Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали во бирањето партнер преовладува емоцијата или материјалниот интерес?

Дискусија во 'Врски' започната од Idedemja, 31 јули 2020.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.758
    Пол:
    Женски
    Секој кој сака најдобро на своето дете,ке го воспита да работи и заработува сам,а не да се лепи за некој ситуиран или богат.
    Инаку,Да,те прави.мизерно е.
    Користољубиво е зошто сакаш да имаш партнер со пари и ти да имаш утре дел од тие пари.
    Исто равенство со оние кои земаат странец за маж ако има пари,што ги чекаат на лето за да се омажат за да не работат.
     
    На Stark, Ena05, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    24.924
    Ако двајцата работат, заработуваат и заедно раководат со парите за заеднички желби и потреби, тогаш тие не бирале партнери од материјален интерес, туку од визија за најнормален живот.

    Според мене да бираш од материјален интерес е партнер кој во реалност не ти се ни допаѓа, ама има повеќе пари, па затоа го земаш за партнер. Или ако партнерот има толку пари, да на основа на само тој факт, ти се решаваш да не заработуваш и да живееш од парите на партнерот.

    Така да, ако работиш и истовремено и го сакаш партнерот, тогаш не си избрал партнер од материјален интерес.
     
    На Stark, Feminka22, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Ретко признаено, дека кај нас мажи спонзоруши вирее, ама полесно се етикетира жена оти нели во период на деца има слабост околу нејзините финансии.
     
    На hermosa, Feminka22, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Па кај пишав дека само он треба пари да има и да ги троши неговите?
    Взаемно да е, ок ти ако ти е сеедно со кој ќе заврши твоето дете супер.

    Како да не мизерно, секој има слобода да прави што сака, ако и на двајцата им е ок, има пострашни работи .
     
    На жули, Feminka22 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  5. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.304
    Пол:
    Женски
    Чачка у его и тоа е …
     
    На жули, Feminka22 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Машки
    И двете.
    На почеток би рекол преовладува емоцијата, но подоцна и материјалниот интерес.
    Не верувам во “во колиба живееме ама многу се сакаме“, но и не оправдувам приоретизирање на материјален интерес.
     
    На Anaroz1, Snowflake97 и Milaaaaaaaaaa им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.758
    Пол:
    Женски
    Значи пари на пари .(facepalm)
    Баш зошто не ми е сеедно ниту сум ги учела да бараат ситуиран ниту нив да ги бираат со тој критериум.
    Скраја да е.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.079
    Пол:
    Женски
    Не е се во парите. Ама..... Дали би биле со маж кој нема ништо (освен плата која е минимална) и кој не се труди да постигне нешто повеќе? Маж кој се задоволува со малку?

    Ова го прашувам затоа што имам познати кои беа со такви мажи и на крај ги оставија, затоа што видоа дека од нив не бива ништо.
     
    На Emy867, Gosh, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.153
    Допаѓања:
    124.990
    Пол:
    Женски
    Не, туку и 2-та треба да се венчаат од љубов. Парите не се вечни, а често и врските/браковите.
    Мислењето е за непредвидливи ситуации. Секој треба да си створи свое бидејќи не може да знае што го чека утре или во наредните години.
     
    На Cosmi, eliesaab, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    21.814
    Пол:
    Женски
    Тие шпанските серии ви го отупеле мозокот :D
    Си биле сиромашна девојка, сиромашно добро момче и лошиот богат чичко. И двајцата ја сакале на сиромашнава. Арно ама, оваа не го сакала на богатиот чичко, оти нели, он е негативецот во приказната, шо ќе каже народот. Го сакала сиромашниот, ама неможеле да бидат заедно оти немале леб да јадат. Бидело шо бидело, после неколку години, наеднаш се враќа сиромашното момче кој патем не е веќе сиромашно туку е богат доктор, CEO, НАСА истражувач, Елон Маск итн итн... станал богат оти многу учел, се здробил учејќи ( којзнае со кои пари кога до прееска немаше леб да си купи). На лошиот богат чичко го фаќа рак и умира, оти нели најбитно е здравјето, само на богатите ги фаќа болест а на сиромашните не, оти сиромашните веруваат во вирхенсита де гвадалупе. И така, се венчаваат сиромашната девојка и новиот богаташ, стануваат пребогати и си живеат среќно до крај на животот. Ди енд. :clap:

