Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали во бирањето партнер преовладува емоцијата или материјалниот интерес?

Дискусија во 'Врски' започната од Idedemja, 31 јули 2020.

  1. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Ова ти што збориш сосема друго од она што јад го зборам. Има разни момци со разни професии кои сами си заработиле и бараат некоја која ќе им е на ниво, и обратно. Секакви приказни има ,има и позитивни од она што го пиша. Има имот има се бара нормална а не некоја која ќе го цеди, и обратно…
     
    На жули и EmporioIvankov им се допаѓа ова.
  2. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Ми менува, но не во тој аспект кој сите го тупите, и ја сфаќате што сакам да кажам.
    Најди бе брат со среќа нека ти е
     
    На Snowflake97 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    А во кој аспект те молам објасни ми?
     
    На Just.do.it и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски

    Не да гледаш колку пари имаат родителите на жена ти туку да видиш ти дали ќе можеш да и овозможиш толку колку што имала дури и повеќе. Нормално дека ни побогатиот ни посиромашниот немаат пониска морална вредност. Сепак сметам дека треба да се најде партнер приближно со иста финаскиска состојба, за да не биде на крај едниот да биде паразит и да го цица другиот.
     
    На Feminka22 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Епа ситуацијата е следна, ќе почнат да се гледаат двајца, тој да испадне шик, ако заработува 30.000 ќе кажува дека зема дупло, демек богат, таа јадната, ако зема плата од 24.000 ќе кажува дека е над 30.000, и кога ќе се земат, ќе немаат што да јадат со тие плати, оти се малце пари и ќе почнат да си копаат очи, развод, уништени деца, пропаст.

    Дали забележувате дека машки што се во странство на печалба веднаш наоѓаат девојки овдека, иако таму се со месеци? Па чист материјализам.

    Дури имам видено случај каде жена се секира оти идната снаа завршила историја на уметност, што ќе правела, немало работа за таа струка, а на роднините снаата имала медицински, и ординација си отворила, очи и паѓаат од завист, а финава снаа се вери со синот и си постави услов, да земат кредит и стан посебно инаку никаков брак. Класични уцени и материјализам до степен на болест.

    @EmporioIvankov син си на бизнисмени?
     
    На Mumoftwo30, bad girl18 и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Личен избор, сигурност, иднина искуство…
     
    На Snowflake97 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  7. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Ама не е паразитизам ако едниот е значајно побогат од другиот. Еве тргнувајќи од себе, ако најдам посиромашна жена, нема никогаш да го направам тоа да биде “паразитизам“. Едноставно се е наше, нема мое и твое. Ако најдам побогата од мене, ухуу, пак нема да е паразитизам затоа што јас лично пари не трошам. Немам такви тенденции. До сега најмногу пари имам потрошено на уметнички слики, ама тоа е повеќе во дел на инвестиција него што е во дел на фрлање пари.
    Да? Ама грото од богатството е наследно.
    Секој избор е личен избор сем ако некој не го прави за тебе, сигурност да, во ред, до некаде, ама никој не ти гарантира дека азното ќе биде тука.
    Мене општо муабетот ми е дека примарно е каков е човек карактерно, затоа што ако земеш размазено синче на богати родители, и сите пари на светот нема да ви стигнат оти ќе ги поебе.
    Еве јас лично знам голтари, што од ништо направиле нешто затоа што се такви по природа, амбициозни, одмерени и работливи.

    Но во ред, твое си е.
     
    На Tanjamm, жули, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.032
    Исто ко ,,учи за да не се мачиш,, ама ич не е исто.Учи значи преземаш одговорност за утре трудот да ти биде повеќе платен. Мажи се ќерко за богат значи - лежи лебу,.
    Ако е тоа од родителите настрана, кој капитал го има направено млад човек сам?

    Јас во широк лак сум избегнувала такви ликови, размазен син на богати родители, јер освен его трип ништо друго не сум видела. А со его трипот идат многу бељи.
    Човек или е вреден, одговорен, амбициозен и можете да се разберете, или не. И тоа е единственото нешто што е битно кога бираш животен партнер. Животот е непредвидлив и скап, а туѓи пари многу брзо се трошат.
     
    На Ena05, Feminka22, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Ја познавам луѓе кои со своите професии направиле бум заедно со своите партнери, ем ја разгалуваат ем уште посилно се борат заедно џа да направат најубав живот.
    И не сфаќам што ако е наследено?! Дека некои немаат па љубоморат, ама сеа тоа е животот. Некои имале и наследиле, поштено заработено од нивните родители за да децата …
     
    На жули, Snowflake97, Amore123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Баш така.
    И јас не знам што толку е чудно овде.
     
