1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    Може ќе звучам грубо, ама кој те тераше да зачнуваш дете пред да завршиш факултет? Децата се исклучиво обврска на родителите, а не на свекрви, тетки и комшии. Викаш ништо не ти фали што те исчувала баба ти? Сигурна си? Можеби тоа е причината поради таквите уназадени сфаќања кои што ги имаш на оваа тема.

     
    На ZAHRA, Feminka22, mama31 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Градинка на пример?
    Јас и сестра ми сме во градинка израснати, од бебешки јасли.
    Не знам што подразбираш под причувување. Ако е еден ден или инциденто настинка и сл. ок е.
    Ама секој ден до 3години, па уште бабиве ги носат децата во градинка, со нив и домашни и се, епа крајно себично.
    Слушнав една штотуку породена, 3месеци бебе, ќе одела 4дена во Грција без деца, и требал психички одмор.
    Абеее ајдеее?!?!
    А на други мајки не им треба.
    Значи какви безобразни жени има, тоа чудо. Како што рече @Nausicaa , си ги поминале нивното баби и дедовци.
    Се со усул.
    @marchi-cool ништо лично не е постов, ама сум изреволтирана од една ситуација каде се злоупотребува здравје на една баба без да се чукне прст во глава дека утре недај Боже може нема да си ги види а не па да ги причувува внуците, само да не пропадне нечиј бизнис. Не ми е мајка, ама во моментот како за мајка паметов ми е таму, зошто некој очигледно грам памет нема и не размислува.
     
    Последна измена: 11 мај 2018
    На 24.07, LiliBoz, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Чудо едно е колку малку ни фали тоест доволно е некој да ни фрли една рака болви за да почнеме со цитирање, повторување едно те исто итн. нели? :D
    Ова без лутење.
    На темата можам да кажам се си има свои предности и маани.
    Јас и брат ми растевме буквално сами, моите немаа помош од никого. Мајка ми работеше во 3 смени, татко ми повремено одеше само прва, кога немаше работа ни не одеше ич. Кога беше татко ми на работа, јас го чував брат ми и така е снаоѓавме некако.
    Животот со свекор и свекрва и не мора да значи дека ќе биде толку лошо, помош околу деца, зготвен ручек, помагање околу домашни обврски и слично секако дека ќе има, меѓу тоа и обратно се читаме во снаи и свекрви и какви се не проблеми не произлегуваат. Млади сме и денес се е подруго, времињата се сменија, границите за се се поместено и навистина ретко кој кого трпи. Мислев дека познавам заедници кои функционираат добро меѓу тоа се е само маска и глума. Кога ја слушам свекрвата мислам дека снаата греши и обратно. Кавги секако имало и ќе има, па и со нашите дома имаме само што нели тие се наши некои нивни лоши навики и особини ги имаме прифатено со тек на време па може и не ни пречат ама други луѓе кога се во прашање реагираме.
    Сите знаеме дека е најдобро сами свои домаќини ама не секој има услови да се оддели и да изгради нешто свое.
     
    На Milobebence, SummerGirl, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Затоа што и на други мајки им треба одмор, тоа значи дека и и оваа не требало да оди 4дена во Грција? :D
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @Petra777 имаше друга поента. Раѓаш дете, а сакаш да си шеташ? Не можам да ги разберам таквите. Ако сум решила да имам деца јас ќе си ги чувам, а не да ги оставам на друг. Само по потреба ги оставам. Ама јас да си шетам, а со свекрвата да седат, не фала.
     
    На Rama, Luna91, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Па не.
    Таа си шета секаде сама со маж, деца не води.
    Детето е несоцијализирано па кука после. Епа кука де. Само што го родила на баба и дедо го тупнала. Мноооогууу себично, дури мислам проблем некој има женава, мува не ја лази.
     
    На LiliBoz, Rama, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Баш. Јас и по потреба кај неа ретко ја оставам малата т. е скоро па ич. Она не доаѓа да ја види како нејзина баба, а јас да и се упикувам дете да и оставам. Не фала.
     
