Форумџика на годината

Дали да му се вратам на бившиот дечко?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од snowflake1818, 12 април 2010.

  1. snowflake1818

    snowflake1818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Ве молам помогнете ми , дајте ми некое мислење за ова оти стварно незнам што да правам. :sweat:
    имам дечко кој е премногу добар со мене, ме сака и поштува.јас него го сакам и поштувам исто така,али не го сакам како што го сакав бившиот. :( бившиот го сакав премногу .. не сте ни свесни колку !! затоа раскинувањето за мене беше многу болно (сечев вени за него :( ). сите ми викаа дека и он ме сакал премногу ама јас не верувам во тоа поради сите работи што ми ги направи и ме повреди.со тек на време решив дека не е вредно да трчам по него зашто тој не ме заслужува.така после 4-5 месеци трчање по него - го баталив. решив некако да го заборавам и мислев дека сум успејала.се фатив со тој што сега ми е дечко и супер ми е. но бившиот на му требаа тие 4-5 месеци да сфати што изгубил и сега ме моли да се смириме.го прави тоа што јас го правев со него - ме моли. мене ме боли тоа што така ме моли зашто знам како му е оти он мене така ми праеше - се понашаше ко да не постојам. осеќам нешто за него, нешто што останало од тогаш. но несакам да го откачам дечко ми поради некој кретен што ме повредил премногу. незнам што да правам :(

    HELP please... :|
     
  2. Lollipop

    Lollipop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Незнам колку години имаш, ама само да знаеш дека вазна што се скршила и да се залепи никогас нема да биде иста...малку е метафорично ама мислам дека ке разбереш.Како и да е ако врската со сегашниот дечко ти е убава и те исполнува немој да дозволис да си ја расипеш заради нешто што подоцна ке се каеш многу.Така да земи си два три дена да се повлечес сама во себе и убаво да размислиш дали навистина вреди да го оставиш сегашниот дечко заради бившиот...позз и се надевам дека ке ти помогне советот :)
     
  3. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Никогаш не навраќај се на минатото,бидејќи никогаш нема да е исто.Јас на твое место би седнала некаде во тишина и на еден лист би ги напишала добрите и лошите работи кај двајцата.Се надевам дека така ќе ти е полесно да одлучиш.Само добро пази за да не се покаеш за изборот подоцна.Среќно! :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.518
    Допаѓања:
    201.544
    Пол:
    Женски
    Без разлика колку го сакаш, и колку тој те сака, нема да биде исто... не бива плукни, залепи - мислиш дека ќе биде подобро отколку што ви било ако се смирите? Не знам, јас на твое место не би се вртела назад - колку и да го сакаш, ќе го преболиш, млада си, животот е пред тебе - и запамети - никој, ама баш никој не е вреден да сечеш вени по него!
    Не ми е јасно, велиш дека те повредувал, и пак сакаш да си со него :?: И дали мислиш дека нема пак да ти го направи истото ако му дадеш шанса?

    Ти си знаеш најдобро... поздрав!
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Комплицирано е..ама претходните девојки ти кажаа..биди сама некој ден добро размисли..и срцето ке ти покаже што треба да направиш..Колку и да ти кажуваат други што треба и зашто, јас мислам ти најдобро сама ке знаеш...не значи ако претходно не чинело пак нема да чини..И исто може ако не било се во ред може пак да биде така..Тоа зависи од двајцата.За се во животот постои втора шанса.
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    После сите работи што толку многу те повредиле, не вреди да му се вратиш. Сега ти вика дека ќе се смени и дека нема пак да те повреди, ама кој може да ти гарантира дека стварно се ќе биде во ред? Ако еднаш се однесувал така, може пак да биде таков. На почеток ќе биде добар со тебе, ама кога ќе виде дека пак ја има твојата љубов, може пак да се врати на старото однесување. Ако сегашниот дечко се однесува добро со тебе и ако си среќна со него, тогаш нема потреба да се враќаш на стариот. Сега викаш дека бившиот си го сакала премногу, ама со тек на време ако ти е убаво во сегашната врска, можеби овој дечко ќе го засакаш и многу повеке од претходниот. А да бидеш во врска шо цело време ќе се карате па смирувате, и да плачеш по цела вечер за него, тоа не е вистинска љубов. Таква врска ти нанесува само болка и нервоза. А љубовта не треба да биде болна. Подобро да бидеш со овој сега што те почитува и се понаша убаво со тебе, отколку со претходниот што си го сакала а ти нанесувал болка.
     
