1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да заминеме во друга земја?

Дискусија во 'Брак' започната од eva11, 14 октомври 2012.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    сакам мислење да чујам и од вас пошто јас сум на два ума право да ви кажам :o :^)
    маж ми работи странсто еве веке 2 години по 3 месеци не е дома па потоа 1 месец дома и се така
    во таа земја јас имам мој братучет и он сака да не повлечи таму сите цела фамилија уствари мене и децата маж ми е таму веке он таму е роден и има пријатели и познајници вели дека ке ни најде работа стан се со ни треба дека ке ни помогне е сега маж ми вели да одиме сите да живееме таму ама јас некако неможам да се одлучам
    од една страна размислувам дека ке треба да почнеме од 0 допрва и домакинство од ноже и вилушка да ствараме децата како ке се вклопат јазик како ке научиме ама пак од друга страна јасно ми е дека и вака нема да може на подолга стаза да бидеме оделени цел живот сега ми е ок мене али ептен е себично да ми биде мене ок а да ги казнам децата да живеаат тука во македонија во сиромастија и беда знаеме какви стандарди имаме ние спрема европските земји и сега се двоумам дали да се нафатам па да спремаме документи инаку за 3 години престој таму добиваме и државјанство па затоа сакам да слушнам мислење и од вас драги феминки
     
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    дали да заминеме во друга земја???????

    Јас би ти советувала да си ги земиш децата и да одиш, тука нема што да се прави, само со нервози ќе се полниш, а и децата ќе бидат поблиску до татко им, целото семејство на едно место.

    Секој почеток е тежок али со тек на време ќе се навикнете и ти и децата, башка и ти ќе работиш, децата, ќе имаат поголемо образование.
     
    На srcekrsacka и eva11 им се допаѓа ова.
  3. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    дали да заминеме во друга земја???????

    Ех како би сакала и јас да добијам некоја ваква понуда БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ би ја ПРИФАТИЛА.........и тоа јас која на времето не можеше да смисли да живее на друго место освен во тоа каде е родена........ама сега во овие времиња не би размислувала да заминам туку со трчање би оддела :lol:
    А што се однесува до децата мислам дека тие многу побргу би се навикнале на нова средина од колку ние возрасните
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    дали да заминеме во друга земја???????

    Лесно е да се каже оди и не размислувај,ама не е така,ова и е родна земја тука и се родителите,роднините,што ако ја фати носталгија па за една година сака да се врати? а тука се ке продадат и ке остане на улица,јас знам многу парови што се одлучиле на таков чекор,и останале со прстите во уста,затоа би те советувал да размислиш многу убаво,зашто после нема каење,тоа е од мене.поздрав :)
     
  5. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    дали да заминеме во друга земја???????

    И според мене најдобро е да земеш куферите, да се спакуваш со децата и да си одите кај сопругот. Како што кажуваш имаш и братучед таму. така да ке ви биде мноогу полесно. Сигурно има курсеви, ке го научиш јазикот (знам по сестрата на дечко ми). Ке биде тешко, да, ке биде. Секој почеток е тежок. Ама тука во Мкд, тешко е да одгледаш деца. Со плати со кои едвај се подмируваат сметките и небаре останува нешто ситно за прехрана ретко да можеш да си приуштиш нешто плус. А децата ке си пораснат, ке бараат се повеќе и повеќе. Затоа, оди ем ке си бидете сите заедно со сопругот и заедно ке си ги одгледате децата, ишколувате, ке стекнете поголеми финансиски средства, па ако некогаш решитие пак може да си се вратите, ама овој пат ке можете да си отворите некој мал бизнис, купите солидно возило, стан...

    Изборот е Ваш!!!!!!!!

    Среќно!!!!! :)
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    дали да заминеме во друга земја???????