    На LiliBoz, Petra777 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Тежок е животот во заедница. Имам комшики кои живеат во заедница и само се жалат. Свекрвата цело време се плетка кај што не треба. А надвор изгледа како многу да се сакаат.
     
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Не ме плаши! :worried:
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ние сме семејство кое функционира како една клетка. Цело време сме заедно, секаде, тројцата. Искрено, ни нашиот пример не се покажа како многу функционален :) Детево, по природа ми е интровертно, па на глава да се наместам, нема да има повеќе од едно другарче.

    Затоа, се прашувам, кој модел, всушност е функционален, за да изградиш силна личност? Да, можеш да се потпираш на: научни трудови, на искуства туѓи, на рекла-казала, на своите размислувања... Што и да е. На крај, многу голем дел е, како да си фрлил коцка и една од 6 (+-) врсти на дете ќе добиеш.

    Затоа, малку полабаво со осудувањата за тоа кој е, а кој не е добар родител.
     
    На Yowannty и SofiMar_ им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Извини, ама за тебе е добар родител оној што не си го ни погледнува детето? На детето му треба љубов и внимание од родителите. А не да расте со баба и дедо. И после децата биле вакви, онакви. Е па ќе бидат.

    @Black girl јас ич не ги оставам на чување кај госпожата. Не доаѓа да ги види, па нема ни потреба да ги чува. Само од татко ми имам помош.
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    А од каде ние знеме дека не си ги погледнува? Живееме ли со нив? Ги гледаме ли како функционираат во секојдневие? Знаеш само она што ќе видиш, па дури и тоа може погрешно да го протолкуваш.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Не протолкувам погрешно. Имам примери во близина. Јас сфаќам дека некогаш им треба издувен вентил на родителите, ама некогаш се претерува. Пред извесно време разговарав со другар и он ми вика - Јас кога ќе имам деца мајка ми ќе ми ги чува, а јас ќе си шетам. Го прашувам - А што ако не сака? Он ми одговара - Мора да сака. (facepalm) Не можев да се изначудам.

    Само сами. Барем на раат ќе си седиш. Нема кој да ти презборува.
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Бог да чува. Недозреани. И има такви мажи што ја викаат мајка им да чуваат дете. Јатрвата излегла на кафе со другарка и деверот ја викнал мајка му да го чува детето тие два саати, а он дома. Ко да е фатен во рацете, па да не може он.
     
    На WildMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не се согласувам дека знаеш... или знаеме. Пак ќе речам, не сме им дома на луѓето. Па дури и другар ти што рекол. Сме рекле милион работи, па не испаднале така. На крајот на краиштата, па кај пишува дека дете кое го чуваат баба и дедо (не 24/7, 365 дена во годината), нема да биде добра личност и дека родители на такви деца, не се добри родители?

    'Само сами' е за наш комфорт, не за детето каков бенефит ќе има (сами живееме со сопругот од првиот ден). Сите сме склони да претставуваме себични работи како 'подобра верзија', сите си ги рационализираме работите, сите сакаме другите да се полоши од нас... Ама не се. Барем не сите.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    А оти им го берете гајлето на другите какви родители се? Како бе така надолго и нашироко пишувате за икс примери вакви биле, онакви биле...вас некој така да ве збори и опишува не сакате, сметате дека никој не треба да ви го бере гајлето, а за другите кога пишувате, не боли.
    Небитно што е ова форум и сте донекаде анонимни.
    Сите имаме различни ставови за тоа како треба и не треба, ама да наметнувате некому свој став оти ВИЕ мислите дека е правилно, баш и не чини. Осудувате и тоа премногу - а ја гледате само површината. Во длабокото не знаете како е.
     
