И? Што не е ти јасно тука? Батето сака да си седи на две столчиња. Те неќе тебе, па не ја сака неа, па ти се извинува тебе, па ја моли неа, и? Да сте доволно паметни двете да го откачите, па да си ја чука главата сам. Вака барем имај си ти достоинство и повлечи се. Не дозволувај да бидеш нечија марионета која постојано ќе му е на лагер дури лепотанот да се одлучи што сака. Тоа не е љубов. Ако некој доволно е сигурен во себе и своите чувства, нема жива сила што ќе го тера така да се двоуми. Сите извинувања и остало се само изговори поради грижа на совест, но не значи дека неговото однесување ќе се смени, ист ќе си остане. Дури може и по трета ќе се полета. Не дека нема да ти е тешко, ама мисли на себе. Перфектно те сфаќам, ама од искуство ти кажувам и со најдобри намери. Со сето ова ти докажал дека не му вредиш доволно за да би те чувал само тебе. А запрашај се што си ти подолна и поневредна, па да чекаш на него да се одлучува? Јас така постапив. Кога видов дека е ем ми иска, ем ми стиска ситуација и кога после милиони разговори, испишани реферати и свашта, само во круг се ударав од непробиен ѕид, толку. Заблагодари му се за сѐ досега и пријатно, место веќе за тебе во мојот живот, нема. Сама треба да си бидеш доволно свесна да му го олесниш “изборот.“ Сѐ дури така се влечеш и се залажуваш, само на себе ќе си отежнуваш. Или крај краева, ако го сакаш потешкиот начин, дај му шанса да избере една, под услов дека ако уште еднаш заебе - толку. Ама ќе ти треба многу трпение и среќа.
Јас мислам дека не си направила нешто како што треба,можеби не си му посветувала доволно внимание или слично,кога на некој не му посветуваме доволно внимание ни враќа со иста мера.За се постои некакво објаснување само треба да се обидеш да го пронајдеш,затоа те советувам да разговараш со него и да ти објасни зашто реагирал така спрема тебе,ќе ти го даде одговорот што ќе сакаш да го слушнеш,но само ако срцето те влече да разговараш со него.Секогаш слушај го срцето што ти кажува а не луѓето,затоа што срцето ни е единствениот вистински пријател што секогаш ќе има љубов за тебе.После разговорот со него одлучи дали сакаш да му се вратиш,но ЗАПАМЕТИ follow ur heart not ur brain.Tи посакувам се најубаво,и да ја најдеш најголемата љубов за тебе.
Штом нешто те кочи значи и ти самата не си сто посто сигурна дека сакаш да останеш со него. Јас би ти рекла вака: прво седни и отворено прашај го и зборувај со него за вашиот однос ама не што ти мислиш и сакаш, туку што ТОЈ мисли и планира да направи во иднина за вашата врска. Ислушај го убаво, а потоа смирено кажи му дека те повредил многу со тоа што ти го сторил, што си очекувала од вашата врска и што си добила. А потоа кажи му што очекуваш од него (во случај да му се вратиш), ама биди цврста и одлучна и не дозволувај си да паднеш на неговите убави зборови. Во спротивно, направи го истото ама на крај откачи го. Во секој случај се останува на тебе. Ти самата знаеш најдобро каква ви е ситуацијата. Дадов само добронамерен совет, другото е твое И се согласувам со Shortie дека треба да се следи срцето, ама понекогаш е добро да го следиш и разумот. И уште нешто - трпение, спасение.
Нати јас мозокот го користам само да ги извршувам физичките работи преку мислата се разбира,мозокот и срцето се другари,ама мозокот не е секогаш искрен со срцето па затоа има негативни мисли зошто се скарале.Со убава мисла секогаш ќе другаруваат и секогаш ќе се сакаат.ЉУБОВТА е спасението. ЉУБОВ И ДО ТЕБЕ.
