Повеќе болат нештата што не си ги направил отколку тие што си ги направил, исто како што обично повеќе се каеме за пропуштени прилики отколку за оние кои сме ги искористиле ама не испаднало како што сме очекувале. Вечно ќе те гони она "што би било кога би било" и тоа не му го посакувам на никој. Подобро да искусам, да се впуштам во нешто убаво иако знам дека нема да трае засекогаш отколку никогаш да не пробам и да не знам. Нема врска дали станува збор за љубов, пријателство или нешто сосема трето. Не пропуштајте шанси луѓе, нема никаква штета од загубата, само научена лекција со што стануваме позрели. Еден е животот, нема да имате друг пат. Секогаш, секогаш би избрала искуство, загуба пред вечно прогонување на "што ќе беше ако пробав?".
Подобро никогаш да не ја доживееш радоста, да не го добиеш тоа што си го посакувал, да не го осетиш тоа чувство, за да се спасиш себеси од тага, обвинување, носталгија, непреспиени ноќи, заробени мисли во минатото прашувајќи се што и како ќе беше ако сеуште траеше таа среќа
Подобро е да имаш па да изгубиш,барем ќе пробаш. Ќе преболиш кога,тогаш. Ако немаш,нема што да изгубиш освен да живееш цел живот со копнежот. Исто е како прв пат кога ќе проодиш сам/а знаеш дека ќе паднеш и ќе те боли. Ама сепак пробуваш. Ако не пробаш нема да проодиш,и нема да паднеш,нема да те боли.
Зависи за што. Ако нешто било вистинско немало да заврши и да го изгубиш. Дали е тоа пријателство или врска, штом лошо завршило и те боли, очигледно тука нешто не било во ред. Тоа се памети со години и става кочница, блокада која трае долго. Секој почеток е убав, оти не знаете кој стои од другата страна. Како ги разоткривате работите, сфаќате дека тоа не е мед и млеко како што првично сте мислеле. За работа, шетање, не пропуштајте прилика, посебно за работа во странство. Многу луѓе се кајат ако имале прилика да одат во странство, да заработат, но од различни причини одбиле и после се мачеле овде, па им било криво. За раѓање на дете, мислам дека е подобро да немаш, отколку да го имаш, па да го изгубиш. Имам тазе пример од жена која 10 години немаше дете, и откако доби го изгуби за неколку дена бебето почина во болница. Трагично. Тоа само го крши човека.
Со оглед на тоа дека животот не е рамна линија, неизбежно е некаде да си повреден, нешто да изгубиш или да доживееш некаква болка. Некој еднаш ми кажа дека ако животот ти е без никакви предизвици и без осцилации горе-доле, исто како да не си жив и некако се сложувам со тоа. Така што, дефинитивно да имаш и да изгубиш. Не можеш да го поминеш животот без нешто да изгубиш и онака. ОК е да пробаш да се заштитиш од големи трауми и слично, но сепак, мислам дека стравот од загуба не треба да е предуслов за мотивација нешто да се добие. Секако зборувам за нормални нешта кои се дел од животот, и за нешта кои не би повредиле некој друг.
Ама тука имаме и друг момент: Be careful what you wish for because you might get it. Што ако го добиеш тоа што го сакаш и не е воопшто како што си замислувал? Ова мислам дека е најлошата варијанта . Од другите две барем за мене , да добиеш па да изгубиш.
Да имаш па да немаш од причина мои лично имаш повеќе искуство, од болката се расте, и знаеш што ти треба понатаму вистинско за тебе и си имал бар спомени...
А замислете само колку изгледа страшно никогаш да немаш ништо, да се лишуваш од емотивна врска, градење пријателство, да не посакуваш кариера каква што заслужуваш, матијални нешта, само за да се заштитиш од болката ако ги изгубиш. Која е поентата ако не посакуваме нешто, ако не целиме кон ништо во животот. Болката е дел од животот, мора да се научиме да преболиме и да продолжиме понатаму.
Јас сум била досега неколку пати во ситуација каде што имам нешто што сум посакувала, но може да го загубам. И секогаш сум бирала тоа. Да имам па да изгубам. Зашто така барем сум го искусила, доживеала, ги имам спомените итн, што е многу подобро од никогаш да сум немала. И во материјална смисла би постапила исто кога би имала потреба. Подобро да си ги удоволам нештата кои ги сакам дури можам, па ако еден ден не можам, здравје. Барем сум била среќна додека траело.
