1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да го прашам што се случува или не?

Дискусија во 'Разделби' започната од Cute..Girl, 5 април 2011.

  1. Cute..Girl

    Cute..Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Феминки јас сум нова овдека ....... и би ве замолила за помош еве накратко ке раскажам за што се работи
    Пред 1 месец се мував со дете од мојот класс го сакав премногу .. но се скаравме ... и пак се смиривме.. и потоа дознав некои работи .. и не се смиривме после тоа .. и сега последнава недела некако е почуден спрема мене .. почна да ми праи моабет ( а до пред тоа не зборевме ич ) и да се поздравува со мене .. и гледа упорно во мене на часови и после и пред.. Ств. незнам што да правам дали да го прашам што се случува или да чекам што ке се деси ?!


    Ве молам помогнете миии.. !! Фала однапред
     
  2. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Го сакам ..

    Полека девојче. Каде брзаш ?
    Имаш четиринаесет години и размислуваш за љубов.
    Мување ? |( Без навреда - одвратен збор.

    Мене ова ми личи на :
    Ачка бачка више нема карачка, ако се смириме пак ќе се скараме.

    И, можеш ли да ја претпоставиш причината зошто всушност се навредил дотичниот господин ?
    Можеби си го навредила ? Или пак му е здосадено ?

    Кој ти знае. Прашај го што се случува, чисто да знаеш на што сте.
    Ако повторно продолжува да глуми намуртенко - откачи се од него ;)

    А, тоа дека го сакаш премногу ... Немај гајле, за недела дена друг ќе ти се допадне а на овој ќе заборавиш.

    Поздрав .. и, гледај малку во книгите, не само по дечковци :)
     
    На Caramelle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    А бе прашај го!
     
  4. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Имаш четиринаесет години и онака си кажуваш се мувам со едно дете од мојот клас. :?: Колку просто... Јас на сите едно им велам за врските оди-дојди смири се-скарај се, раскини! Вако само двајцата се мачите или расчистете го проблемот во врска со кој се карате или едноставно раскини па двајцата по својот пат. 8)
     
  5. devilbaby

    devilbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    девојче ти си премногу мала да се окупираш со вакви работи,ако е од твојот клас и тој е исто толку голем како тебе што значи не дозволувај да се заљубиш во него заради тоа што сеуште е мал и не знае да управува и да дава љубов.Јас сум 17 не сум ништо поголема од тебе ама на твоја возраст премногу приоритет и давав на овие мувања врски симпатизирања и сега сето тоа ми е здосадено и немам потреба и волја за него.Остави го нека те гледа симпатизира и поздравува,ако евентуално сакаш да бидеш со него остави му време да си ја покаже вистинската намера...ах и уште нешто на овие години машките се петлиња на секоја што ке ја видат им скока..така да уживај :)
     
  6. Caramelle

    Caramelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28

    Потполно се согласувам! :!:
    Нема потреба од толкава паника,прво не ти е време баш за заљубување...и второ не е ни прв ни последен! се´ во свое време....
     
    На devilbaby му/ѝ се допаѓа ова.