Shortie не знам дали некоја друга некогаш ќе му посветува толку внимание колку што му посветував јас,ама изгледа и тоа ми беше најголемата грешка.Сепак ви благодарам на сите за искрените мислења. Ако има некоја новост ќе ве известам
Барби што бидна, нешто ново? Инаку сакав само да ти кажам дека понекогаш премногу внимание и штети на врската. Премногу добро и не е на добро. Еве јас на пример, му го посветив целото мое внимание и му верував целосно за на крај да добијам лаги и криење. Заедно сме, ама се уште не можам целосно да поминам преку нив и да му простам. А од тоа што ми го направи научив дека се треба да се прима со резерва, да не им се верува 100%, а и животот не се врти само околу нив, па да им го посветиш целото твое внимание. Добро рекле, верувај но проверувај Поздрав, и се надевам на позитивни сигнали, се надевам дека проблемот е решен
..Јас не знам навистина какви совети барате овде Сами си го знаете одговорот,нели?? Вас ве плаши помислата дека нема да можите без него,да го преболите итн итнн...со такви мисли нигде нема да стигните,да на почетокот е тешко но со време СЕ се лечи. И не заборавајте да си ја ставите гордоста на ПРВО место,јас знам дека не е така во сите случаи ама најважни сте ВИЕ, тој тебе корпа-ти него дупла корпа пошто секогаш ке ве моли..
Nati нема ништо ново. Не ме побара,јас не планирав ни да го барам после се што ми направи,а читајќи ги мислењата на повеќето девојки овде сватив дека не ме заслужува повеќе,не заслужува ни малку од моето внимание. Јас уште на почетокот згрешив...Премногу му верував,му простував,целото мое внимание му го посветував (а забележав дека кога почнав така да се однесувам,дечкото си ја крена малку цената),за после да ми каже дека сватил дека не ме сака,дека ја сака бившата и што е најлошо од се да каже дека не сме имале врска туку сме биле заедно само за забава.Не знам кај му беше паметот,али тоа е Па можеби сега си е среќен со бившата....со мене не беше,зашто праев се за него. Знаеш како е, ги сакаме тие што не игнорираат,а ги игнорираме тие што не сакаат и што би направиле се за нас.
Пробај да не мислиш на него. Не знае ни самиот што сака. Ако еднаш направил нешто и те повредил, ке те повреде пак. Сака него да му е убаво, мислам дека воопшто нема ни да помисле на тебе кога нема да биде пак сигурен дали те сака тебе или не. Заврти се девојко и гледај си напред. Нема иднина со таквите мажи
Знам како ти е, те разбирам во целост. Моментите кога ќе осетиш дека ти недостига и кога ќе помислиш на него исполни ги со нешто друго, со некое хоби, земи некоја интересна книга, изгледај некоја комедија, едноставно дистанцирај се од тие мисли. Излези, прошетај со другарки, исполни си го времето, па нема да се доведуваш во ситуација постојано да мислиш на него. Пушти го мозокот на пасење, што се вели. Ќе видиш по некое време, ќе забележиш дека и нема да мислиш толку на него. А со бившата не се замарај. Дигни глава и биди храбра и горда. Покажи дека ти не си личност која ќе ја газат. Биди цврста и одлучна. Се надевам дека барем малку ти помогнаа моите зборови. Секогаш е потребна некоја личност што ќе те разбере, едноставно да имаш на кого можеш да му кажеш се и да си ја олесниш душата. Ако имаш потреба обрати ми се
Nati ти благодарам премногу за советиве Ќе пробам да мислам на други работи,па можеби ќе го заборавам
