1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да продолжам или да го оставам?

Дискусија во 'Разделби' започната од barbie11, 16 април 2011.

  1. barbie11

    barbie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Епа вака .. имам 18 години, а со дечко ми сме во врска 1година и 7 месеци кој има 19години. Значи врската ни беше многу супер од секоја гледна точка, но во последно време поточно последниов месец како да се смени нешто...секогаш беше нервозен, само мене ми се истураше, за се го разбирав дури и некогаш иако ќе ми изнаречеше многу работи секогаш попуштав посебно последниов месец што и да ми направеше само јас бев таа што попушташе... и се случи значи два пати додека бевме излезени да ме остави .. ќе се налутевме нешто и ќе си заминеше.. значи во 2 часот се случи да ме остави сама и да си замине, и јас глупава пак тропнав кај него на врата ... помина сето тоа .. ама почна пак со инаетот и уште една ме остави во 2 часот сама да си идам од чаршија и од тогаш се одлучив повеќе да не го барам да видам дали ќе попушти дали ќе ме побара.. И еве цела недела ни ме бара ни го барам ... немаме никаков контакт значи ме изолира скрос си излегува со пријатели се како да му е во ред а јас седам дома и мислам што ке биде и на што сум .. незнам што да правам ве молам совет :(
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Излегувај и ти. Воопшто не е убаво што така те остава. девојка ти сама во 2 навечер. Ало каков човек си ти ??? ...
    оттргни се. Ќе го здоболи и ако те сака ќе се врати. Не си должна да се мачиш психички.
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Ццц ненормален сама да те остави во 2 саат. :fubar:
    Остај го нека праи што сака,па може еден ден ќе свати.
     
  4. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Недозреан... само тоа може да се каже за да се опише тип кој остава девојка во 2 сатот...
    Во врска со нервозата сте разговарале?Да не има некој проблем за кој не сака да ти каже?
    Незнам чудно е преку ноќ да се смени...
    Во врска со тоа што не те бара,остави го!Продолжи си со својот живот,не се врти светот околу него!
    Има многу риби во морето...
    батали совети... џабе е се додека сама не си речеш дека е готово....мораш да поработиш на тоа да го заборавиш... не очекувај дека ќе е преку ноќ ама пак ке биде и тоа како...
    сум била во ваков проблем... 2 год врска и на крај ме остави така како и тебе..без причина без да каже збор... ама стегнав заби и издржав!
     
    На barbie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. barbie11

    barbie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во врска со нервозата всушност се работеше за тоа што немаше време за самиот себеси .. од сабалје теретана па на училиште втора смена па потоа одеше по една ветеринарна бидејќи учи ветеринарно и така.. али сепак изгледа времето што го поминуваше со мене и тоа му беше терет :worried:
    Тоа што не е лесно не е воопшто лесно бидејќи ова не личи на нас .. без збор да раскинеме а врската на фб уште не ни е прекината се прашувам дали ќе ја прекине .. сепак тоа е тоа ..морам и јас еднаш како што викаш да стегнам заби и да издржам иако ќе треба мноогу време :worried: :(
     
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Барби можеби му треба малку слобода. :?: Остави како што е. Не го барај, па можеби и самиот ќе се кае и ќе моли да ти се врати.
    Да сум на твое место јас на фб би се направила слободна и онака тоа не ми значи.
    1 и 7 месеци не се мал период. Чудни се ова машкиве. Знам дека ти е премногу тешко. Не сакаш да раскиниш со него, го сакаш, но сите знаци покажуваат дека нешто не е во ред.
    Можеби еден добар разговор да помогне? :?: Ако има некој проблем натерај го да ти каже. Глупаво е таква врска да заврши на ваков начин.
     