  7. snowflake1818

    snowflake1818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    пред се фала на сите што се обидувате да ми помогнете бидејќи ова многу ми значи :angel:
    иначе Annath искрено ама има нешто што ме влече накај него и покрај тоа што толку ме повреди :worried: . како и да е, јас сакам само муабет да направам со него само колку да видам што си размислува он (иако мислам дека е подобро никогаш да не му се вратам). СЕПАК ПОВЕЌЕ БИ ГО САКАЛА ОНОЈ КОЈ ЗНАМ ДЕКА МОЖАМ ДА МУ ВЕРУВАМ, ДЕКА МЕ ЦЕНИ, ПОШТУВА И МЕ САКА .. а не некој ради кој сечев вени и трауми имав.
    сеа баш се сетив и на она што го викаат:
    - ДА СЕ ВРАТИШ НА СТАРАТА ЉУБОВ Е ИСТО КАКО ДА ЧИТАШ КНИГА НА КОЈА ВЕЌЕ И ГО ЗНАЕШ КРАЈОТ...
     
  8. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    tokmu mislev da ti ja prikacam porakata
    ama ti si go napravila toa pred mene :) a kako sto kazaa drugite devojki da ne se povtoruvame navistina ako te povredil tolku mnogu kako mozes pak da misles na nego :^) toj e zavrsena prikazna na koja ne bi se vrakala od licno iskustvo ti zboruvam bidejki i jas imav slicna situacija kako tvojata samo sto jas ne secev veni po nego no sepak toj me povredi mnogu so zborovi i na kraj isto taka me molese no jas ne mu se vrativ zatoa nemoj nikogas da ;( za onoj koj go sakas bidejki ako i toj te saka nema da te natera da ;( :)
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Девојче и јас ќе се согласам со предходните девојки.Си се изјаснила дека имаш се во сегашната врска.Љубов, взаемно почитување... Што е она во човекот да уништува се што створил? Уживај си во врската и не му се враќај на бившиот кој те повредил, доколку не сакаш на крај да останеш без ниту еден.И извини што ќе прокоментирам, озбилна беше дека си сечела вени за него ( гледам нема смајли :o ) ??? На твои шеснаесет години? |(
     
  10. snowflake1818

    snowflake1818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    да вистина е бидејќи за 1 пат осетив дека сакам некој искрено и поради тоа разделбата многу ме болеше :( ... али живот иде даље :)
     
    На cvetelina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    И он знае ли дека си сечела вени за него?
     
  12. snowflake1818

    snowflake1818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    многу нормално дека знае.
     
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Многу јасно дека живот иде даље...Доста незрело до твоја страна да се самоубиваш за дечко на таа возраст! Ти си сеуште дете и не можеш ни да претпоставиш какви се проблеми ќе те чекаат во иднина, а ти си посегнала по својот живот за љубовен „проблем“ кој по неколку години ќе ти биде смешен. Значи никако смирување со старата љубов, постои ризик пак да те повреди и тогаш што следува.Пак ќе сечеш вени ? Позз и секое добро
     
  14. snowflake1818

    snowflake1818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    помина тоа. сега знам дека не е вредно тоа да го правиш поради некој си кретен што си нема поим од тоа како е да сакаш. мислам дека сега се моите 5 мин. сега е мој момент да му вратам за она што он мене ми го правеше. :devil:
     
  15. sneki4ka.sweet

    sneki4ka.sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали да се смирам со бившиот или не?

