1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали во бирањето партнер преовладува емоцијата или материјалниот интерес?

Дискусија во 'Врски' започната од Idedemja, 31 јули 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Исто какво што сме имале и имаме.Само некогаш се работело кој има стока, денес кој има пари, како што напиша Вајлд погоре.Основата е иста, се менува само фасадата.Исто како што нашите инстинкти остануваат безвременски.
     
    На FVP му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Ама тоа се доминантно животински инстинкти нели се стремиме да одиме кон рационалното отколку да се навраќаме на анималното во нас?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Се стремиме, ама не сме уште стигнати до тоа ниво.

    За жал...
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Со каква е состојбава опишана во воведов на темата и во темите кои се спомнати не сме ни почнале да чекориме до нивото, само тапкаме во место. Истите приказни, нови ликови, тинејџерки со повозрасни мажи, млади мажи или врсници со ситуирани жени, наменски бракови во селата и други места:puke:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Тоа што е рационално е индивидуално и релативно.
    Инстинктите нѐ оддржуваат во живот, всушност и ние спаѓаме во животни така?Ако паднеш во море а не знаеш да пливаш, сепак инстинктот ќе те натера да се бориш за да преживееш.
    Не велам дека треба да се однесуваме подеднкво исто како животните, ама она што е вкоренето и ни се пренесува низ гените не можеме да го избришеме, а тука спаѓаат многу работи меѓу кои и избирањето партнер.Едноставно, некои работи се основа на нашата природа и желбата да ги избришеме само за да исполниме замислени општествени стандарди е непродуктивно и нереално.
     
    На FVP му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Напротив.
    Не е непродуктивно да имаме чувство за заедница и да живееме во еквилибриум со околината.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека во гените на тинејџерката е запишано да биде оплодена од повозрасен, ситуиран мажјак и да обезбеди стабилна средина за себе и поколението?
    И дека во гените на младиот маж е да оплоди повозрасна, ситуирана женка и да обезбеди стабилна средина пред се за неговиот газлак кога ќе го шири во тросед со пивце на стаклена фенси масичка, па после за поколението?:?:
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Не пишував за живеење во еквилибриум со околината.
    Ама кога веќе го спомна, да, сметам дека е многу поприрдно да живееме во хармонија со природата отколку оттуѓени од нејзе, исто така и во заедници.Самотијата не е за луѓето.Само не е поврзно со темава.:?:
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Е поврзан0 со темата.
    Тоа што квалитетот на секој аспект од животот ни зависи од тоа колку пари имаме, и сме profit driven society ја стимулира себичноста и бескрупулозноста.

    Во ваков свет, логична последица се луѓе кои сакаат пари, без да се потрудат да ги заработат.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Конкретно за нашава земја би пишувала, реално кога гледаш колку е тешко да создадеш свое без стартен капитал и дека и по толку труд можеш да извисиш и лихварскиот систем инкорпориран во банките за задоцнување на враќање на камата за еден факинг месец можат да ти го запленат она што со години си го создавала и градела и препродатат за минимално на некој изврзан во тие мрежи и кругови како следна станица ти е брзата пара( што не оправдувам ама така е).
    Самиот систем втемелен на погрешни материјалистички основи наметнува желба за брза пара, наместо стабилна пара со труд, зошто кај нас цвета криминалот, рекетот и фаворизирање на одредени фамилии над други и приграбување и користење на повеќе привилегии на нив во однос на другите луѓе.
    Сето тоа поттикнува потреба за брза пара во објекти кој магично и светкаво ја ветуваат, лихварници, кладилници, конкарници или со купопродажен договор на младоста за стабилната и ситуирана старост на лендлордот:D
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Да, за волја на вистината, еволуцијата ги поттикнува жените да бираат партнери кои се посилни и кои ќе им овозможат стабилност и ресурси.Обратната ситуација не е природна, ако може така да се изразам.Исто така мажите фаворизираат помлади жени, ама ако гледаме од агол на психологија не можам да ја оправдам ситуацијата што ти ја наведе, тинејџерка да биде со возрасен маж.
    Секако, се менуваат социјалните норми и живееме во свет каде што жените имаат исти можност за кариера како и спротивниот пол, што е сосема во ред и секако дека го поддржувам, но не е лошо да знаеме од каде поттекнуваат нашите желби, инстинкти и што лежи во нашата природа.
     