  7. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Зошто се одлучил на такви чекори како ветеринарно или вашата врска.... кога човек не знае што сака со себе си прави така!
    И јас учам и имам врска и имам обврски со невладини организации па имам и време за самата себе,а тој нема? те молам тоа се приказни за мали деца.. да не си бараше тој причина за да те откачи?
    ајде врати го филмот наназад... да не има нешто што не го знаеш,некоја друга девојка,некој муабет слушнат за тебе или било каква причина....
    а врската на фб и не е толку битна,фб како фб си ги зема жртвите(младината пати од тоа) не за џабе немам фб...
    тргни се од врска,што ке ти е! да те лаже на твои осумнаесет години :x
     
  8. barbie11

    barbie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ни самата незнам што да мислам, а за друга мислам дека нема друга бидејќи порано го фатив како си пишува со бившата, но некако го решивме тоа и од тогас и самата душа не ми е мирна и од време на време проверував и фб и моб и се .. и нема ништо..
    Како и да гледаш сепак испаѓа дека изгледа му се здосади :worried:
    А на толку сакање вака да раскиниме :worried: ама тоа е тоа несакам да го побарам бидејќи последниов месец се прегазив пред него изгубив и свое јас и гордост и се.. кога јас вложувам се зошто и тој да не вложи нешто .. зарем толку гордоста му е поважна од мене .. тоа е тоа :(
    Примавера .. фала ти премногу на советиве .. многу ми требаше со некого да подискутирам за ова .. :*
     
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Кога и да сакаш побарај ме... јас сум тука за совети,зошто знаам како боли... но џабе е јас да те убедувам дека ке помине се,доколку сама не си речеш дека ке помине ;)
     
    На barbie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    барби
    од твоите постови, сватив дека дечкото со кој си се гледала не е доволно зрел за да свати што пропушта, остави нека помине период и можеби тој тебе ке те побара(ако навистина те сакал)
    немој да се затвораш дома, излегувај, дружи се, живеј си го животот
    ке видиш дека за кратко време се ке се реши :*
    со срека :)
     
    На barbie11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Стој настрана ов ваков човек! Не ни прв ни последен. Кај му се манирите?? Изглеа дома ги заборавил! Да ја остави девојката не 1 туку 2 пати во ниедно време да си иде сама дома??? :fubar: :fubar: Ало бре!!
    А па и тоа што си го фатила како си пишува со бифшата, и после тоа си останала со него. Секоја чест, браво за издржливоста твоја! Јас не би можела после тоа да сум со него. Штом пишувал сигурно си имаат нешто недоречено (а и од кај знаеш дека не се виделе)!
    Не го барај, не ти треба таков верувај!
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Добро мене не ми е јасно и најдобро е некој да ми објасни убаво:Што се случува со машките во последно време?ама најсериозно, барам некое машко да ми го објасни ама најискрено,без вртења во стилот ни треба и нам време,си имаме и свои работи,не те сакаме а ви даваме лажни надежи а сепак на крај женското е она кое е виновно...WTF?
    барби душо,имам сличен проблем како твојот,ме советуваа да битам ладнокрвна и да го оставам,и така и решив...знаеш што?сега тој ме бара мене,ама ај останавме пријатели и решив да му премижам ама биди сигурна дека ке му вратам низ нос.Што сакам да кажам со ова?Кулирај си,ке дојдат и твоите 5 минути.Не го барај и не му го дихгај егото со тоа што ке му се јавуваш.Ке продолжи да ти прави така и понатаму.Штом еднаш го направил тоа верувај пак ке го прави.
    Дај му до знаење дека треба да те цени,да не си игра со тебе и научи го на памет дека ако те загуби ке биде тешко да те врати,не најозбилно,и јас трпев вакви однесувања од негова страна ама повеке не.
    Покажи му дека вредиш и не дозволувај вакво однесување.
    :*
     
  13. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    Барби, очигледно нешто не е во ред во последно време со дечкото.Неговото однесување може да ти покаже дека нешто се скршило кај вас.Но било како било, мое лично мислење е дека не вреди да трудиш околу него ако гледаш дека нема повратна реакција од негова страна.Ајде ти се молам какво е тоа понашање да те остава на сред пат кога ќе му текне, или да ти се издерава без причина!!!Па никој не е должен да трпи вакви работи а поготово незаслужено.Ај крени си ја главата сконцентрирај се на други работи.Знам дека ќе ти е тешко во почетокот, ама со тек на време самата ќе сватиш дека не си заслужила таков третман од негова страна.
     
