Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали во бирањето партнер преовладува емоцијата или материјалниот интерес?

Дискусија во 'Врски' започната од Idedemja, 31 јули 2020.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе. Не сакам да делува дека осудувам ама сакам да споделам мое мислење. Мене ми е многу жал што ги имаме тие примери на 18 годишна или многу помлада девојка од партнер над 30, 30+ што се нафаќа на брак со него главно од материјалистички побуди. На тој начин мажите сметаат дека сопругата, бракот, децата се купуваат со пари. Да, живееме во материјалистичко општество тоа е факт и демократија во изборот има, може секоја да прави како сака, ама некои избори се или треба да се општествено неприфатливи. Ама па и во време кога со диплома од средно само ретко која сама се снашла без да се инволвира фамилија, партија, што ти ја знам таму се тоа допринесува младите девојки да го избираат навидум полесниот пат- брак со 30+ и да сакаат да забременат чекорејќи по тој пат.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Дадов мислење и на другата тема, ама еве ќе напишам и тука. Не негирам дека постојат такви бракови, но не може да се каже и дека сите кои над 18 имаат постар партнер се изманипулирани. Има многу случаи каде и врската трае повеќе години па потоа следи брак и бременост. Има и од другите. :) Сè додека не се малолетни, нема што да биде забрането или неприфатливо, секој носи одлука сам за себе.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Точно секој носи одлука сам за себе, затоа пишав демократско општество секој има право на свој избор ама кога е многу очигледно дека главната причина е материјалистички побуди мислам дека е за осуда. Ама за поголема осуда е ова општество што не создава услови за девојки од финансиски загрозени семејства да имаат можност да се вработат под олеснителни околности. Се си мислам како е поставено општествово уште повеќе ги столчува и се решаваат на ваков некој полесен пат. А за случаи каде станува збор за подолга врска, познавање и е чиста лична одлука пред се од љубов нека им е со среќа. Иако пак мислам друго е брак со деца на 18, друго на 28.
     
  4. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Тука едвај се наоѓа работа на луѓе со завршен факултет, а да не зборуваме за деца. Јас колку што сум информирана, во некои држави и малолетни лица работат и си добиваат солидна плата, што е голем плус.
    За тоа со врските и бракот, не е воопшто за осуда, немаме сите исти цели во животот. Некој сака факултет, некој работа, некој деца. И ниеден избор не е лош.
     
    На Tanjamm и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  5. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Она што прво ме привлекува кон некого е емоцијата и таа е најважниот фактор според кој одлучувам дали ќе бидам во врска со некого.
    За да сум искрена целосно признавам дека не би била во врска со сиромашен. Но, има разлика од сиромашен до сиромашен. Едните, иако свесни за својата состојба, чекаат од небо да им падне богатство и не мрдаат со прст, а другите со цела сила се трудат да постигнат нешто во животот. Е јас не би била во врска со тие првите, едноставно не сакам луѓе кои се неамбициозни и кои ги мрзи да работат.
    Секако не би била во врска ни со некој богат татин и мамин син кој ќе се расфрла со парите од неговите. Иако е богат, сепак треба да размислува за иднината и да има свои цели независно од богатството.
     
    На edna_malecka, Idedemja и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Сицилија одговара? Заборавив да се пофалам дека пред да се земеме маж ми ми приложи тапија од куќа близу море. Сицилија е сон од кој не сакаш да се разбудиш. Сега со коронава не сме биле од март наваму. Ама прво отварање на граници идеме на море и ако си заинтересирана да барам некој маж за тебе со куќа на море, евентуално викендица во Торино?
     
    На tina2018 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не сите.
     
  8. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    па, во општото случување во животот, можно е секое правило да има исклучок, но, претежно ставовите на богатите се такви, така да е тоа правилен и издржан заклучок. а и тие кои не се такви, ќе станат.
    се е околу парите.
     
  9. Wallker

    Wallker Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    “А мучи ме питање, о дали би ме волела и да немам кеш?!” :) Дедоми на времето ми велеше “синко парата на пара се лепе” си велев овој дедоми не е толку стар за да скренува, штоо зборува сега...е сега на овие години гледам што е зборувал тој тогаш..така е направено општеството веќе да функционира, сакање, љубов, емоции..да ама секаде мора да е вмешан зачино на пари...секоја чест за исклучоците, доколку ги има секако:^)
     
    На Elf, tinka-mace, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да се замислам со некој шо не ми е убав и со кого немам хемија.
    Колку сака нека има пари, ако не ми е привлечен, не ми е и нема шо на анализи и филозофии да се троши време. Битни се парите секогаш, ама не можат да ме издоминираат.
     
    На tinka-mace, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Може да ти е убав и да има и хемија и да има пари.
     
    На hermosa, tinka-mace, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Добро, знам.
    Мојот коментар е одговор на прашањето во насловот.
     