    На FVP и Idedemja им се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Се е тоа во ред дека треба да знаеме од каде потекува, ама како понапредно општество, заедница од луѓе кои се стремиме кон тоа, треба да се направат можности, да се развие клима за стабилност и приближна еднаквост кај сите за да љубовта и емоциите служат за тоа за кое што и првично се создадени, а не како мамка за купопродажба на младост за старост.
     
  13. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски




    Погледнете ги видеава кога ќе имате време. :)
     
    На SeaMermaid и Billy Idol им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Ич не ми е тоа логично.
    Единствен начин да имаш пари без да ги заработиш е:
    - да ги наследиш
    - да ги украдеш
    - да ти се посреќи (берза, лотарија)
    Да зависам комплетно од нечии пари ми е многу незавидна позиција.
     
    На candy.cane, Amellie13, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  15. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Или па да бараш цел живот од мама и тато дур се тука. Реално е, голем број луше сакаат пари, а не се трудат да ги спечалат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    36.816
    Пол:
    Машки
    За кого како. :)

    Некои бараат емоционална исполнетост и не им е битен материјалниот статус. И да почнат од 0, ако меѓу нив има љубов, волја и амбиција, ќе го стекнат понатаму заедно низ животот.

    Други пак, сакаат партнерот да е материјално обезбеден и да дојдат на "готово", без притоа да создадат нешто свое.

    Оваа класификација се гледа и на форумот, каде дел од членовите тежнеат кон едниот спектар, а други кон другиот.
    На крај битно е да имаш исполнет живот. А, секој од нас среќата си ја бара во различни нешта. Некои во материјалните ствари, други во малите апстрактни нешта.
    За секое лонче, поклопче. :)

    Посиромашно општество = поматериалистичко настроено.
     
    На SeaMermaid, ImePrezime, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Лично за себе, ни едното, ни другото во целост.

    Ќе тргнам од емоцијата. Јас не верувам дека врска може да опстои исклучиво од емоција, доколку партнерите немаат слични цели во животот. Ќе земам за пример, можам до болка да љубам некого, ама ако истиот не сака да има деца некогаш во животот, не би успеале. Така што освен љубовта, за мене е клучна и компатибилноста, градењето заеднички вредности и имање исти цели за заедничката иднина.

    Од материјална страна, никогаш не ми била моменталната ситуација на партнерот важна во изборот. Ама тоа не значи дека би можела вечно да бидам на пример со човек кој вечно ќе има 0 приходи. Не сакам да сум во партнерство каде само јас допринесувам, и обратно, не сакам врска во која само тој ќе допринесува. Не зборувам тука за моментални неприлики (останување без работа, неможност да се најде нова одреден период), но навистина немам намера да бидам цел живот страната која го издржува партнерот. Како што не би сакала и тој мене да ме издржува. Сметам дека финанскиската независност на двата партнери е здрава и клучна за врската, инаку моето гледиште е дека ќе се појават анимозитети и фрустрации кај двете страни.
     
    На Bezimenka90, WildMk, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    За κого κаκо. За неκого е најважен физичκиот изглед, за дρуг чувствата, за тρет матеρијалните нешта. Аκо одиме споρед надвоρешноста, тоа се особините κои пρви исчезнуваат па, таκа подобρо е да одбеρеме да се вљубиме во κаρаκтеρот. А, да важни се и паρите κолκу ги има дадената индивидуа за да се одρжи една ноρмална вρсκа. Само од љубов- не се живее. Тоа е κаκо едно непишано пρавило. Аκо се има љубов, ќе има и паρи... а, аκо има паρи ќе има и љубов....
     
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Физичкиот изглед доминира за време на адолесценција и некои рани 20ти.
    Материјалниот статус почнува да доминира за време на доцните 20ти и рани 30ти.
    Дај што даш почнува да доминира за време на доцните 30ти и рани 40ти.
     
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    А во доцни 40ти рани 50ти што доминира во изборот, вештост во мењање пелени? (поради инконтиненција, она другите пелени во рани 60ти таму некаде понатаму:D)