Да. Некогаш ми е ептен смачено од се'... Ама некогаш, не можам да се донаситам од животот... Како и сите...
Чувството "смачено ми е од се" знае инстант да се појави и да ме протресе... Не му давам значење до степен да ме окупира зашто е сплет на моменти и натежнати мисли. Верувам дека после темните облаци се појавува сонцето со многу трпение и позитивност.
Не, никогаш не сум сакала да гледам негативно колку и да било тешко во одредени моменти, што дошло ќе се преживее, е сега за здосадено и смачено фала богу млада сум, што да кажам на стари години ако уште од сега ми се смачило...
Многу зависи од времето надвор. Кога е променливо или на прагот да се промени, мене ми станува тешко. Исто понекогаш во ПМС деновите сум нерасположена, но не секој месец, за среќа.
Ми се смачи читајќи ги понижувањата и омаловажувањата во темата за покачување на платата на наставниците. Луѓево се однесуваат како од нивни џеб некој да ги зема парите и да ги дава на наставниците. А една операторка во Казино на крај на месец ќе земе поголема плата од нив
Не сум против за тоа да се покачат платите на наставниците, напротив, секој си учел и треба добро да заработува. Но гледајки како се воспитувани децата, и колку знаење имаат, за разлика од нас, се прашувам дали образовниот систем не ни го бива или е до наставниците ?! А за тоа што си пишала за операторките во казино дека зимаат поголема плата од наставниците, не дај боже да одиш еден ден да работиш во казино, ке посакаш да се вратиш на старата работа за дупло помала плата. Како прво работиш со најлошата категорија на луге, кои кога губат пари се менуваат за 360 степени, второ работиш за време на празници, кога сите празнуваат ти работиш без слободен ден и прекувремено, и трето најголемиот дел од работните денови ти се нокна смена. И не се на терет на државата, туку вадат промет милион пати поголем од тоа што заработуваат. Е па сега види ти, за колку пари треба да работаат операторките во казината !? Имам во близина вработени во казино, и милион пати сум рекла, за тој стрес и таа работа пет пати дупло да зимат од тоа што зимат - малку ке е .
да Ми се смачи од тоа да сум секогаш јас на најнезавидно ниво,секогаш сама и последна шанса на сите околу мене
Ептен! Периодов поготово ама од пред то ми е смачено. Во најглупото време ми се погоди младоста да ја живеам. Фејсбук, инстаграм, твитер, карантин....Дај нека се разбудам во друга реалност конечно од кошмаров... како не ви е досадно вака да живејме како робој на глупите денешни трендој да ви се чуди чоек.
Премногу! Ова со вирусов,со карантинов е веќе неиздржливо,дефинитивно! И психички и физички сме веќе пропаднати и дајбоже во скоро време да се управи ситуацијава..