Јас анестезија за заб имам примено само 8ците кога ги вадев. За поправање не. Не врискам ама страв ми е. И да ме боли не врискам, туку кревам рака. Така ме научи старата докторка, а сега немам нова ама ко ќе најдам ќе и кажам зашто кревам рака.
Не врескам Оти одма ми клаваат анестезија. Нема шанса ни обичен преглед да дозволам без спрејче. Ако веќе се работи нешто одма ми стваат по две анестезии. И секогаш лажам дека после првата инекција осеќам болка, за да ми стават уште една. Што е сигирно,сигурно е Досега болка на забар не сум почувствувала
Не знам зошто ама мене повеќе анестезијата ме боли отколку пломбирањето.Таа боцка после 3 дена ја осеќам, а од анестезијата се чуствувам подуано и неубаво и се жалам 3 дена како ме боли.Секогаш поправам заб без анестезија оти 15 мин секако трае.Колку забот помалку ти е расипан помалку боли.
Не, трпам болка у себе. И до сега никогаш немам правено никаков зафат со анестезија... Можеби сум среќник зошто само 3-4 пати сум била заб со кариес да ми поправат и тоа е се, само рутински проверки инаку. За нешто посериозно би викала.
Не, нема поента. Врискањето е губење енергија, ама буквално. Во предоперативна припрема, кога мора да те избуцаат, сестрата ми рече вака - сега мора да го ставиме ова, ова и ова. Ова ќе боли но колку повеќе викаш, толку подолго ќе ми треба да завршам. Ок? Ок. Зимаш воздух, дишиш длабоко со дијафрагма и за некое време е готово. На забар само се мрштам и кревам рака. Шо знам, секој нормален запира тогаш. А и како врискате со инструменти у уста?
Болка на заб вообичаено не ни осеќам, од тие причини еднаш имав многу незгодно искуство кога мораше да ми го умртви живецот и тоа е таква болка што не знаеш што правиш.
Абе да ама треба да земеш залет нели, како со полна уста тупфери за плунка плус алатки. Не знам да вриштам, тоа е. Мада што, ќе вадам умник за брзо, можда тогаш ќе ги подмачкам гласните жици.
Леле какви перверзни умови ве има на форумов, особено меѓу девојките, све на тоа да се мислело бе тц тц
Јас па мислев дека темава за зезанција е отворена или од некој трол, среќа имаш што си ти инаку веројатноста дека ќе беше избришана е голема Па и анкета, леле мајко Ни на крај памет да ти текне за што се работи.
Не знам како може само на некој да му текне ваква тема за дискусија Сосема непотребна.. Се скапав чудење цел ден со насловот и баш си реков ќе ја отворам уште повеќе се чудам