Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали во бирањето партнер преовладува емоцијата или материјалниот интерес?

Дискусија во 'Врски' започната од Idedemja, 31 јули 2020.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Ама си се омажила за пари, ама не си финансиски зависна од никој :rofl:
    Ама има логика реченицава....
    И ти не знаеш веќе што да кажеш.
     
    На Realist1, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Не е дека јас не знам што да кажам, туку ти немаш доволно капацитет да го разбереш тоа што јас го кажувам.

    Биди способна најди и ти дечко што е повеќе ситуиран, доколку не си способна за такво нешто не биди исфрустрирана на тие што успеале, а воедно и не се паразити за да заработат и сопствени пари. :hai:
     
    На Hisha, жули, Trexane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    661
    Oва е многу реално мислење.
    Повеќето жени кои ќе се омажат за пари и мине 'honeymoon phase' па почнат караниците околу финансии сфаќаат дека не е битен само изборот на партнер според статус, туку нешто и срцето треба да се праша.
     
    На Amellie13, Harley Quinn, marija305 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Ај полека со навредите. Како не знам каква филозофија да кажуваш :rofl: Се гледа кој е неспособен штом ТИ си се омажила за пари. Да си била способна, би се омажила од љубов и би заработила пари. Ама изгледа си си ги проценила способностите колкави ти се, па затоа и си го направила тој избор. :)
    И да, подобро е да бидам сама отколку да бидам со некој за пари.
     
    На Its_me, nextredstyle, Oriental и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Слободно живеј од љубов и во шупа ако сакаш.
    Јас во мојот избор уживам.

    Јбг, некој е создаден да живее во шупа, некој во вила. Секој сам бира во животот.
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    661
    Сноу, а хемија има ли, љубов?
    Партнерот знае ли дека првично ради финансиски статус го зеде?
    Не ругам или иронизирам со прашањава, само ме интересира од прва рака како изгледа тоа кога селекцијата се прави со разум, не со срце.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Значи сама кажуваш дека неспособна си да заработиш за вила, па мораше спонзор да бараш.
     
    На Tatii10943, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Откачи се од мене девојко, си се фатила ко слеп за стап.
    Јас за тоа што сум способна сум го направила, сега ти биди способна па најди си љубов и не биди очајна волку.

    Па ако воопшто нема хемија или љубов како сакаш наречи го, еден однос не може да трае долго.
    Веќе одговорив на тоа, да знае.

    Едноставно, не живеам во розов свет, каде што мислам дека само од љубов може да се живее, на крај љубовта и парите пак одат рака под рака, ако го имаш едното, а другото фали е голем проблем за еден однос.
     
  9. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Убав наслов лоша тематика.

    Читам погоре сте се фатиле за гуша кој за што се земал. Ако на некој му чини така што има па вие да се мешате.

    Од секогаш мажите биле чело на фамилијата, тие што заработуваат и носат леб. Денес е многу воспоставен феминизмот. Да, нормално дека и јас сум за еднаквост помеѓу мажите и жените. Но, најискрено, мене воопшто не би ми сметало идниот маж да ме финансира, да снабдува за дома, да плаќа сметки, да ми купува работи... Но исто така тоа и да не значи дека јас треба да сум зависна од него. Јас работам, заработувам моја пара.

    Нормално дека ќе се омажам од љубов. Но имотниот статус мене ми игра голема улога. Маж си, треба да имаш кола и куќа. Сепак јас сум жената што се сели од дома и иде да живее кај друг.

    Може за некој ова е контраверзно, ама барем мене од мала ми збореле да се омажам за некој богат за да си ја прчам после. Не гледам ништо лошо во тоа. Но секако да се подразбира тоа дека јас и без него да можам да опстојам. Имам дечко со куќа, стан, кола, ама и јас имам стан, кола и викендица. Се сметам дека сме на еднакво.

    Знам примери кај што машките од дома ги учат да најдат некоја богата за да ја цица, а он да седи како паразит.

    На крај краева, кој што сака нека рече, ако сте среќни, ГАЈЛЕ ВИ Е.
     
    На bad girl18, Snowflake97, жули и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.331
    Пол:
    Женски
    Има разлика меѓу ова и она девојката да нема ништо свое, а да лета по парите на типот.
    Замисли да живееш со дечко ти/маж ти и некогаш да ти заврши врската/бракот. Губење на пари, насилство, неверство, порок итн.
    Кога имаш свој имот и плата, многу полесно ти е да си заминеш. И како што велиш, сама ќе си опстоиш.
    Но, оние што немаат свој имот и плата, не можат.
    Поради тоа треба да се мисли пред да се влегува во врска/брак. Емоциите и карактерот се побитни од џебовите.
     
