1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да го оставам?

Дискусија во 'Разделби' започната од devilbaby, 20 јануари 2011.

  1. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Чај од раскинување.

    Инаку ако веќе имате разговарано со дечко ти...и тој сеуште е истиот тој, и ако не те почитува... тогаш незнам што уште бараш со него. Можеби го сакаш, ама ако не тој барем имај почит спрема самата себе. Зошто да мораш да трпиш се од него... Во врска не е важна само љубовта, туку и почитта, разбирањето, компромисот. Дали си ти среќна во таква врска? Ако да, продолжи си со него, ако не...знаеш што треба
     
  2. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    што дека го сакаш,кога не е обострано,барем не онака како ти што си посакуваш.Cамата кажуваш дека неговите постапки се непромислени и те вадат од колосек,празни ветувања и пак по старо!! зошто не сваќаш дека лажни надежи ти дава за врската!!! Jас го класифицирам ова неговото понашање на недораснатост или погрешна слика за една нормална и здрава врска,може и средината и воспитувањето да играат улога во неговиот карактер или треба уште многу фурни лебови да изеде,па да застане на здрави нозе па да знае што е врска,ама мислам сеуште е зелен.Oд сакање до сакање има голема разлика,некој сакањето го изразува како посесивност,некој во болна љубомора,некој без никакви стеги и ограничувања,некој си мисли ако не ја тепа не ни ја сака и така натаму,меѓутоа сите како поединци вајда си знаеме,очекуваме и целиме за какво сакање нам ни е потребно.Hа крај краева ти си одлучуваш каква иднина сакаш да си изградиш со партнерот,ама овој далеку од тоа дека ќе ти ги задоволи твоите потреби во вашата врска,бар не во блиска иднина.
     
  3. davidof

    davidof Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    Девојко, имаш ли ти гордост?!
    Се осудил да крене рака на тебе и ти уште прашуваш дали да го оставиш.. ОДМА УДРИ МУ ГИ КЛОЦИТЕ.
    Дома родителите те гледале и те чувале, за некој мочко од улица да те малтретира.