    Само заборавивте дека живеете во Мк и така не одат работите тука.
    До сега не сум сретнала некој да се обогати од чесна работа со минимална плата.. како ќе се школува ако нема пари ни за автобус? Един човек шо знам, шо од нула се направи богаташ, као кафич држеше тамо вамо, а он со адвокатите и нотарите договорен да не плаќа даноци и тие триста тракатанци, се изнаграбаа од сите страни, преварија кој можеа да преварат на адвокатски начин и сега ќе си живеат спокојно. Жими тој шо го знам шо си завршил таква работа на "легален" начин ( за пред народот де). Другите сите, кои од дрога, кои од мигранти...
    А овие доктори шо сакаа да станат, немаа пари да си го платат школувањето и сега си работат во Вори за 20 000 плата која не стига ни за пола месец, ама битно чист им е образот. Нема памперс овој месец, следниот ќе видиме.

    Како шо тргнала работава, не да земат маж за пари, туку на сила треба да го земат шо поскоро и во подрум ако треба да го затворат, и да се евакуираат оти боси и голи ќе си останат на чело со вмро и сдсм.
     
    Последна измена: 18 септември 2024
    На жули, Snowflake97, Trexane и 4 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.467
    Допаѓања:
    12.412
    Пол:
    Женски
    Кај мене материјалното не е важно, јас ќе работам и заработувам и за двајцата, слободно може и дома да седи и децата да ни ги чува само, ќе му давам пари јас џепарац секој ден.. Само сакам да ме сака, да не ми е љубоморен што сум поуспешна од него, и да е среќен со мене..
     
    На Deus ex mahina и EmporioIvankov им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.031
    Сега, не знам какви се приликите...ама зошто, како ќе се школува, ако нема пари за автобус? Јас некои што ги знам, наместо парите за школо, попрво за кола ќе ги дадат, јер кола е капитално добро:bug:, а школото не се учи само. И шеми за брзи пари се интересни, кој има време за работа за плата.
    Не сум сретнала богаташи, ама сите што ги знам имаат нормален, спокоен живот, јер школо и трудољубивост.За богаташи (тие што не живеат од плата) или наследуваш стари пари или си члан мафије:bandit:.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    21.814
    Пол:
    Женски
    Епа да, богаташите имаат повеќе шанси да се запишат на факултет, и тоа добар факултет, од кој понатаму ќе можат да станат некој и нешто и да заработуваат уште подобро.
    Ама кај сиромашните не е така, ретко кој го направил тоа. Шо викаш, наместо факултет, ќе купи кола и ќе работи до крај на животот само за делови за колата.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Еј немој вака, многу работи научивме од теленовелите, како:
    :l:Mi vida no significa nada sin ti! :l:
     
    На LiquidLuna, SummerGirl, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    21.814
    Пол:
    Женски
    Динеро, динеро, динеро, да си напунам фрижидеро :rofl:
     
    На Snowflake97, LiquidLuna, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.031
    Изговори, изговори. Средно е задолжително. Може да изучи занает, занаетите испаѓаат со појака саатница отколку инжинер на пример. Приоритетите се проблем, и интернетот што им го лаже мозокот, ама ај да не бегаме оф топик.
     
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    21.814
    Пол:
    Женски
    Каков занает на пр?
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.623
    Допаѓања:
    18.883
    Пол:
    Машки

    Pochnuvam da se somnevam deka ti trolash i ebavash i mazhi i zheni na forumov vo zdrav mozok. :)
     
    На SummerGirl, Snowflake97, Scott Weiland и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Еве, баш периодов другар кој е во врска, почна да се сомнева во девојката што ја сака и и помага финансиски, труд дава за нејзе за нејзиниот бизнис.На оваа и се виде лицето, за материјално дека е.Не е љубов.
     
  20. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Многу лошо се сфаќа ова со материјалново. Еден ако има повеќе од другиот не значи дека трча по неговите/нејзините пари. Сите тука мислат дека си никој и ништо ако немаш сам остварено куќа, кола, стан. Да не се лажеме, никој не почиња туку така од нула. Сите имаат некакво наследство од нивните, а тоа ги вклучува И нивните. Да се почне од нула е многу тешко, а особено чесно. Како што напиша една членка погоре, од чесна пата и образ тешко дека се станува богаташ.
     
    На Anyshka, SummerGirl, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.