    На SummerGirl и Stark им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    180.982
    Како го напиша, тие што имаат имот, може да си бараат дечко со имот, тие што немаат од љубов нека се мажат:D.
    Мислам, у реду е, јас рачунав дека немам ништо, дечкото ми тогашен, исто ништо, јер на 25 +/- па и ништо немаш, не е твое, на твоите родители е. Евентуално имаш имот со кредит /хипотека.
    Мислење треба. Единствено тоа стои.
     
    На Realist1, Scott Weiland, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    19.609
    Пол:
    Машки

    Bravo, retki se tie kako tebe devojki iskreno.. :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Некои? Добар виц.
     
    На Realist1 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.822
    На темава ќе се види цел материјализам кај народов. Ги учеле да најдат богат маж, учеле машко да најде богата жена, мизерии. Што друго да ги учат, кога и самите родители не виделе ништо во животот. А да бидеш материјалист, треба да си добар манипулатор, лажго, себичен, несовесен. Не се однесува на никој лично, општо, на секој окото му бега во туѓиот паричник, тој на партнерот. Лично сметам дека да, парите на тате лесно се трошат и не се мерило за успех, туѓи се.
     
    На Anyshka, Ena05, Realist1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам, секој родител сака најдобро за своето дете, не глеам ништо трагично да “бараш некој добро ситуиран” не те прави говнар, манипулант нити користољубив. Туку мислиш на иднината, не се фрлаш со секој ојле дојле, како старееш така мислиш повеќе и не фантазираш.
    Има разлика измеѓу полноглавка што е само за пари со некој и паметна девојка.
     
    На SummerGirl, Adidas888, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.227
    Допаѓања:
    13.105
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm не расипувај, таман се запишаа и има што да читаме.
     
    На Anyshka, Ena05, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.822
    Секој ден има по неколку црни хроники, истепани жени што пријавиле во полиција, и повеќето се во македонските општини, така што ништо не ги научиле родителите изгледа. А при поделба на имот, тие родители оставаат се на синот, на ќерката ништо од што на своето дете „му мислат добро“. Дури има и браќа што живи се јадат што немаат богат зет да го цицаат, да им врши услуги, да им позајмува пари, севкупно, алчност за туѓи пари, макар 5 денари тече низ нос, очи, уши.
     
    На Stark и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски

    Па ова со родителиве и исто како кога ни викаа учи за да не се мачиш како нас. Викаш дека на секој окото му бегало по туѓиот паричник т.е. на партнерот. Не е секој таков. Веќе кога градиш живот со некој друг го градиш заедно и нема тука делба ое твое. А тоа што си е останато од родителите е друго.
     
  19. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Толку парите ви ја менуваат перцепцијата за луѓето? Мизерно. Затоа никој не знае моите ни кои се, ни што се, ни колку имаат.

    Кој ме сака, ќе ме сака и без скршена пара и со сите пари на светов, исто и јас, дел од луѓето кои ги сакам имаат милиони, другиот дел се од плата до плата. Но ниту едните ниту другите немаат повисока или пониска вредност во моите очи заради нивната “ситуираност“.

    Кога ќе барам жена, последно нешто што ќе ми текне е колку пари има таа или нејзините родители.
     
    На Anyshka, FridaodaMk, Stark и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.822
    Ве зезам де, да се правдате тука. Родителите поарно да те учат „учи, работи, не зависи од никој, сите се фини на почеток, гледај да имаш твое, не да те тепа и мава после нас“. Семејни вредности во Македонија, сите сакаат богати, а државата сиромашна, сиромашна. И сум видела како жена кога нема пари е третирана како стока, а кога истата ќе почне да заработува солидно, е тогаш е „женче“, така што за мене тоа е чист материјализам, себичност до невидени граници, злоба. И не знам странецот што ја трпи другарка ми еве 6 години цент не му донесе дома, ни јазикот не го научи, очигледно е глупав што не ја избркал од дома, ама мама и тате веројатно не го учеле „најди синко богата“. Кога не е растен меѓу Македонци, неснајден ќе е.
     
    На bad girl18, Harley Quinn и eliesaab им се допаѓа ова.