено ми е од се. Од сите оние кои се обидуваат да ми го урнат животот да го уништат. Но јас нема да се откажам сепак сите имаме причина за живот. Се надевам дека еден ден ќе се вратат оние стари и убави денови