Со дечко ми бевме во врска 9 месеци. Пред 12 дена раскинавме. Јас му раскинав иако несакав. Но периодот пред да раскинеме некако многу ми беше променет и јас цело време му викав и се карав со него зошто е таков зошто се понаша чудно. и он ми викаше цело време дека е океј. и денот пред да раскинеме видов на фејсбук кај него дека зборел со другар еден дека сака да ми раскине пошто сум го нервирала пошто цело време се карам, и дека неможе да ме трпи. следниот ден убаво размислив за се што се случи изминатиот период и сфатив дека стварно СУМ претерувала. ама не до толкава мера да ми раскине. Истиот ден тогаш му се извинив дека така сум се понашала(а он незнае дека јас ги знам разговорите на фејсбук со другар му) и му раскинав. Он ми кажа само океј, со маааалце мислам дека насолзени очи ме гушна и се разделивме. од тогаш немаме правено муабет,што е мислам дека сега за сега нннормално но ние учиме во исто школо и кога ќе ме види во школо не ми вика ни здраво и некако како да ме избегнува.. мене ми беше океј деновиве без него ама сега ми е тешко и ми фали, највеќе ми фалат разговорите со него..и незнам дали да му се вратам? иако јас бев и сум многу повредена од него.. што би направиле ако би биле на мое место? би му се вратиле? и ако да, како? (немам искуство со вакви работи затоа што овој ми е првиот вистински дечко и сериозна врска до некој степен..) фала однапред
а со што те повредил? па чим убаво си размислила и си сфатила дека си претрала зошто си раскинала со него ? ако го сакаш , ако ти е убаво со него зошто да не му се вратиш јави му се договорете се да се видите кажи му дека имаш нешто за што треба да разговарате и кажи му се што ти лежи на срце . среќно
заборавив да напишам дека кога збореше со другарот на фејсбук ме нарече КУЧКА. и тоа мене ме повреди.. и затоа решив да му раскинам пошто не сакав да бидам со некој што ме нарекува кучка пред некој другар, тоа покажува колку ме почитува он мене.. ама сега мислам дека тоа он само го напишал така во нервоза.. незнам уствари мислиш дека и покрај ова би можела да му се вратам? а како да му пишам? фејсбук е добра идеа или лоша? или во школо лице во лице(иако незнам колку имам храброст)? и што да кажам? :/
stefani3 како прво си направила огромна грешка според мене што така си се понашала со дечкото.....стварно и секој при толкав притисок во лутина ќе каже нешто што не сака но сепак не го оправдувам и него.....тоа што ги читаш неговите разговори на фб со другарите и тоа е грешка му ја нарушуваш приватноста и уште повеќе го отргнуваш од себе пак и капак си му раскинала......затоа не сака да разговара со тебе поради тие причини.......за да се поправиш можиш да му пишиш на фб да се сретните некаде и убаво да си кажите што ви лежи на срце, што ти пречи кај него што доведува така да се понашаш и поради кои причини тој те избегнува..... додека ако не ти одговара на фб ете учите во исто учичиште појди кај него и лице во лице прашај што е работата извинете се двајцата па белки ќе се смирите, совет од мене тоа од друг можеби подобар сепак ова е машки совет полн со недостатоци од тебе зависи како ќе постапиш со среќа
ти најдобро го познаваш така да за тоа сама одлучи дали било во нервоза кажано или стварно го мислел.. ти самата треба да си свесна дали сакаш да му се вратиш или не. размисли убаво па одлучи. и не му пишувај на фејсбук него мислам дека е подобро лице во лице ама секако не во школо , излезете некаде после школо на некое мирно место и разговарајте. ако немаш храброст тогаш пиши му на фејсбук или пиши му порака дека сакаш да се видите .. кога ќе седнете да разговарате сама ќе ти надојдат зборови среќно
Фала ви за советите му пишав на фејсбук, и го замолив да се видиме. се испонаша како идиот и ми кажа дека нејќе да се види со мене, барем не у скоро време :/
Мислам дека не треба да му се вратиш. Тој те повредил, и дур бил и се забавувал со друга ти си плачела. Ако мислиш дека не те заслужува, не му простувај. Според мене..
Јас никад не би се вратила на бифш.Првин бифш е со причина второ не лижам тоа што сум попљукала.Не вреди женски живот иде даље.