И ти среќна ќе бидеш кога тој ќе помине мнооогу девојки и на крај пак ќе се врати кај тебе свесен дека ете само ти си со добри совети, идеи и топли прегратки??? Ќе ти биде доволно неговото враќање кај тебе за ти да бидеш задоволна, исполнета со љубов и почитувана? Имаш 16 години и мислам дека немаш никаква претстава за самопочитување (извини што сум искрена,ама...) Врската со тоа јако фраерче би требало да ја гледаш како искуство плус во твојот живот кое те уверило дека во животот ќе губиш, ќе добиваш, ќе плачеш, ќе се смееш,но пред се ќе се почитуваш себе си! Го сакаш ама тој не те сака доволно за да се посвети на тебе туку сака добар провод и секс со други девојчиња! Ниту една нормална девојка не би го толерирала тоа затоа немој ни ти! Тој те баталил дека си му била досадна, тогаш батали го и ти и забавувај се во животот подалеку од оној кој не те вреднува доволно!
Е па такви се форумџиките овде сурово искрени. Верувам дека ти е тешко, сепак имаш 16 години и си имала секс со некој мочко кој те оставил. Сепак земи го тоа како лекција и памет у глави за следниот пат. Ние овде, па и никој друга не може да го натера да ти се врати, а не вреди ти да се нервираш за тоа. Ти кажав животот продолжува сепак имаш 16 години. Си згрешила што си згрешила. Се надевам дека учиш на своите грешки.
Детеее како не сфаќаш дека не треба да го чекаш. Па он и да ти се врати, сигурна сум дека после некое време пак ќе го направи истото, ќе му се присвиѓа некоја друга и ќе те откачи...што, ти пак ќе го чекаш и ќе се надеваш дека Леси сепак секогаш се враќа дома??? Реагирај дури е време, ЌЕ СЕ КАЕШ ПОСЛЕ!
ме остави да..ама никогаш не си го исполнуваше тоа што кажеше многу пати и додека одевме му истекнуваше да ми каже заборави ме остави ме..и од коа му помине нервозата да се покае за се..па така и овај пат мислам дека ке свати дека погрешил ама мислам дека ке биде касно јас неможам повеке дома мајка ми се утепа од зборување и сите другарки и сите пријателки никој неможе да ме утеши секоја вечер пред да си легнам плачам како мало девојче..јесте да сум 16 ама имам и јас чуства луѓе..
Девојче имаш 16 години. Имаш чувства да, ама оди излегувај со другарки, ова ти е најубавото време. Немој да кукаш по некој кој не заслужува. Подоцна ќе ти е жал што вака си го поминала времето. Немој да се понижуваш и да го чекаш.
Девојко, си ја крстила темата -Дали да го оставам?- ама се си мислам дека прашуваш како да биде само твој и како пак да се заинтересира за тебе? Така е, нели? :geek: Бидејќи ние, еве, ти рековме да го оставиш, т.е. ти нема што да оставаш, пардон, тој веќе те оставил. Ама дај имај барем малку достоинство и тргни се од него, немој да му бидеш само предмет за секс. Не почнувај да тонеш и де не се цениш уште на 16 години, ако сега не се свестиш, после ќе биде многу потешко. Верувај, ние овде сме искрени и не ти мислиме ништо лошо, секоја што сака да си потроши дел од нејзиното време ти дава искрен совет, и совет поткрепен од искуство, за разлика од твоите другарки, кои ти даваат лажна надеж и кои не ги обвинувам бидејќи сакаат да те откачат од глава и побрзо да те смират, затоа што сигурно по цел ден им досадуваш со муабети за дечкото и за неговата “пуфла“ И јас да ти бев другарка и цело време да ми го правеше истиот муабет и како она е лигла а ти си најдобра и како он не знае што сака и сл, и јас ќе ти кажев дека кругот се врти само за да те замолчам. А сега ти советувам да си легнеш, и утре да земеш да расчистиш со типот, да престанеш да се нудиш само за секс. Подобро оди на саемот на книгата, купи си некои книги, читај- верувај така ќе ти биде 100 пати подобро искористено времето, отколку да се сексаш со тој тип.