    Секоја генерација што ќе замине во странство е всушност жртва за подобра иднина на децата, ама тоа не значи дека и самите ќе имаат подобар живот.Децата брзо ќе научат јазик, ќе се образуваат во нивното школство,ќе секнат тамошни пријаели и ќе се вклопат целосно во странскиот систем за да можат да живеат рамноправно како сите. Додека на вас ќе биде целиот терет кога ќе отидете таму без ништо, како странци,без познавање на јазик, незнам какво образование имате за да барате нормална работа, во спротивно ќе треба да ги работите физичките работи како сите гастајбајтери и сигурно земјата нема да ве пречека со раширени раце и погача, поготово во оваа криза кога на глобално ниво е во криза за работни места. Рачунај дека тек за 20 години, кога децата ќе успеат, ќе го видиш резултатот од таа жртва, до тогаш ќе се мачиш и таму и овде, со тоа што овде си ги имаш родителите, пријателите, правата како рамноправен државјанин, образование во нашиот систем...
    Рамисли убаво за животот кој те чека наредни 10 години, дека воопшто нема да биде лесен и дека не е само спакувај се и секаде ќе се снајдеш подобро од овде.
    Сестра ми е мажена во странство, со маж странец со сите добри позиции и бенефиции, па на сестра ми првите 2 години и беше многу тешко, иако имаше идеални економски услови, да не мора воопшто ни да работи, ни да се замара за пари во животот. Замисли како е тек кога треба да почнеш од 0.
     
    На SkarletOHara и vitomir им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    дали да заминеме во друга земја???????


    Се сложувам со тебе,луѓево мислат тамо тече мед и млеко,и одма ке се збогатат,јас знам само ако те бива и овде ке живееш убаво,ако не те бива и на марс да отидеш бадијала ти е.поздрав
     
  8. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    дали да заминеме во друга земја???????

    Реков одам без размислување ама тоа е мојот став,а Ева секако дека размислува за тоа и треба, ама многу е полесно кога треба да одлучиш а знаеш дека матичната ти држава не нуди никакви услови за живеење или пак имаш за крпење од 1во месецот до 27 А ТОА НЕ СЕ УСЛОВИ
    Има вистина Micika80 но сепак таму одиш заради подобра иднина на децата и заради нив секој од нас би дал по некоја жртва па така и оваа,а овдека пак ќе даваш жртви за децата ама нема што да им обезбедиш и на крајот ќе закачиш и некоја болест на сите нервози што ќе ги имаш,затоа што реално животов во Македонијава наша стана НАПОРЕН.
    Ама пак ќе кажам ова си е мојот СТАВ.
    Во секој случај СРЕЌНО со што и да одлучиш Ева ;)
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Ризик е да останеш во Македонија, во денешно време, со денешниве услови за живот, ама ризик е и да заминеш во странство, нормално.
    Нормално е да се двоумиш што е подобро, па затоа стави на еден лист pro et contra и размисли што добивате, а што губите со тоа што ќе останете тука, исто и што добивате и што губите ако одите во странство.
    Од една страна, не одите сосема на слепо, мажот ти има некоја база таму, ете и братучед ти, па покрај него и ти ќе се снајдеш, а можете на децата да им обезбедите подобра иднина, или барем подобро образование, кое за жал тука го нема. Точно е дека нема никаде да ве пречекаат со раширени раце, ама пак од друга страна, никогаш не знаеш што ти носи животот. Ако останете овде, може постојано да се прашуваш „што би било кога би било“. Во брак си, а дали е брак ова што го имате, ти со децата тука, мажот во странство? За мене, тоа не е живот, не е лесно така да го одржуваш бракот, ти треба човек до тебе, не можеш ти да им бидеш и татко и мајка на децата. Ако не ја продадете куќата или станот што ги имате, секогаш можете да се вратите тука, ако не ви тргне.

    Додека се децата помали, полесно е. Полесно ќе се вклопат во друга средина. Тебе како мајка и како жена која можеби не го познава јазикот (не знам за која земја станува збор, ама не е ни важно) ќе ти биде најтешко, ама барем ние жените можеме да се носиме и со многу повеќе од тоа.

    Ние решивме дека не бива да бидеме разделени, тоа не е смислата на семејството. Одиме сите тројца во странство, прво на две години, а потоа ќе видиме. Куќата ќе ни биде тука, имаме каде да се вратиме, си имаме база. Мажот ми често патува, не дека вака нема да патува, ама барем нема да бидеме со месеци разделени како што беше случај досега. Решивме да ја искористиме шансата која ни се пружи и верувам дека нема да зажалиме. Ако ништо друго, барем да се заработи некој денар за детето. Не сакаме во иднина да се прашуваме што ќе беше ако беше вака или онака. Шансите во животот мора да се зграпчат, затоа што некои од нив само еднаш ги добиваш ;)

    Со среќа што и да одлучите!
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Можеби би помогнало ако напишеш за која земја станува збор, па некој ќе сподели сопствено или искуство од своите блиски за животот или фазите на адаптирање таму.
    Едно е да живееш во Англија, каде што сигурно ќе немаш големи јазични проблеми друго е Шведска на пример.
    Во однос на општественото, здраственото уредување истотака постојат разлики во одделни земји.

