Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се заборават грешките?

Дискусија во 'Разделби' започната од katerinalevova, 18 декември 2009.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    89.788
    Пол:
    Женски
    Ти да не си копија на мене м :?: или јас на тебе :D Истото го применувам и јас :D
     
  2. jessie20

    jessie20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Фала ти многу newring86.Секогаш се трудев да му удоволам но правев грешки се лутев за глупости не го заслужи тој тоа ама и јас истрпив многу работи за него.И еве повторно ми се скара не му било убаво повеќе не можел да издржи да се нервира секој ден со мене...а јас се од себе давав за него,не велам дека не и тој за мене ноо една врска мислам дека не треба да се растури за то...сепак ми е тешко,лошо се прашувам дали пак ќе ме побара после ова сето ... :worried:
     
  3. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    Ајде, што се договоривме-НЕМА ПЛАЧЕЊЕ, НЕМА МОЛЕЊЕ. ГЛАВАТА ГОРЕ-ТАКА СЕ РАСТЕ. И ЗАПАМТИ ТЕ МОЛАМ- ОН СЕ ОДНЕСУВА СО ТЕБЕ КАКО ШТО МУ ИМАШ ТИ САМАТА ДОЗВОЛЕНО! м?

    Кој знае зошто е сето тоа добро..... ;)
     
    На jessie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jessie20

    jessie20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Ќе се трудам да бидам силна...:* :/
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^
    Не се труди само да си силна,туку потруди се да бидеш малку и ти среќна и почитувана.
    Се согласувам со newring86,дечкото нема појма како да се однесува.
    Како така на сред улица му текнало-не си ми веќе девојка,утре-пак си ми девојка,задутре-не сум среќен со тебе итн итн,се така до недоглед.
    Можеби на почетокот на врската те сакал,ама сега е оладен..што знам.
    И зарем ти би сакала да бидеш со таква нестабилна личност.Очигледно не можеш да сметаш на него за нешто.Не знаеш кога ќе се налути,ќе ти раскине..
    Ајде биди малку горда.Не го барај веќе.Паузирај малку од него.
    Ќе те бара тој.
     
  6. jessie20

    jessie20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Морам така, ми рече да не го барам повеќе..Никогаш не сум направила ништо лошо да го изневерам да не му се јавувам итн...единствен мој проблем е што се лутев многу некогаш се контролирав некогаш не ,но брзо ми поминуваше тоа .. ии ми рече дека се избудалил од ко бил со мене. Нема да го барам веќе иако сме на ист факултет ист смер не знам како да постапувам дали да му зборувам или не ...Фала ти и тебе исто sadgirl21 за советот.
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Јас би ти рекла да не комуницираш со него многу.
    Едно здраво според мене е доволно,онака од култура.
    Други конверзации не.
    Кога ќе виде дека целосно го игнорираш,и нема така сеедно да му е.
     
  8. jessie20

    jessie20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Вчера многу згрешив ...се сретнавме со него како и обично на факс ии зборнавме ...како си , викендов што правеше итн...и јас го гушнав едноставно така ми дојде од мене ми беше жалл што го губам ии ми рече знаев дека вака ќе направиш остај ме несакам да бидам груб..и залудно беше се што кажав во врска со нас повеќе го растревожив и изнервирав а и самата себе ..а тој остана на исто ии сепак нема да го барам да му звонам ..на факс ќе правам како што ми викаш така е најдобро ...па што сака нека биде ...ако има некакви промени ќе ве известам ...
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.065
    Пол:
    Женски
    Oвој не знае сам што да прави со себе па на тебе ти се истура :fubar: .A зошто мислиш дека е нормално да ти раскинува кога сака,па и да те навредува?Tоа не треба да се случи никогаш помеѓу двајца вљубени.Tи вредиш многу и тој не те заслужува ,и веќе да не си му ни проговорила,освен ако тој те поздрави прв но на тоа да остане,без гуѓкање,бакнување.Aјде и тој поздрав му е многу,но нема како друкчије,колеги сте на факултет.Aко трчаш по него,само повеќе се понижиш и накрај нацело ќе се замразите.
     
  10. jessie20

    jessie20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Фала ви за искрените совети , му реков дека ќе се покае за се ..дека некогаш ќе се сети што пропушта..прекрасно е кога знаеш дека некој те цени, те поддржува во се ,те сака..а ти го оставаш за банални работи...и сепак остана на тоа дека ќе биде сам.Една колешка ми понудии да прави муабет со него за сето ова .. не и кажав вака детално се зошто сме скарани иии нз што да и речам ..да не направам полошо да не си помисли дека јас ја праќам ..таа сама ми понуди ми рече да го посоветувам јас ноо сепак мислам дека јас доволно се трудев да го убедам и сега сум во дилема.Нема да трчам по него,сепак ќе оставам на тоа да видам дали тој е доволно силен како што вика дека ќе успее сам во се..така и првиот пат успеваше нооо повторно се врати ...;)
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.065
    Пол:
    Женски
    Tи си таа која губи кога он се враќа.Aјде ,дигни главата горе и не прави муабет за него,почни да го преболуваш.Oн никогаш нема да се смени ,но ако ти одговара некој да те навредува и понижува,само напред.A твојата колешка и самата потенцираш дека не знае што точно се случува меѓу вас,така да поарно да не оди да го разубедува,секако ќе испадне дека ти ја праќаш.A и да ти се врати ,ти треба со гордост да го одбиеш и да продолжиш со животот,ако сакаш да бидеш среќна :)
     
    На jessie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    А јас би прашала - кој сака покрај себе жена/девојка што хистерише за секоја ситница и цепидлачи (зошто гледал во друга колешка :wasntme: ) ?!?!
    Ако добро разбрав од постот тие се караат за ситници и глупости. Мислам дека и дваицата треба да се преиспитаат дали навистина сакаат да бидат заедно.

