1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали во бирањето партнер преовладува емоцијата или материјалниот интерес?

Дискусија во 'Врски' започната од Idedemja, 31 јули 2020.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Се наоѓаат таквите, еве мене другар на тогашниот дечко кога се упознававме, а дечко ми на кратко тогаш мораше да излезе и останавме на само со другар му почна да ми врти муабети еј кај живееш, еј јас таму живеам во мој стан, мислам дај олабај човече нит ти нит станот твој ме занима(ше). Потоа за неколку месеци најде многу помлада девојка и уште во врска и плати за возачка и купи кола ама паметниот на име на тате да не му кидне пред брак со колата. И така сега се со станот, две деца и огромна разлика во години, таа глуми тетка, а тој си е во склоп со годините, карактерот и имањето:D
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    За мене, секогаш преовладува емоцијата. Никогаш не би била со личност што не ме привлекува, што не ми ги разигрува ,,пеперутките во стомакот''.
    Сакам да напредувам на професионален план, да се усовршувам и многу ми е важно да бидам материјално независна. Не ја поврзувам љубовта со материјалната корист.
    Но, не осудувам и ако некој направи различен избор од мојот.
     
    На candy.cane и Idedemja им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Како не е логично?
    Девијантите појави (ако можам така да го наречам ова), се производ на конкретното општество.
    Секое општествено уредување, произведува различни девијантни појави.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.073
    Ти пиша:Во ваков свет, логична последица се луѓе кои сакаат пари, без да се потрудат да ги заработат.
    Јас велам, не постои начин да имаш пари без да ги заработиш, освен горенаведените примери: наследство, лотарија, криминал. Тешка глупост е тоа, ќе се омажам богато за да имам пари, оти се ставаш во подредена позиција. Постои и предбрачен договор, ти текнува:)
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Трагедијате е што тие кои се поттикнувачи и учесници во овие девијантни општествени појави никогаш нема да признаат дека се дел од нешто девијантно и ако им предочиш културно има очите да ти ги извадат со изговори од типот ти брцкаш нос кај што не ти е место, а ти само културно споделуваш став, Друго додека целото општество не прифати и осуди вакви девијантни појави тие ќе си виреат и егзистираат како што било со векови наназад така и со векови нанапред. Некој вели инстинктот е тоа што не тера така, јас мислам материјалистички-фокусираното општество го создава сето ова како некоја нус појава и така. Прво на повеќето не ни е јасно и не ја препознаваме таа девијантност, а камо ли да ја осудиме и да и го покажеме нејзиното место таму некаде во историјата.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Логична последица е да има И такви кои чекаат на готово.
    Не знам што не е јасно?
    Џабе ќе ги осудиш... мислам... можеш да ги осудиш, ама со тоа го адресираш само симптомот, не болеста.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.073
    Секако дека има. Ама не сме сите Парис Хилтон јбг, дури и Кардашијан си ги заработија парите.
    Башка што МК е многу далеку од Америка и многу работи не може да разберам. Ама тоа што јас не разбирам, не значи дека тие работи ќе престанат да постојат.
     
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Јас целам кон тоа со осуда тие што не се свесни на некој си 18 години, што е сосем нормално да не се толку свесни ради немање искуство, да ги освестиме дека не треба така. И утре кога ќе имаат нови генерации за гледање и воспитување да знаат како да ги истераат на правиот пат. Конкретно ми текна на пример на колешка од факултет, кога се запишувавме на 18 години таа веќе имаше 2 годишен син кој мајка и го чуваше и кога се замубаетија за неа се свртеа муабети е па и мјака и ја родила на 16-17 години. Рачунај кога синчево ќе има 16 години и тоа ако склепа детенце, мајка му ќе биде баба на 34, баба му прабаба на 50-51 и така натаму. Не се годините битни, битен е рол моделот кој го наметнуваат родителите на децата. Ако мајката извлекла поука или сме ја подучилие и поддржале ние како општеството дека тое е девијантно таа и те како ќе научи или ќе се обиде да го втемели како девијантна појава тоа однесување кое би можело да го пројави и се поистовети со него нејзино дете со изговор, па ти мамо така си направила на 18 години.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ама џабе им велиме: 'Не треба така' - кога од друга страна постојано им се промовира луксуз и раскош како 'успех'.
    На телевизија тоа, на интернет тоа... реклами на секој чекор.
     
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Чекај сега ти пишуваш само за правење брзи пари или опфаќаш во девијантна појава и вакви форими на врски/бракови?
    Затоа што многу кога на 18 години се мажат со 30+ па и не одат во брак за луксуз, туку или бегаат од дискфункционално семејство дома или не гледаат друга перспектива во животот освен таа да родат и се омажат со било кој што ќе ја земе за жена на тие години.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Мислев разговараме за луѓе кои преку партнерот сакаат да обезбедат пристап до капитал.
     
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Аххх, е тоа умре веќе, нема богаташи се истрошија таквите :D, сега повеќето се фокусирани кон брза пара од криминални активности, а во брза пара и брз живот нема време за брак само за мигновено уживање во луксузот и Климче дај ново дете како што би рекле К15. Кога ќе помине рокот на една личност се бара нова и така се живее тој живот од миг за миг. А ако бидне брак веќе ете спомнаа погоре на крај краишта има предбрачен.
     
    Последна измена: 1 август 2020
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    И емоционално и материјално ,комбинација од двете . Еве на пример не би била со партнер кој цела фамилија живеат во едно собче ,нема да лажам ама да знам дека е многу сиромашен нема воопшто да ме привлече на каков сака бил на изглед.
     
    На Tanjamm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Оти да не?
    Ако е амбициозен, може ќе направите илјада собчиња во иднина.
     
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    И јас сакав да ја прашам истово, ама се воздржав зошто сфаќам дека како што мене ми се грозело да ме допирал за рака на 18 години некој над 30, така и неа и се прави аверзија кон таков дечко. Сите си имаме некои замисли во глава што сакаме и толерираме, а што не.
     
    На Alisa22 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. fantastic girl

    fantastic girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам од љубов не се живее.
     
    На Alisa22 и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Така е ама и без љубов не се може на доли стази, така да треба некоја средина да постои.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fantastic girl

    fantastic girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Да без љубов не се може но само од љубов па ич.
     
    На Ladybug2436 и Idedemja им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.073
    Епа не само љубов, и памет малку:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fantastic girl

    fantastic girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Што паметот ли ќе ти донесе луксузен живот?