Дали да имаш, па да изгубиш или никогаш да немаш?

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 1 мај 2021.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    Внимателно ги исчитав сите мислења на темава.
    Па ајде и сама да си одговорам на моето прашање :)

    Факт е дека и во едниот и во другиот случај ризикуваме нешто. Ако имаме, па ако изгубиме, добиваме болка, но и искуства и спомени.
    Во вториот случај сме заштитени од евентуалната болка по загубата, но ризикуваме да имаме празен живот.
    Да, празен. Затоа што, која е поентата да живееме без никакви искуства, без никакви емоции, без доживувања, без спомени?

    Лично јас, во моментите кога ми е тешко, „бегам“ некаде во минатото, во спомените. Тие ми се пристаниште, но и ме исполнуваат со надеж дека штом некогаш се случиле убави нешта, сигурно пак ќе се случуваат.

    Не би сакала празно секојдневие. Не сме роботи. А и не сме вечно тука... Затоа според мене е подобро да ги зграпчиме шансите, да го процениме ризикот и да живееме, а не само да постоиме од ден за ден штитејќи се од (евентуални) негативни емоции.
     
    На Bezimenka90, Pacifist, minne992 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lora02

    Lora02 Нов член

    Се зачлени на:
    5 мај 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Подобро грешка неголи пропуштена шанса. Ако ја имаш таа шанса искористија колку што можеш најдобро. А за последиците не мисли, ќе траат 2 3 дена ама ако ја пропуштиш шансата ќе неможеш пак да ја вратиш, прави го тоа што те прави среќна бидејќи само задоволениот човек е среќен. Човек кога умира најмногу криво му е за пропуштените шанси. Затоа не чекај искористи ја не мисли на последиците.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    2.408
    Пол:
    Женски
    Никогаш да немам, страв ми е од губење нешто што го сакам било човек, шанса, работа итн.:)
     
    На FridaodaMk, hermosa и Ajronmen им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    25.567
    Пол:
    Женски
    Не сакам губење . Подобро никогаш да немам , отколку да имам па да изгубам .

    Не ми е страв ниту од болката , ниту од загуба . Едноставно не сакам кога губам .
     
    На Tanjamm и hermosa им се допаѓа ова.
  5. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    Насловот на темата ме потсети на еврејската изрека - да даде Бог да имаш, па да немаш, барем така велеше проф. по маркетинг од средно.Не можам да одлучам, зошто? Да немам значи никогаш да ја почувствувам љубовта на најмилите, да не можам да пружам радост, насмевки на саканите. Што ќе ми е живот без тоа? Да имам, па да немам значи огромна загуба, голема болка и тага за мене. Не би можела да го издржам тој товар, би исчезнала и јас..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.060
    Пол:
    Женски
    Не знаш ти како је имати па немати..... :D Дефинитивно потешко е да имаш па да го изгубиш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Најчесто го практикувам второво. Секогаш ми изгледа како помал ризик. :drunk:
     
  8. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Според мене подобро е да ја почуствуваш среќата и да ризикуваш отколку никогаш да не го доживееш тоа убаво чуство.
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Никогаш да немам, ако никогаш немам нема ни да знам колку вредело. Не сакам да имам нешто, па да изгубам, тешко поднесувам губење на нешто што ми значело.
     
    На Bezimenka90, Lavender4 и hermosa им се допаѓа ова.