    Девојки дајте ми совет ве молам. Првин вака бевме во врска со бившиот околу пола година,и раскинавме заради некои други бидејки му ја наполнија главата нему со глупости но најболно беше тоа што откако раскинавме јас непрекинато го барав а тој не ми ни креваше,тој сфати дека сум залљубена ви него и почна да крева нагоре и ме потценуваше.Поминаа 10 месеци јас сум сеуште без дечко но и тој исто така без девојка.Еден период неоддамна почна повторно да ми звони,пиши и слично.И еден ден ми се јави да одам кај него да се смириме и јас отидов бидејќи и ми рече дека ако сум отишла кај него се ке се сменило,но сепак не излезе така вечерта беше многу добро но едно ме зачуди сакал да продолжиме но тајно,не знаев што да правам па се согласив.Другите денови после тоа пак беше истата песна како од порано не се јавува ниту ми обрака внимание,и му пратив порака да не ме бара повеке но штом му свртев грб пак поцна да ме моли,и сега не знам што да правам.Дајте помагајте
     
  16. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Дали да се смирам со бившиот или не?

    најпрво седни со него и убаво разговарај за се што се случило и дали ке продолжи така да се однесува и доколку не сака да се промени најдобро е да се оддалечиш од него ... до колку сака тој да ви се подобри ситуацијата и ако те доволно сака ке докаже.
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дали да се смирам со бившиот или не?

    Ако сака тајно да продолжите,значи тој сака да си седне на повеќе столчиња, ако не и да си прилегне.
    Да сакал нешто посериозно,не би било тајно,но очигледно планира и нешто настрана да мувне.

    Со тоа што те моли,само сака да те збуни,да паднеш во неговата стапица.Сака да те има и тебе,ама да не биде премногу обврзан спрема тебе,затоа нејќе ни да ја официјализира врската.А ако те сакал,немал ни да верува на глупостите кои му ги зборувале другите...И чим прифатиш да си со него,оп,одма смета дека те фатил,и може да си тера по негово.

    Така да,според мене,шутни го и барај си асален дечко,кој ќе знае да те цени.
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    4.545
    Дали да се смирам со бившиот или не?

    Немој да се смируваш со тој мочко. Ако сака да имате тајна врска, значи дека има друга или сака да се гледа со други. А чим дозволил да му ја наполнат главата, нема емоции за тебе. Размисли девојко, чим од прво му ја наполнале главата па ти раскинал и после толку време те побарал, кажи ми која би можело да е причината? ;) Ти текнува?? Ете, за тоа сака да се смирите... Тоа е кодот на тајната врска... Јас и ти тајно ќе се гледаме и чат пат секс, а ти не кажувај на никого пошто си имам и други.

    И во никој случај нема да плачеш за него или да го бараш !
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Дали да се смирам со бившиот или не?

    Одговорот е во тебе: што ти всушност сакаш да направиш? Да се спасиш себе си или да го дохрануваш неговото его?
    Еве вака, замисли си еден имагинарен кантар,од едната страна стави го сето добро од врската, а од другата лошото и види што ќе преовлада.
    И самата си свесна дека те потценува, знаеш низ каква голгота минуваш со него, имаш комплетна слика за вашата таканаречена врска.Појди од самата себе си: дали би го криела оној што го сакаш? Не, едвај би чекала да бидеш со него и да го држиш за рака, цел свет да ве види!
    Премногу си вложила во таа промашена инвестиција.Колку и да ти е тешко ќе мора да изрджиш и да го оставиш во минатото, а ако избереш да продолжиш да трчкаш по него, ќе си помислам дека си мазохист.
     
  20. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Дали да се смирам со бившиот или не?

    Не враќај се на бившите. Не јади ги истите г*мна по два пати.
    Да је био добар, не би био бивши.

    За твое добро кажувам, немој да се налутиш. Ти си му резерва. Најверојатно.
    Дај боже да грешам, а тој многу да те сака. Да се земете и да си имате среќен брак и многу дечиња.
    А ако не грешам,
    Дај боже да му се врати полошо, да си најдеш некој поубав и подобар и со поубавиот и подобриот да си имате среќен брак и и нему да му родиш дечиња. :*