Дали да го оставам?

Дискусија во 'Разделби' започната од devilbaby, 20 јануари 2011.

  1. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    ПРЕСТАНИ ВЕДНАШ СО САМОСОЖАЛУВАЊЕ!!!!

    Така растеме, така созреваме...и јас мислев дека првиот дечко ќе ми биде последен па сега си велам фала богу што не ми бил :)

    Мене ме иритира она патететичното себе-потценување. И не се работи за женско-машко, познавам многу машки со истиот синдром.
    Слепи ли сте луѓе? Зошто ги комплицирате работите кога може да бидат едноставни!

    Исплачи го една вечер и следниот ден почни да се забавуваш и барај си нов дечко! Какво е тоа убедување дека тој ќе се врател, дека ова дека она...
    :worried:
     
    На Annath и padme1517 им се допаѓа ова.
  2. devilbaby

    devilbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    добро фала многу за советите,јас не се срамам од моите 16 само сакав помош..ама ништо се разочарав
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Совети доби и сите бевме едногласни...е сега тоа што тебе не ти одговараат е друга прича.
     
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Не ти сакаше поддршка, а ние ти даваме совет. Сега ти види кое е подобро...
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. devilbaby

    devilbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    не знам ништо повеке..мислам дека мајка ми го знае најдоброто за мене вие не знаете ништо ни за мене ни за мојата врска и нејзинио тек така да само нејзе ке и верувам а вам фала многу на потрошеното време и на ретките дрски одговори..://
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Девојче правилно ти кажуваат сите, само што лесно ни е на нас со ова искуство и години да советуваме.Јас на 16 години исто бев будала во правата смисла на зборот, само што јас дозволив две убави години да си упропастам што не се вратија никогаш. Мислев дека ако сум му прва и ако ми е прв, тоа е нешто свето, ама како што викаш ти, он почна фраер да се прави, да му се сака со други, а јас сето тоа го трпев, а зошто??? Дека ќе остане на крај со мене??? Среќа моја што мајка ми и другарките беа против него, па ми ги отворија очите. Точно знам како ти е, дистанцирај се, за твое добро ќе биде. А да кретенот ме бараше година дена по раскинувањето, ама јас веќе си имав друг и веќе го имав преболено. Сега ти изгледа дека е тој и никој друг, ама не е така верувај. Послушај не нема да зажалиш!!!
     
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    А мајка ти што те советува? Да го чекаш за век и веков и да се затвориш дома?
     
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Е како да не мразиш кога ќе си го изгубиш времето?
    Добро, те поддржувам јас еве чекај го ќе се врати. И онака ние ништо не знаеме. Каде бе само ти си имала вакви проблеми... ;) Ај рест мај кејс.

    Поздрав и се најубаво....
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283

    Прво- си праша дали да го оставиш, ти рековме едногласно ДА :!:

    Второ- ти си веќе оставена, така да мораш да преболиш, друг излез немаш.

    Трето- како не сфаќаш дека мајка ти и другарките така ти велат за да те смират, тоа се само празни зборови.
    А патем знае мајка ти дека не си невина и дека тајно се сексаш со него? :^) Мислам НЕ, т.е. верувам дека е така :!:


    И Четврто- престани да си правиш филм и како што ти кажа Дафни- оди решавај задачи математика, така ќе престанеш со овие непотребни и глупави себесожалувања и опсесии со него.
     
  10. devilbaby

    devilbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    не не не..единствено у моменто не ми дава да мислам на него и да го барам на мобилен пошто јас не го оставав да дише а сега е дистанциран нема кој да му каже добро утро и едно те сакам и како си и дали си добар а на секого би му фалело..мама најдобри совети ми дава секогаш кога ми е дала совет и насока е била во право и он пак ме бараше и имаше желба да ме слушне..
     
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    Ех Девилбејби, еден ден ке си ја акаш главата од ѕид, и ке си речеш абе како не ги послушав тие дрските, простите девојки од фемина што мислев дека ништо не знаат?
    До тогаш прави што сакаш и среќно :)
     
  12. devilbaby

    devilbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    Девојче правилно ти кажуваат сите, само што лесно ни е на нас со ова искуство и години да советуваме.Јас на 16 години исто бев будала во правата смисла на зборот, само што јас дозволив две убави години да си упропастам што не се вратија никогаш. Мислев дека ако сум му прва и ако ми е прв, тоа е нешто свето, ама како што викаш ти, он почна фраер да се прави, да му се сака со други, а јас сето тоа го трпев, а зошто??? Дека ќе остане на крај со мене??? Среќа моја што мајка ми и другарките беа против него, па ми ги отворија очите. Точно знам како ти е, дистанцирај се, за твое добро ќе биде.
    Сега ти изгледа дека е тој и никој друг, ама не е така верувај. Послушај не нема да зажалиш!!!
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    devilbaby не праша за совет сите исто ти одговоривме, вајда нема 100 девојки да се против тебе ако стварно заслужуваше да те бодриме за типот да го вратиш.

    А и во право си најчесто мајките даваат добри совети.
    Овој пат и она ти вели да не се јавуваш, да се тргнеш од него и слушај ја неа!