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  13. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Финансиите се важен фактор но не одлучувачки. Кога ја започнав врската со мојот сопруг jас бев вработена, тој беше half time бидејќи патуваше постојано за да бидеме заедно, затоа што не живееше во Македонија. Во меѓувреме го учеше македонскиот јазик и бараше работа. Сега ситуацијата е поинаква, тој е вработен, јас во моментов не сум. Секогаш сиот ефорт ни бил насочен кон тоа да се грижиме максимално еден за друг без оглед на тоа кој заработува пари, без оглед на тоа кој колку заработува. Обајцата имаме амбиции да заработуваме. Обајцата сме на ист левел за градење на заедничка иднина. И секако не сме 'избрале' да бидеме еден со друг поради некаков материјален бенефит. Љубовта не функционира на тој начин. Барем не за мене.
     
    На SummerGirl, Idedemja и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Никогаш финансиите не ми биле важни ниту пресудни за да бидам со некого во врска а камоли брак. Кога започнав врска со дм беше невработен, потоа се вработи. По неколку години си купивме кола. Финансиите сме ги делеле секогаш. Не е битно дали тој или јас сум ги заработила. Секогаш биле наши, не мои или твои.

    Денес можеш да имаш, ама животот не знаеш какви изненадувања може да ти приреди. Па од се можеш да паднеш на ништо и нула. Е тогаш ако останете заедно и излезете посилни од се тогаш љубовта победила.
     
    На nevermet18, Tanjamm, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Секој различни мотиви има, некој љубоФ а некој...
    117578589_219455002764496_3681878759467582394_n.jpg
    :D
     
    На hermosa, Mami3 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Комбинација од двете. Сакам партнер кој ќе ме сака и почитува, но и да биде финансиски стабилен. Конкретно кажано, покрај карактерот, ме интересира амбицијата, плановите за иднината, храброста и способноста да гази се пред себе за да ја постигне целта. Да имам маж/дечко, што условно кажано ќе го сакам, а да не е амбициозен, нема да трае долго. Имам свои интереси и желби, што сама по себе можам да си ги остварам финансиски, но послатко е кога сето тоа ќе се подели, а и да не биде еднострано. Поточно кажано, ако сум можела јас да поминувам низ сито и решето да си ја постигнам целта, може и друг. Секој може да биде финансиски поткрепен, ако сака, ама мрзата, не превземање на иницијатива, фобијата од напуштање на комфор зоната е најголемата пречка кон успехот. Да имав 18 години, ќе пишев, љубовта пред се, а истата ќе почне полека да исчезнува при првата караница за финансии.
    Инаку може некој ќе си рече, па не можеш да ги имаш двете, но ги имам моментално. Заедно пораснавме, се мотивиравме и стигнавме доста далеку од примарната ситуација. Уште подобро кажано, сакам партнер кој ќе гази на исто рамниште со мене. Всушност тоа ја разгори и страста кај мене, жедта во неговите очи од ништо да изгради ,,империја", метафорички кажано.
     
    Последна измена: 25 август 2020
    На Elf, christinnn, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Емоции . Секогаш . Кога стапив во брак со мм , куќава немаше скоро никакви услови за живот , освен кров и кревет . По 7 години , имаме се што ни е потребно за нормално функционирање и пристоен живот , фасада , здрав и убав кров ( предходниот беше лошо изведен ) , елементи на секој ќош , две деца и трето во стомак , здрави сме и способни за работа . Што ќе ми е повеќе ? Што ако спијам во палата и имам куп пари , но , маж ми е крајно љубоморен на се што мрда околу мене ? Тоа не е живот ,тоа е затвор . Или е некој дедо 30+ постар од мене .. да немам заедничка тема на разговор . Не фала , ако сакам пари ќе си заработам сама , не ми треба богат маж .
     
    На Tanjamm и Idedemja им се допаѓа ова.
  18. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    Емоции, но реално без желба за успех на работа без живост и без слични желби барем јас не би можела, како помлади сите сакаме страст но после 20тата не е доволно да те сака само. Мое мислење. После 4 години прекрасна врска со љубов и ништо друго, сфатив дека не е доволно само тоа..
     
    На Осе, hermosa, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Емоции ..заинтересираност.
    Парите се еднаш имаш еднаш не ,кој би гарантирам дека за неколку години нема да изгубиме сѐ ?
    А и тука некако (или барем тие јас што ги познавам ) се што побогати тоа по "збеснати". Не сакав таков сопруг :)
     
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    3.573
    Пол:
    Женски
    Не би била со некој неамбициозен, амеба што чека да му падне нешто од небо или да чека пари од мама и тато. Никако не се гледам со такви. Имам и неуспешна врска зад себе токму заради ова и не се каам, истото би го направила секогаш. Не се страмам да бидам со некој кој има помалце платена работа, само да има работа, да покажува некој интерес и амбиција. Не би била и со некој кој не знае колку пари има. Искуството ми покажало дека тие можда се и полоши од овие кои ем немаат ем не им се работи. И љубовта и емоцијата имаат влијание само кој како ги вага ..
     
    На eliesaab, Annora, Аничкаa и 3 други им се допаѓа ова.