Еве и ја да отворам една тема у духот на феминските теми Досадно ми е, не за друго. Не знам што си помисливте кога го видовте насловот, но прашањето е дали врискате превентивно пред заболекарот да ви отиде со бушалицата у нервот, или чекате прво да ве заболи па потоа со врисокот му пренесувате порака „Боли бе ало! Мајка ти ли ја бараш таму да бушиш без анестезија?!“ Ја викам пред тоа, особено ако претходно ме излажал дека не треба анестезија дека нема да боли воопшто. Се покажало како ефективна метода.
Ако е превентивно врискање,значи штом седнеш на стол ,веднаш треба да почнеш да врескаш-превентивно нели
Така мислам дека лесно ќе ти ја пробие стратегијата и ќе знае дека фолираш Oh my goodness Си ја замислив сценава со Мистер Бин како влага у ординација и почнува да вика уште од врата
Мој е гласот НЕ. Зошто би влегла кај заболекар ако планирам да врискам Боли не боли, ќе издржам, тоа е.мора да се среди забот кој ми прави проблем
Па ако де,нека си ја пробива стратегијата,битно ти ако си зацртал да врискаш пред време-ќе си останеш доследен на тоа
Хахахахахахахаха Свашта си помислив , мајке ми . Како човек кој има фобија и мрачни искуства со вадење/поправање на заби , не само што врескам , туку упорно барам поголема доза на анестезија , дури и за најмала точка за забот . Веќе и заболекариве ме научија колкава б'згајца сум . Во паника ми се случи да му кажам на заболекарот дека се плашам од заболекари . А требаше да кажам дека имам лоши искуства од порано .
Не врискам, трпам болка. За било што. Врискам ако е нешто неочекувано и ме изненади. Ако е конкретно за забар, уплав имам од анестезија. Не од болка. Има случаи кога е пожелно да се работи без анестезија, бар јас преферирам така. Ама генерално ја ставам, оти грото се плачковци, од најмало, до најголемо. Сори пипл, ама факт. Плачковци. Особено мажите.
Пиши каде ти е ординацијата, еве ќе дојдам да ми поправиш заб без анестезија и ќе покажам дека има и мажи со женско јуначко срце
Немам причина за врескање и болка зашто редовно одам (контрола) на заболекар. Скоро сите заби ми се пломбирани, а ниту еден не е со анестезија. Заболекарката е добар професионалец и умее низ разговор да ги опушти пациентите кај кои има потреба од "соработка"
Имам страв од одење на забар, ама кога морам одам, и издржувам болка. Не врескам само кревам рака и престанува да буши. Имам доста здрави и убави заби, лани прв пат после 10 години отидов на забар за правење заб, секогаш одев така само на контрола. И кога одев, одев со страв, ама преживеав па и не беше толку страшно како што очекував и замислував.
Страв ми е од забар, оти знам дека има шанса да ме боли, ама не ми клаваат анестезија, додека не ме заболи.... и зависи колку јако и колку долго ќе боли. Некогаш че ми го поправат без, а некогаш со. Не врескам, ама ќе испуштам неартикулисан звук ако ме здоболи. А за чудо, вресилва сум по природа.. ама еве за болка, освен на пораѓај и ко ме фаќаше ишијалгијата, не сум пиштела...
Врескањето претставува вокален инстинкт или рефлекс, надополнет со силен емоционален аспект за да се изрази одредено чувство, како болка, страв, гнев, возбуда и слично. Како дразба, при изразување на болка или страв, врескањето претставува изразување на вокално незадоволство кое телото или умот го искусува - со други зборови, врескањето се манифестира истовремено со чувството на болка или страв. Бидејќи темата се однесува на дентофобија (страв од заболекари), се сомневам дека одреден поединец би почнал да вреска пред да почувствува било каква болка поради искусување болка - тоа не е соодветен и природен вокален рефлекс. Ова е поради фактот што иако врескањето се идентификува како звук, сепак во овој случај се разликува од останатите звуци поради фактот што мозокот вообичаено го регистрира звукот и го пренесува до оној дел од мозокот кој го идентификува стимулаторот и причината за правењето на тој звук. Но ова не се однесува и за врескањето предизвикано од болка бидејќи врескањето се пренесува од увото до амигдалата, која го обработува стравот во човековиот мозок. Со други зборови, врескањето соодејствува со паника и страв од болката која се очекува и служи за истовремено да предизвика страв или предупредување кај слушателот (во овој случај тоа е заболекарот) за да може да има до знаење дека немате висока толернација за физичка болка и поради тоа тој треба соодветно да реагира на ситуацијата (анастезија). Така, врескањето пред чувствување болка има две примарни фукнции - да изразите страв и да го предупредите слушателот за вашата негативна емоционална реакција, а не физичка.