јас живеам во странство.можам да кажам поцнав од минус со кредит од македонија земен.вратив се првите години се тешки нормално.има убавини амо не е се розево.ако двајцата се работливи се живее добро.има два вида на луѓе:кои печалат и немаат многу раскош и особи кои дошле да живеат и шетаат и пак да остане нешто.никаде не е сјајно во светот економски гледано. ако се има добра работа во македонија никој не би заминал.сепак јас доаѓам во македонија редовно секој 3-4 месеци на 7-10 дена.и ке доаѓам.бев раздвоен 4 години со фамилијата али ја знаевме жртвата и се исплати.жена ми се вработи по факултетот од макединија сега јас барам по мојата струка нешто.како и сите сум работел се од бар обезбедување...али се средува со време се. сепак најбитно е што посакуваме во животот????ако имате добра работа во македонија не ви треба странство да почнете од нула. сепак пред да одлучите да одите направете есап што ке добите во странство што ке немате а што имате во македонија па тогаш ќе знаете на што сте.секогаш нешто ќе фали во животот. мојата животна приказна е успешна до сега јас сум задоволен али како што пишаа претходно има многу неуспешни. голем чекор али размислете пред да тргнете.им посакувам на сите да имаат успешен живот дали во македонија или во странство и секогаш првите години се најтешки
Луѓе што е за вас мед и млеко?? Македонија? Странство секогаш ќе ми биде мед и млеко за разлика од МК поради следниве причини: 1. Секогаш ќе добивам плата на време. 2. Со платата ќе можам да си дозволам стан и кола 3. Ќе можам без проблем да одгледувам деца 4. Дури и со не толку висока работна позиција ќе нема да морам да крпам крај со крај. Го зборувам од искуство, не ми се празни зборовиве. Сум работела и во Македонија и надвор, со добри квалификации. Надвор ми се ценеле, а во Македонија не. Во МК се ценат само врски, луѓенца мои. А да и партија ќе заборавев. Сум слушала разни паметувања од луѓе кои не стапнале подалеку од МК (што Србија ја сметаат за странство) дека ни надвор не било се розево. Што да ви кажам, во МК мед се утепува од течење од сите страни да се изнасмее чоек...
За некои воопшто не е лошо да се живее во Македонија.За оние што работат и што успеале пред брак и семејство да направат некоја кариера, убава работа, стан фала богу од родители даден, бидејќи на друг начин во ова време многу тешко, па и не е толку лошо..Но за жал и тоа станува се поретко и поретко...Со овие високи цени во последниве години, баш се крпи крај со крај...Не сум го искусила животот надвор и неможам да кажам..Но со сигурност знам дека и мојата професија и професијата на сопругот се многу ценети и доста високо платени за разлика од тука, така да верувам дека таму би живеела на доста висока нога, доколку би го работеле истото...Но е многу тешко да се почне од почеток..Признавам јас лично немам храброст сега тоа да го направам, но би дала се од себе моето дете да се школува надвор и да се тргне од Македонија...