    На Snowflake97, Hisha и Harley Quinn им се допаѓа ова.
  11. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Абе не за љубомора или нешто слично, туку генерално син-единец е најразмазеното чудо на светот и сум имал лика и прилика да знам неколку такви и повеќе од лично. На кратко, не сум фан иако спаѓам и јас во клубот. Нивото на емпатија што можеш да ја очекуваш од син-единец на богати родители сведи ја на нула.
    Различен пат до богатство кажува многу. Јас лично преферирам кога некој или сам се изградил, или па надоградил на тоа што правеле неговите, не сум фан на пари на тацна, мислам дека ја губат поентата. Затоа и толку многу богати пријатели кои ги знам имаат забегано, кој по дрога, кој по жени, кој по мажи и остали работи. И никогаш, ништо, не е доволно, секогаш се брка ново искуство и нова возбуда, ко наркомани само на појако пуштени.
     
    На Amore123, Gosh, Tinaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Да остане тука дека еднаш се согласив со тања!
     
    На Mumoftwo30, eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Темата е: читај убаво.
    Има емоција, НО ПРЕОВЛАДУВА МАТЕРИЈАЛНИОТ ИНТЕРЕС ВО ИЗБОРОТ НА ПАРТНЕР.
    Ама некои Темата ја разбираат како што им одговара и главно од љубомора ќе пукни македончето.. оти зело паразитче за маж и ќе го правда овде..
    Само маж именувам..оти не познавам жена паразит.
    Ми иди 10 точки да удрам.
     
    На Adidas888, Hisha и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  14. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Жули бе душо хаха ако се нервираш знам една жена од кавадарци и даваш 300 денари и таа се нервира за тебе една недела. Ако си за да барам бројче…
     
    На Anyshka, Stark и жули им се допаѓа ова.
  15. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Хахахаха ме изнасмеја ..и ајде признај, биди реален хахахха
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Реален сум де затоа и никот ми е реалист хаха, поентата не е да земеш некој и да не мрднете у шупа да живеете. Поентата моја е двајцата да створат капитал заедно. Е сеа некој ако може да најде веќе богат партнер кој нема да му го презборува тоа шо тој е богат и нема да го третира ко предмет тоа е друга работа. Ама да не се лажеме богат партнер- 99 посто трпат и ќутат додека тој си прае ќеиф и останато.
    На крајот на денот најбитно е тебе како ти е убаво и како те исполнува тој шо е до тебе.
    На пример еве џабе му се парите ако не те насмее :)
     
    На eliesaab, жули и Milaaaaaaaaaa им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Јас се омажив за стан, и за мачка гратис :emo:
    @Anaroz1 :D

    Сеа озбилно; Материјалното сигурно е битно, ама не може да биде пресудно.
    Кога го бирав мм, не знаев дека има свој стан - мислев дека е под кирија. Кога ме викна кај него да живеам, тоа значеше да оставам работно место во друг град. Олеснителна околност е тоа што нема да сме под кирија - секако. Дали ќе се преселев ако ќе бевме под кирија - да, ама ќе значеше да трчам одма да барам друга работа.
    Е кола немаше, сама си донесов :D

    Тоа што немам свој стан воопшто не ме плаши, доволно сум способна финансиски да излезам уште вечер под кирија додека се снајдам.
    Ама двајцата работиме за заеднички втор стан/викендица/желби :D

    Така што, побитно ми е тоа што колку и да сме добри материјално, се работи за повеќе. Не дремеме и двајцата затоа што имаме.

    Веројатно од емоција го одбрав, од разум го земав за маж, и од материјален интерес нема да го разведам :D < Шала последново, да се потенцира :bandit:
     
    На Biljarkata, Stark, Amore123 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Толку е лоша состојбата со живеалиштата што имање на стан го рачунаме за материјален интерес а не основна потреба.
     
    На eliesaab, Angie1432, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Јебеш му матер, тоа е. На 23 ко се мажев, фреш аут оф скул, или тате или од маж стан :D Тате немаше да ми даде, па.. 8)
     
    На Realist1 и EmporioIvankov им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Ај малку поезија

    „Реки од материјализам течат низ Македонија
    во нив се капеме сите
    а наивност и чест глумиме пред светот
    огледалото дома сме го заборавиле
    се огледуваме во долари и евра
    Господе прости ни
    луксузот е сладок како мед“.

    Ете за секунда ја смислив, не е совршена, ама може да помине.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.