    Не сваќам само како братучед ти ќе ве повлече таму тебе со децата, а не маж ти кој е роден таму(и претпоставувам државјанин на таа земја). Повторно се враќам на првичното прашање за тоа која земја е, бидејќи во тие земји каде јас што сум запознаена не оди така едноставно братучедката и децата да ги земеш и работа стан да им најдеш.
    Во однос на почетокот од нула во однос а домаќинството е најмал проблем. Во најголем број од европски земји можеш да го откупиш намештајот од предходниот станар по смешни цени.
    А државјанство за 3 години постои во некои еу земји...но потребно е исполнување на голем број услови.
    Не е работата само чекаме да поминат три години и повели документот, има луѓе кои цел живот живеат низ европа па сеуште се со македонско државјанство. Не поради патриотизам туку неисполнување на тие милион услови и некомплетна документација.
    Инаку јас не би можела да живеам разделено со сопругот.
    Самата идеја 3 месеци не е тука, па после еден месец тука...според мене не е здраво за еден брак.
    На кратка стаза оди, али години години кога се во прашање, тоа би повлекло други проблеми.
    Деца ќе научат јазик, но зависно од земјата и видот на јазик кој треба да го учиш можно е ти никогаш да не го научиш. или барем не на ниво доволно да имаш асална работа.
    Колку долго ќе биде потребно да учиш јазик, и кога ќе почнеш да работиш каков тип на работа и колку платена би била таа.
    Таму нема баба дедо, еден мора децата да ги пречека од школо да седи со нив да не бидат сами.
    Скратено или полно работно време, физичка работа или нешто поедноставно.
    Си знаете колку заработува сопругот, колку кошта кирија и останати трошкови за цело семејство.
    Направете ја математиката дали и колку можеш да придонесуваш во домашнит буџет и дали би си ги покривале трошковите.
    Јас за себе си тргнала без многу мислење. Но во твојов случај не знам многу важни работи за да можам да се ставам во твоја кожа и да кажам што би направила.
     
    На gjoker4e, imelda и MacenceEna им се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Не те ни дочитав до крај, а не ги прочитав и другите мислења. Мој совет оди! Да сега некој ќе рече лесно е да се каже оди ама не е така. Па впрочем има ли нешто лесно во животот? Таму барем ќе си бидете заедно ти ќе имаш маж, а децата татко цело време, а не по неколку месеци во годината. Според мене многу е битно семејството да е заедно па поготово на вас ви се пружи таква шанса, не испуштај ја. Дозволи и на децата постојано да имаат таткова фигура до нив, а ти да си имаш маж до тебе, знам дека на почетокот ќе ти биде многу тешко, но направи го тоа за децата додека се мали не за друго многу полесно ќе се вколпат во таа средина и многу побргу ќе го научат јазикот. Овде леб и иднина нема кога веќе ти се нуди прилика за тебе и за децата не испуштај ја. Таму нема да си сама ќе си бидеш со децата, со мажот, ќе имаш секоја вечер кој да те покрие и да те бакне за добра ноќ, нели тоа е суштината на животот.
    Ти посакувам среќа!
     
  12. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    ева мој совет е да заминеш кај што ти е мажот па дури и братучед имаш таму,супер.. ПРИМЕР ако сега не заминеш а мажот ти работи во странство цел живот и не е секогаш до вас и почне да се плетка со некоја друга,не од што не те сака тебе туку ете му фали внимание,ем ке ти биде тешко ем ке се каеш што не си заминала тогаш т.е сега ..ова беше ШТО АКО.. оти сум слушала такви пример..дај боже цел живот да си бидете,среќни и заедно,секој тоа го посакува ..