    Извини вака ама изгледа ти по овие неколку поста заклучив дека многу го замараш типот и си многу самоуверена во себе дека тоа ваше време е непроценливо, а тој те вика досадна! Љубовта е двострана, во случајов кај тебе нема љубов, има само еднострана твоја љубов кон некој кој очигледно те избришал од својот список. И ако не сака да е со тебе остави го. Не се јавувај. Не досадувај.

    Замисли си еден ден имаш врска и раскинете и не го сакаш а тој по цеееееел ден те бара, ти се јавува, пораки, ти вика за минатото како убаво ви било, а тебе не ти било убаво со него. Сакаш да те замара? Стави се во обратната ситуација. Сигурна сум дека ќе полудиш од него и ќе го замразиш уште повеќе.
    Па не дозволувај дечкото твој бивш да те замрази.
     
  14. tatjanas

    tatjanas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    jas mislam deka treba da go ostavish cim tolku lesno te ostavil i te zamenil znaci bara neshto drugo neshto kako na negov stil ... No ke si najdesh ti mnogu podobar od nego ... :)
    [mod-kirilica:2hslqq6f][/mod-kirilica:2hslqq6f]
     
  15. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    22
    Ги читам постовиве твои и неможам да се начудам.. Прво не сфаќам КАКО на 16 години ( и јас сум само една година постара од тебе ) , како си можела да си дозволиш сама на себе така да си погазиш и гордост и достосинство и се, и да се сексаш со некој кој те оставил за друга, и за некој кој ти вика дека си досадна ваква , таква.?!
    Вие сте имале убаво време заедно, сте поминале многу работи заедно.. Завршило. Ти мислиш дека се убави, а он очигледно е дека него не му значат ништо бидејќи ти вика досадна, замараш и тн.
    И прекини да се надеваш дека ќе ти се врати. Може ќе те побара ама знаеш кога? Кога ќе му зобријат хормоните, и на кого ќе се јави? На тебее. А зашто? Пошо ти така си му се поставила дека може да те побара кога сака за секс. Знам дека е сурово, ама мораш да сфатиш декка не те сака, туку те користи. А ти ако сакаш продолжи да му бидеш на послужавник.
    Девојче, послушај ја мајка ти, таа барем те советува од се срце. Не се понижувај себеси уште на 16 години, цел живот е пред тебе. ;)
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Девојче ти сама себе си се тешиш дека ќе се смирите, сама се надеваш, фантазираш и сонуваш. За жал кога ќе се разбудиш од сонот и кога ќе излезеш од фантазијата ќе се соочиш со уште поголемо разочарување. Порано или подоцна ќе мора да се соочиш со реалноста дека типот повеќе не те сака и дека има друга.

    Јас стварно незнам што повеќе од ова треба да направи едно машко за да ти докаже дека не е заинтересиран за тебе?!? Да ти рече дека си му досадна, да те одбегнува, да најде друга...Каков доказ уште треба да се увериш дека веќе не му значиш? И ти пак упорно да ми висиш на врат?!?

    Мажите не сакаат патетики, лигавење, молење, плачење. Со тоа само уште повеќе ќе го оттргнеш од себе. А и овие нови финти што се почесто ги слушам од претежно помали девојчиња, ќе раскинат и оп девојката ќе му се нуди, мисли со секс ќе го задржи :puke: .

    И на крај, твое си е како ќе постапиш, сакав само да ти кажам да не се надеваш и да не се залажуваш на празно, зошто видов кој дел од постот на Цирибирибела си го нагласила.
     
  17. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    22
    Мислам дека после толку искрени одговори ќе сфатиш дека треба НЕ да го оставиш, затоа што веќе он тебе те оставил, туку да го заборавиш и да прекинеш да се надеваш за нешто што нема да се случи.
    Вистината понекогаш боли ама знаеш како викаат.. подобро вистината да боли, одколку лагата да те теши.
    поздрав..
     
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Девојки, после волку совети и одговори, нели мислите дека е доволно? Девојката очигледно темата ја објавила за некој да ја поддржи, а (логично) го доби спротивното, па дури и ние сме тие лошите и простите. Така да, веројатно најдобро ќе биде Девилбејби сама за себе да си одлучи, а ние да не ја замараме со нашите глупости :)
    Devilbaby, на крај краева се надевам дека сепак ти си во право, и дека дечково ќе ти се врати. Се најдобро :)
     
    На malecka.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    22
    За жал девојката си ставила во глава дека тој ќе и се врати.. Не е битно што ние сите едногласно викаме да не се надева.. никако. Ние сме глупави таа знае сама ;)
    Ајде, еве ја подршката која ја очекуваше... ја добиваш, па да се надеваме дека таа подшка ќе ти го врати саканиот ;)
     
  20. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Знаеш само кога (можеби) ќе ти се врати?! Кога ти ќе се откажеш од него! ВЕРУВАЈ! Додека сеуште му цимолиш и му дишеш во врат само уште повеќе ќе го оттргнеш.Кога ќе почнеш да излегуваш,да се забавуваш и да се состануваш со други дечки,тогаш ќе се активира он.Мажите сакаат конкуренција,натпревар.Можеби тогаш ќе му светне еј што има дечково што немам јас па ај да пробам дали моево пак ќе запали.Но пак ќе кажам,МОЖЕБИ.Он и самата гледаш дека си продолжил со животот.Јас не би можела да го примам назад откако бил со друга после мене..Би ми било гад да го бацам..
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.