Јас целосно се сложувам во овај пост! Ако нешто би напишал би изгледало ама баш вака како што напишала @Amellie13 Шо би се рекло „Пишман ќе бидеш и вака и така“ ама од мое лично искуство повеќе се каам за работи кои сум можел да ги направам, а кои од х причини не сум ги направилм, отколку за оние што сум ги направил па макар и погрешно. Еднш се живее, а животот е краток.
Podobro da ne dozivees radost ,otkolku da ja zivees tagata,razocaruvanjeto...ponekogas covek tesko se vraka nazad i prodolzi da zivee bez traumi, predizvikani od seto toa sto sleduva ponatamu...
Некои работи вредело да се случат и си среќен за мемориите. Други е потешко за навикнување ако претходно си ги имал. Мислам дека сме среќни за мемориите ако е нешто сентиментално. Пример блиска личност, врска, предмет од голема важност. Многу ќе ни недостига од после ама ќе сме среќни дека ете, се случило. И дур траеше беше предобро и тие добри мемории и искуства те држат среќен, можи со грутка во грло али радо би ги имал тие мемории него да ги немаш воопшто. Инаку се согласувам дека е подобро да се преќини нешто дур е сеуште добро за мемориите да не се "валкани" и да боли секој пат ко ќе се присетиш на нив. Од друга страна мислам дека е материјално потешко да го имаш па да го немаш оти си на ивикнат на одреден стандард. Не се крепиш на сентимент ако го немаш, едноставно животот ти бил олеснет. Пример имаш машина за перење, ама после немаш и не можиш да си дозволиш и периш на рака. Трошиш време, поќе материјали и си физички поуморен од после него да ги ставиш во машина. Ама уште ја памтиш полесната опција, не е како бабите наши шо ја немале опцијата машина па ок му била алтернативата. Или имаш високо платена работа ама после си пронуден за работиш за помалку пари или ја губиш целосно. Пак си навикнат на еден стандард и си ко "поарно никогаш да не знаев како е да имаш, полесно ќе беше".
Многу често трчаме по нешто, и кога ќе го добиеме сфаќаме дека не е како што сме мислеле, и дека тоа и не не прави многу среќни. И тоа се случува. Мене ми се случувало да идеализирам некој, да мислам дека е подобар од мене, да трчам по него, да се трудам да бидам подобар човек, ама за кого? На крај сум сфатила дека тој некој е 3 нивоа под мене, така што многу е важно кон што ја насочувате енергијата.
Темава всушност е многу длабока. Повеќето првично претпоставувам дека помислуваме на љубовна врска, убава работа, убаво пријателство итн....Не би сакала да зборувам за тешки теми, но може да станува збор за мн поболни работи..... ете, не дај боже да изгубиш дете, да изгубиш брачен партнер (поради болест), да си живеел финансиски ок и да те снајде сиромаштија итн. Кога би си замислиле вакви ситуации не знам дали сите би одговориле дека е подобро да имаш, па да изгубиш. Иако јас одговорив така и сепак мислам дека тоа е она што го прави животот живот, факт е дека во пракса не е воопшто лесно. Сепак сум за првата опција А имало и ваква клетва: Да имаш, па да немаш А богами и песна Спојлер: Imati, pa nemati
За пари, подобро цел живот да живеам просечен живот, отколку да имам, па да немам. Оти тие што имале многу, па потоа со сплет на околности паднале во животот, не можат да се навикнат и за нив тоа е шок. Си сакам просечен живот.
За било што, бољи никогаш да немам. Одколку да имам па да изгубам... Ова лично мене психолошки ми е многу полесно мислам. Иако животот не е таков, во животот секако нешто ќе изгубиш. Втората опција е непостоечка утопија. Желба... Не може да биде реалност... Секако буквално секој човек нешто ќе изгуби, ако ништо друго, на крајот ќе го изгуби животот
Подобро да имаш па да изгубиш. И така работите во животот здосадуваат кога-тогаш, хаха. Освен ако не е прашањето сведено на живот или смрт за такво нешто е морбидно да се дискутира.
Можеш да сакаш некој, но сепак да одлучиш да не е повеќе во твојот живот. Може да ти недостига личност секој ден и да бидеш горд дека не е повеќе дел од твојот живот. Овие две моќни пораки од Oprah Winfrey. Низ животот секој поминува низ болка, низ тешки моменти. Не вреди да не се сака нешто што можеш да имаш, заради страв дека ќе се изгуби. Да, би одела на тоа да имам па да изгубам. Се е лекција во животот, зависи како ќе ја научиш и прифатиш.
Да имаш, а да изгубиш. Така повеќе мудрост се стекнува. Никогаш да немаш под дифолт не е можно, бидејќи секогаш секој добива нешто, а дали ќе задржи во животот тоа е сосема друго.