    сеа јас ке ти кажам мојава случка:јас заминав од мк кога завршив средно,веднаш после матура,дојдов овде за да студирам и да сум со дечко ми ,оти тој доагаше еднас или два пати во два месеца и беше мн тешко таква врска да имаш.
    Кога дојдов овде незнаев ни еден збор од јазиков,ништо,бев ко изгубена,ко од марс да сум паднала..првите недели не ми беше тешко оти кај што требаше да одам да правам документи правеше се дечко ми и јас не осеќав никаква тежина,но после кога почнав на фах,кога незнаев муабет да напраам со никој а англиски никој не збори тука,кога требаше да спремам испити и кога нели како во секоја врска или брак има расправии,кога дојдоа и тие први караници сватив дека мене ми е многу тешко,ми фалеше мајка ми ,ми фалеше атмосферата дома кај моите,ми фалеше мојот град и луѓето што ги познавам,едноставно ми фалеше слободата што ја имав долу во мк ..

    искрено ми беше тешко додека да го пребродам тој период,ама благодарение на дечко ми ,го пребродив .. тој мн ми помогна да не паднам во депресија и сеа ми е убаво,се навикнав,супер ми е ...

    и ти така срце ке се навикеш имаш и братучед таму,некој твој што се вика .. јазик се учи ке одиш на курс ке научиш а децата ако се мали ке им биде уште полесно да се вклопат таму,ке ви биде убаво сите заедно на едно место,точно дека од нула ке почнете и ке биде тешко ама ако не ви оди таму секогаш можете во мк да се вратите а секогаш да добиеш ваква шанса да заминеш нема да имаш сигурно.Ке те фаќаат и моменти на носталгија за дома,за твоите ама ете сеа има скајп ке се слушате многу значи
    ти посакувам многу среќа ,па кажи ни што ке одлучиш :*
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Се согласувам целосно со danichap
    Сепак заминувањето во странска земја , за живеење и не е така лесно
    Посебно ако тргнуваш од нула
    А и документи така лесно и не се добиваат :?: еве да кажеме се решавате да заминете цело семејство. Прво треба да имате стан , каде би живееле ...и со една плата колку и да е голема дали ке може да издржува цело семејство . со се сметки за стан , здравствено осигурување и др др

    многу работи се и за и против одење
    Треба добро да се размисли
     
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    тука не продаваме ништо имам мој стан и кола и не продавам
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628

    Паметно,но сепак размисли си најдобро што можеш,лесно ни е нас тука да даваме совети,ти најдобро си знаеш.поздрав
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    еве ке појаснам малку подобро за добро да ме сфатите се работи за шведска ме прашувате со какви документи ? со бугарски пасоши сме сите а он е македонец само што работи таму и точно е дека мислењате ке бидат секогаш поделени секогаш ке има ШТО АКО ама таму бар ке бидеме сите заедно ке им оставиш подобра иднина на децата за нас мање важно инаку за јазик нема да е проблем оти таму англиски сите разбираат а со тек на време ке го науцам и шведскиот инаку децата се на возраст од 5и9год а за тука у мк имаме стан и кола и непланираме ништо да продаваме ако згусне ке си дојдеме :lol: :lol:
    а инаку братучет ми ке ни најде стан до нив у близина и башка таму има многу македонци срби босанци па ке биде полесно нема да ни биде лесно и таму ама и тука и мајка и татко сум и вака не е лесно уф се изнапишав ама се ми е побркано
     