    Не прави голема грешка со овој потез.
    Прво седни размисли си дали навистина сакаш да бидеш со него па потоа расчисти со него ако мислиш дека не е се пропаднато во вода
     
    На jessie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Голем дел од нас сме биле во иста ситуација како и ти - изнервирани, понижени, оставени. Според мене игнорирањето е најдобро. Знам дека е тешко, верувај сум била на твое место, но он мора да разбере што губи. Во врската треба да се остави простор и на двајцата да се борат еден за друг, не е доволно да се бори само едниот. Јас сум од оние девојки кои не сакаат премногу лигавења, некој да ти ги симнува сите ѕвезди и сл. Повеќе сакам тој да биде недостапен малку зошто тоа ми е интересно кога сама гледам дали ми стало до него да се борам или не. Ако се ти е пружено на тацна можно е и да ти здосади у брзо време.
    Значи , малце забегав..мој совет - тргни се. Игнорирај го девојко! Кога ќе сфати што изгубил пак ќе ти се врати. И кога ќе ти се врати, биди ладна со него, да види дека си се променила, да види дека не може к**от да си игра со тебе, сеа те сакам, утре не, денес си ми се - утре ништо. Среќно! :*
     
    На jessie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    ти на мене копија или ја на тебе не е битно :D важно ние сме тие и така функционираме тоа е тоа :D :rofl:
     
  15. Mia123

    Mia123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    [b]имав другарка со која се здруживме многу минатото лето.се беше во ред.бевме не одделни постојано каде и да одевме бевме заедно!тоа се случуваче околу 4 месеци.пота почнавме да студираме но и покрај тоа за викенд доаѓавме во нашиот град и повторно се дружевме.Пред 2 месеци таа се запозна на интернет со братот на мојот дечко.јас имав главна улога во тоа бидејќи мн им помагав затоа што мило ми беше да бидат заедно.Буквално направив се за да бидам среќни.откако се фатија мојата другарка ја немаше ни да ми се јави ни да ми пишува.престана да ме бара.јас постојано ја барав да ја прашам кака им иде и дали е добра.таa ми рече дека не сака да разговараме за нивната врска дека тоа си било нивна проватна работа.го прифатив тоа знаејќи го фактот дека до пред да се фати со него поделувавме буквално се меѓу себе!
    таа се одалечи од мене пред извесно време ја викнав на кафе и упорно не сакаше ништо да споделува со мене за приватноста освен онака банални работи.родителите на нејзиниот дечко не ја прифаќат причината не ми ја кажа.и кажав во лице дека таква другарка несакам и дека премногу е сменета кон мене.ми рече дека и бил период и дека ке бидат подобри работите.и да почнавме да се слушаме и слично и денеска се догвараме да идеме на кафе она несака наоѓа изговри.ми се смачи веќе ДА И ОБЈАСНУВАМ ДЕКА ГРЕШИИ.ако случајно неа и се случи нешто ми се јавува после 12 на полноќ да ја тешам јас и др ден како ништо да не било .И пишав порака и реков дека несакам повеќе да бидеме другарки.Стварно неможам повеќе..кажете што друго да направам[/b]
     
  16. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Не сака да излегувата на кафе,а кога е во тесно и после 12 ноќеска ти ѕвони? :^) Мислам дека и ти треба малце да се повлечеш и да си уживаш во љубовта и младоста,а она да сфати што изгубила...Ако веќе сте биле бфф не ми е јасно зошто не сака да зборува со тебе?Не е твој проблем нејзината љубов :?: Оддалечи се на период (направи пауза) да сфати и таа,а потоа јавии се и повикај ја на кафе и на разговор,можда до тогаш ке се смири и ке ти ја објасни ситуацијата :)
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Дали вреди да се заборават грешките зависи од личноста што погрешила.Не секогаш треба им простиме на другите,па по цена и да жртвуваме некои работи во име на добрите односи.Во твојот случај,не вреди да правиш напори за да ја продолжиш комуникацијата со твојата другарка.Имала шанси што ги пропуштила.Ако некогаш сфати колку и значела вашето дружење,таа ќе биде најзасегната од разделбата.Верувај ми дека таква личност не ти е потребна и ништо нема да изгубиш,освен што ќе си го зачуваш авторитетот.
     
  18. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Човечки е да се погреши но зарем кога еднаш си и кажал се и сешто на една личност ( или обратно, кога една личност ти има кажано се и сешто), коа те повредил повеќе пати и коа доаѓа ред да му простиш ( пошто нели срцето е посилно од разумот)...зарем во тој момент не губи карктерот "поени"? Излегува дека ниту едната ниту другата личност не е човек од збор и се што е кажано у моментот утре да биде пу пу не важи. Зарем постојаното простување не асоцира на нестабилна личност која не знае каде да пресече и до кога е доста? Еве и јас го имам тој проблем ама пробувам од страна да ги анализирам работите...