значи..не се сексам веке и на тоа ставивме крај јас него 5 дена не сум го побарала а тоа е успех за мене..фала многу за искрените совети макар што јас нема да престанам да се трудам оти едвај се наканив да го пуштам на мира и да не го барам јас по 4 пати у ден го контролирав каде е што и како...мислам дека и да е 7 години дете ке му фали некое убаво поминато време
Баш поради твоите 16 години, пази што правиш и со кого правиш. Од каде знаеш дека дечкото утре нема да отиде и на сите другари да раскаже што сте правеле? Остај ја ти љубовта, ќе се заљубиш во уште 9283 машки, ама ако ги изгубиш гордоста и достоинството уште на овие години, незнам колку машки ќе се заљубат во тебе.
девојко сајтот е за таква намера за помош идеи поддршка и.т.н. се разбира деке ќе ти кажеме искрено што мислиме а ти кога веќе бараш совет мора да бидеш спремна дека ќе слушнеш и позитивни и негативни коментари а ако сакаш самата себе да се залажуваш повели на крај краева вие сте тинејџери животот е пред вас ако ти рекол да го оставиш оставиго јасно е то секој изминат ден е минато и остава некој спомен неможиш да бидеш сигурна дека некој ќе ти се врати само заради убавите моменти сепак тие се само спомени а од тоа не се живее продолжи понатаму секој имал некоја бивша љубов и тоа и останала можеби сто пати подобар таму некаде те чека а што ќе биде само времето ќе покажи дај му на времето време...
Значи ние џабе коментираме овде кога ти викаш ехееее тек допрва доаѓа твоето време, ќе имаш уште многу убави моменти со некоја асален дечко.
добро има ли некој да ми даде надеж да продолжам да се борам понатаму и да верувам у тоа што ми го зборува и сопствената мајка?
devilbaby , што си во заблуда дали ти него да го оставиш, кога он одамна те оставил тебе ? Ај таму мувај некого, млада си, ќе поминеш уште поубави моменти со друг дечко, не му се моли на него туку шетај, забавувај се и не си го замарај мозочето со него.
Ах! Да си ми ќерка така би ти плеснала една! АЛО! Излези од филмот бе! Вчера си престанала да цицаш практично! Сеа треба да си у фаза на држење за рачиња со дечко и да вежбаш со коцка мраз како да се љубиш! Шо ти е тебе!!! Па пази..ВРСКА ОД ГОДИНА ДЕНА!!!! Ќе умрам од смеење.. Плачеш викаш? Искрено, изузетно глупи потези правиш, смени си ја околината, друштвото, прекини да гледаш шпански или какви и да гледаш серии, освести се и земи читни некоја книга наместо да се плескаш и да глумиш 20 годишна кога не ти држи гзот. И он е дете и ти. Не те сака, а и да те сака ќе те отсака во најдобар случај за месец дена. Животот не е филм девојче, прекини да се понашаш психопатски и да плотуваш планови и да планираш како ќе си му фалела..Смешно е искрено сум згрозена! ПРЕКИНИ...озбилно... БОГ ДА ЧУВА. Иди вежбај математика!
Ама не е поентата да ти даваме лажна надеж бе срцка. Кога некој има чувства не може да си оди така лесно. Ете ти зошто го бараш него?? Оти ти треба и го сакаш.Тој тебе не те бара..значи...
Никој нема да ти даде надеж. Откажи се од него, како што се откажал и тој од тебе. Си има тој девојка, била пуфла или не. Па аман со ова - зарем ако тој што го сакате има друга, мора таа да е пуфла, кучка и што ти знам јас друго? Имаш 16 години, ќе дојде подобар, кој ќе те цени. Рано е уште сега да се замараш со вакви проблеми. Е јас на 16 години, со кукли си играв.
За што да се бориш? не те разбирам. Ако сакаш да одиш со главата во ѕид, оди. Само тебе ке ти е потешко. Мислиш ние не сме биле во ситуација како тебе? Најлошо е сама да се лажеш и да се надеваш. Тој може ке му текне на тебе пак,за еден ден на 7мо небо ке те качи, да помине некоја пак ке те остави. Земи читај девојко, направи нешто од себе, има време за борење. А за тоа дека имало случаи дека се каат, тоа кога ке пораснат, сега ти кажав, на се му игра курето кое каење??
А мајка ти знае ли дека ти се "сексаш" со него ? Можеби ќе го смени мислењето ако и кажеш. На крај краева, што и да ти пише било кој на форумов, нема да те задоволи се дур не слушнеш "Секако дека ќе се врати кај тебе, нема шанси да остане со онаа смрдлана недоквакана. Кога тогаш ќе се свести дека ти си ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА, дека не сака да те изгуби, сака да се земе со тебе, да имате многу дечиња дур да наполните 20 години и да живеете неизживеано до крајот на животот". There you go