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас да сум на твое место уште од сега ќе почнам да се пакувам. Ич да не се секираш за јазикот се учи многу брзо. Јас кога дојдов овде збор незнаев да кажам и за 6 месеци веќе зборев доволно да се разберам со луѓето. Друго е кога си таму, ги слушаш луѓето, на ТВ го слушаш јазикот одма влегува во уво.
    Ако имаш реална шанса да одиш ОДИ и не му ја мисли за назад. А за децата, тие полесно ке се прилагодат од тебе ;)
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    А можеш ти да ги оставиш на некој децата да ги причува на недела две, и да отидеш до таму? Па да разгледаш сама каде и колкав стан би можеле да си дозволите со платата на маж ти, каква е околината, да имаш реална слика каков би ви бил секојдневниот живот. Едно е да се прават математики на хартија, ама сиромаштија има во секоја држава, и ако со платата на маж ти можете да си дозволите само стан во кварт каде десет брави ќе ставиш на врата и пак ќе ти е страв да не разбие некој, или ако реалноста е дека ќе се стискаш во зип станче сите на купче, нема баш да е европскиот сон и нема да е јазичната бариера или носталгијата ради која ќе сакаш назад. На плус страна ќе си бидете сите заедно, ама ако нема од што да живеете подобро, и еден до друг за кавга ќе сте.
    Друго е човек сам да е, па и маж, не му треба многу, и како така ќе се снаоѓа, ама фамилијарно со мали деца и една плата е сосем друга приказна.
    Сестра ми и зет ми се во странство, ЕУ на македонски пасоши, ама работат двајцата. Со мали дечиња се исто. Веќе еднаш се откажаа, се враќаа во македонија, па ајде пак странство, па пак се мисли за враќање дека тешко и е да врзи крај со крај со нивните две плати за ќирија во мало станче, за сметки, за децата за школо, па за после школо активности, оти нема баби да чуваат деца, а ако не работат двајцата нема шанси да можат да останат таму. Во македонија стојат празни големи куќи секогаш спремни за ако некој се предомисли или едноставно не може да опстои, да се врати, ама дека во европа е сон за сите - не е! Егзистенција само може да е, само на друга почва.
    Од друга страна па мене ми е убаво во странство и никогаш не се враќам. Не се стискам во пет квадрата стан под кирија па да се мислам да се враќам ли во мк. Ама колку луѓе толку приказни.
    Сакам само очи да ти отворам кога размислуваш веќе, макар што верувам дека си одлучила и се што бараш е поддршка, ама дека оти е европа, не значи дека таа подобра иднина ти е гарантирана.
     
    На Moira, london-girl, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Шведска има висок стандард, добро се заработува но и трошоците за живот се огромни.

    Една обична работничка плата не е доволно за да се врзува крај со крај кога човек има мали деца.
    Можеби подобар живот одколку македонија но добро е да си се подготвиш ако ништо другона она што психички таму ве чека, бидејќи убавото додека дојде душа ќе ви излезе и многу пати ќе се запрашате дали вреди сето тоа.
    Тој баланс меѓу мајка, сопруга, домаќинка, работник и ученик...не секој го успева.

    Друг ритам е надвор од мак.
    Стануваш испраќаш деца на школо, одиш на јазична настава, па продолжуваш на работа, па се враќаш собираш деца од школо, па готвиш, јадете пишувате нивно па твое домашно...и полноќ дошло. И така цел ден, секој ден ќе се акаш по трамваите од еден до друг дел на градот.

    Ќе се молиш викенд да дојде за да можеш цел ден да переш, пеглаш, чистиш, пазаруваш...

    Странец си, ги работиш физички напорните и најмалку платени работи кои не сакаат швеѓаните да ги работат.
    За јазикот децата уште се мали, ќе се вклопат брзо. За возрасните многу потешко е. Кога ќе ја надминат дваесетата....

    Евентуално ако сте високо образовани со меѓународни дипломи или дефицитарни струки кои се барани во Шведска па со дополагања или тоефл со полесно и поубаво да си поминете.
    Инаку странец си е странец, плус и со опцијата на англиски сите ќе ме разберат....во други еу земји ниту за чистење не те земаат.

    Но :!:
    КАко и во секое семејство кое живее на запад, ќе имате полни плакари облека, полни фрижиери и ќе можете да си дозволите скромен одмор, и секако надеж за подобра иднина на децата.

    Имелда убаво кажа, ако е изводливо отиди прво ти сама.
    Види во каков стан, каков кварт би живееле, каква работа би можела да работиш и од кога, наставата на школо колку е интензивна...
    Не е толку розево во европа како што прикажуваат тие што идат еднаш годишно на една недела, посебно не за странец.
     
    На SkarletOHara, Moira, london-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ах Шведска е одлична за среден, мирен, досаден фамилијарен живот. Сега се враќам таму, единствено што многу ми смета е асоцијалноста, депресивните фаци, у Стохлом пош народот у константниот дожд хаха. Инаку реално трудот е ценет. Мислам дека во секоја професија има многу поголема почит одколку кај нас, јас искрено чистев и куќи, и фарбав огради и бев фотограф, и истражувач и ниту во еден миг не почуствував дискриминација и омаловажување. Психичка подготвеност треба и те како. Ќе ви фали понекогаш анархија мала и близина. Како и да е, е голем чекор особено ќе биде тешко за дечињата кои си имаат свој свет, и сега одпочеток, нов јазик, пријателства.