  14. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    По автобус никогаш не се трча секогаш ќе дојде друг, така да остави го не те засужува ќе најдеш друг. Излегувај и ти, не седи дома не си стара мома па да го чекаш дали ќе те бара или не. Сигурно постои причина зошто не те бара, а најчестата причина на машките им е нова девојка. Мислам дека твоето "момче" е кукавица и нема храброст да ти ја каже вистината и затоа постојано така ти прави незнае како да те откачи па прави сцени. Мој совет ти е да свртиш нов лист во животот и никако не се враќај на стариот, бидејќи ако еднаш некој те повреди,а ти му попуштиш знај дека наредниот пат уште повеќе ќе те повреди.
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Едноставно е
    Машките со добар караткер се најчесто не толку атрактивни на физички изглед (значи не сите машки!) или пак немаат самодоверба дека ке можат да те направат срекна


    А тие што се на физички излгед мн јаки имаат голема самодоверба и можат да праат што сакаат
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Имам 21год а он 24 во врска сме 1год и неколку месеци, врска како врска добро иде, караници ретко кога и ги имаме но затоа далечина има огромна помегу нас.Знам дека ме сака а и јас него но таа далечина што го немам до мене секогаш ме убива.Секогаш кога ми е тешко или убаво јас сум сама го нема него да го споделам тоа.Еве последниве денови одлучив да се оддалечам о днего и му го кажав тоа а он е против да прекинеме вели дека ако доволно се сакаме ќе надминеме се.Незнам што да правам да продолжам или да ставам крај.Од една страна е неговата доверба во мене и љубов а од друга страна е осаменоста кога го нема.Еве сега си доаѓа за 2 недели а јас место да се радувам и да го чекам јас сакам да избегам на некој начин, да сум што е можно помалку време со него-па дури и резервирав тогаш да отидам на одмор, неколку дена пред да дојде.Порано бев многу посилна и го чекав тој месец кога ќе е тука да го искориистам максимално со него но сега некако се е подруго.-сега и тука кога е пак сме разделени.Ете некако испадна јас да с епреселам во друг град и сега и кога ќе си дојде пак ќе бидеме разделени.И да заминам во другиот стан каде што седевме порано тоа ќе биде најмногу на недела дена но што после? -пак ли да живеам 3-4 месеци за 3-4 дена?вреди ли?има ли надеж?Он ми предложи да се земеме па да отидам и јас со него, но сето тоа врзување ме плаши а и 4та год сум на факултет искрено за 1 год не би сакала да го оставам факултетот а баш добро ми оди...хмммм што понатаму????била ли некоја од вас во ваква слична ситуација,како постапила?а тие што не биле како би постапиле???
     
  17. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    па мислам дека прво треба да расчистиш самата со себе дали го сакаш. Јас да сум на твоето место и доколку го сака а знам и тој мене и ако мислам дека тој е тој би седнала да разговарам со него да почека за ти да завршиш па после нека биде мажачка една година не е некој голем период. Еве јас ќе ти кажам а мене и јас имам врска на далечина се немаме видено скоро 3 месеци ама сега ке си дојде за 3 недели и со цела душа чекам да се врати. не знам се зависи од тоа колку се сакате
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Со самото тоа што те оставил да си одиш сама во ниедно време си покажал колку му значиш! Незнам какво машко е, штом го направил тоа. Извини ако сум малку остра, ама вакви работи ме вадат од такт. Ти доволно си ја прегазила гордоста заради него, повеќе не ти треба. Викаш дека тој излегувал, уживал и се му било рамно, и ти направи го тоа! Ниедно машко на светов не е толку вредно за ти да страдаш и да не излегуваш од дома. Разбирам дека многу си го сакала ама преку некои работи не може да се премине...
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    излегвај си и ти,ко можи тој да шета со другарите..ти не можиш??
    ќе те бара сигурна сум! ;)
     
  20. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Не е во ред ова што ти го прави, па на крај краева и светот да му се руши, ти не си должна да трпиш поради него. Тука си му да му помогнеш, а он вакво понашање за возврат, неее..
    Не му се јавувај, остави го.. гледаш како лошо постапува со него.
    Можда ова му е игра некоја валкана глупа што сака да те одалечи намерно од него, но можеби и не. Така најдобро ке видиш колку му значиш, остај го да видиш до кај ке тера, ако не те побара, немој ни ти!
    Продлжи си и остави го во минатото. :)
    Тешко е да, али со тек на време нему ке му стане ;)