    На 24.07, sparklie, Yowannty и 14 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    ако на жена после 3-4 месеци и треба психички одмор на бабата нема да и треба? Постара е во години со попуштени нерви далеку повеќе од нас во моментов и не го одобрувам таквото однесување. Јас 5 години никаде не сум излегла без дете. Нит некогаш сум излегла со мм да прошетаме сами да се релаксираме. На скаа мајка и требало психички одмор па немало. А за константно чување мислам дека е индивидуално. На кумата девојчето свекрвата и го чува по истекување на породилното зашто мисли дека е мала за во градинка,има година ипол. И таа и маж је се вработени. Не знам што да речам може и во право сте. Но сепак јас сум за да се живее во ист двор но друга куќа или друг спрат. Исто како што реков на почетокот. Згора на тоа не е само причина чувањето деца. се се дешава и ние треба некогаш да сме тука за нив а не само тие за нас.
     
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Секој брачен пар кој има прилика и можност убаво е ако еднаш годишно си посветат неколку дена само на себе.
    Не е страшно ако децата неколку дена поминат со баба и дедо, внуците треба да им се задоволство, а не товар.
    Не велам за секој викенд, ама еднаш годишно зошто да не :).
    Секој викенд да не поминуваш време си децата е ту мач.
    Еве на пример, внуката од сестра ми, да рече чувај ја еден месец со задоволство би ја чувала, камоли за деца на мојата ќерка.
    Моето дете има останато на спиење два пати кај сестра ми и еднаш кај мајка ми и толку.
    Е сега, друг момент.
    Денешниве баби се оградуваат од секоја помош, као нивното поминало, цел живот работеле чувале деца им треба одмор, се знаело децата за кај се, за во градинка, што ако било болно и оди во градинка, они како ги пуштале децата во школо со температури, требало младите да видиме како белеела коса од родителство и.т.н.
    Јас се согласувам, ама истите тие кога ќе снемогнат , маваат оган и пламен по снаите (по синовите никако, оти нели снаата за се е крива), зошто не ги "гледаат", зошто не ги перат чистат, готват, зошто не ги носат по термини.......Епа на нив не им треба одмор кога веќе ги израснале децата? Цел живот гледаат деца, трчаат по лекари, готват чистат, перат, ако местото на децата им е во градинка, се знае каде е местото на старите.
     
    На 24.07, Yowannty, ZAHRA и 9 други им се допаѓа ова.
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Како велат- Како налагат условите.
    Јас сакам да живеам.ама тие ако се на еден спрат,ние на друг. А заедно на ист спрат НЕ.
    Тоа е мое мислење. Јас сакам приватност и да не ми се мешаат многу многу.
    Таака да ..Не знам како би било убедувањето на сопругот да се иселиме или дојде домазет (секој со свој спрат ) или да се оди под ќирија или да се купи стан.. Имајќи куча и тој и јас кои имаат по 2 спрата (Сега ми е дечко сеуште ама.. мислењето ми е тоа)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Живеам со свекор и свекрва и најубаво ми е , имам три деца и сама ги чувам , каде и да идам секаде со мене си ги носам секако и мажот до мене , не сакам да оставам некој да ми ги чува и потоа низ нос да ми вади се иако нема ама имам осет , свекрва помага цело време јадење со јадење и слично , навечер свекор и свекрва уживаат играјќи се со внучиња пред спиење , ама обавеза си е моја за децата не би да го малтретирам стари се они веќе за да трчаат толку по деттски потреби иако не би пререкле и да ги причуваат , пред време свекрва кажува 'Сине (мене така ме вика) ако можеш со дечињата иди ако не ќе ги причувам не е проблем)' ...

    А за темава дали да се живее со свекор и свекрва секако се зависи до услови и карактер , јас имам таков карактер што поднесувам се , ама и разбирам се со тоа што прво се замислувам како би правела јас така или како би се осеќала јас ако некој ми прави нешто од инат или ако правам јас од инат некои работи , и така лесно разбирам се па затоа си се сложуваме и да треба да живееме наскоро сами со мм и децата мене ќе ми биде најтешко затоа што се навикнав на заедница и јас да и помагам и таа на мене ..
     
    На 24.07, tina-63, forumce и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.