Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Ќе зборам за себе не за друг. Моето најубаво си го знам.
    Не можам да замислам да живеам со свекрва ми !!! На гости кога сме и кога знам ќе си отидам ми е ок.
    Свекрва ми не е измачена жена да речеш иако глуми таква. Нема работено повеќе од 5 год во животот и моментот кога дошол таа да живее со свекрва ја пратила во геријатрија јер комоција сака жената и таму остана бабата на мојот сопруг до смрт. А според мм не била жена која пукала нос но. .. не знам тоа ај да не зборам. Не знаејќи ја свеки каква и да била ќе и пречела. Зошто не сакам да живеам со свекрва ми? Зошто е терсене . Не зборам од тој аспект дека нема да мрдне со прст да ми помогне фала богу млада сум можам се да постигнам туку од аспект коментарите. Мене ми пречи. Посебно ќе ми пречи ако секој ден слушам некој несоодветен коментар ко на пример-немојте второ дете сега. Чекај која си ти да ми кажеш кога? Да ми го чува детето па да речам ајде де. Ама ми го нема причувано ниту еден ден..
    Ради тоа не сакам.
     
    На poppie, Milobebence, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Има и полошо немојте прво дете сега:^)
     
    На Мачуле и NarCis@ им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    стварно Моник. Срам да ти е
    Сеа си нашла да раѓаш
     
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Боже сачувај па труење синчето немој сине вака така абе што да кажам.
    Има секаков народ јас ќе кажам.
    Тој то вика дека во заедница е идеално лаже и точка тоа е мое мислење.
    Сите се напочеток мед и млеко после снаата е се крива зашто се кара со синот зашто не донела спална од кај мајка и татко и,чиниш они златници дале.
    Најубаво е секој сам бидејки јас сум сведок дека заедница може да раструри брак и тоа во очи да ти кажуваат така да дур е време секој со своето.
     
    На poppie, S.W.A.G, Џиџи91 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Потпис на ова.
     
    На SummerGirl и monik55 им се допаѓа ова.
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Да и ќе кажам без срам дека тие што не посакуваат внуче од љубомора истите луѓе не заслужуваат тоа внуче да го видат а не па да го фатат.
     
    На poppie, Milobebence, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    чим си го дозволуват луксузот да се мешаат каде не им е место..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    13.473
    Мојата свекрва кога имав втор спонтан се смееше ко ништо да не било. И ми викаше : ај ваљда ќе родиш. И како да ја сакам таа жена?
     
    На poppie, eli25, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Со вакви изјави и синовите си ги навредуваат.
     
    На S.W.A.G, Dalia93, Black girl и 5 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    не ти дала повод да ја сакаш..Како може така да викаат бе нели мислат дека со тоа и своето дете го повредуваат! ?!
     
    На S.W.A.G, Black girl, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    Кај нас немаше таков проблем, мм да сака да живееме со неговите. Јас ако не сакав, тој уште повеќе не сакаше. Краток период живеевме во дел од нивната куќа, која требаше да биде наша, а тие си заминаа во друга куќа, прилично подалеку од нас, но за жал, пак имаше проблеми. Јас и тие не сме во добри односи, но сметам дека се далеку од лоши и злобни луѓе. Сите проблеми што испаднаа се само поради нивната замисла како треба да функционираме откако ќе стапиме во брак, јас и нивниот син, гледајќи ја околината. Не можеа да прифатат дека сме послободни, имаме сосема различни гледишта за бракот и одгледувањето деца, едноставно не се вклопувавме во нивната замисла за семејство. Секогаш бевме: зошто не сте како другите? Сите прават така, а вие не. Како и да е, проблемите се зголемија кога ни се роди малата и мислам дека тогаш веќе беше пресудно да размислуваме да отидеме под кирија за почеток, а после да бараме чаре за наше место. А ете, не живеевме ни во иста куќа, ни во ист двор, ама проблеми пак имаше. После толку време, мило ми е што мм ги изглади односите со нив, сепак му се родители и мене многу би ме болело, тоа што му се случи него со неговите, да ми се случи мене со моите. Оди кај нив со малата, не пречесто како тие што би сакале, но секој втор викенд се таму. За жал, со мене не верувам дека ќе биде подобро од ова што е моментално, иако има некои ситни обиди од нивна страна, но дури сега, по толку време кога јас веќе се "изладив" за решавање на сите недоразбирања. Пишав и претходно, малата сами ја чуваме и воспитуваме, и ако претходно сметав на нивна помош кога би имало потреба, сега веќе таа опција скроз отпадна и е заедничка одлука, моја и на мм. Инаку верувам дека има фамилии кои функционираат во поголеми заедници. Не им е може најдобро, но ако имаат исти или слични размислувања, полесно ќе се справуваат со секојдневните проблеми, отколку ние останатите.
     
    На poppie, power11, tina-63 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. blueberry23

    blueberry23 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ајде ве молам за мислење.
    Дечко ми си има свој спрат и свое купатило и уште спална која не е направена. Разговараме за иднина нормално, но има нешто што мене ми пречи и не знам дали треба да се грижам за ова. Ние дома сме научени цел живот сами без баба и дедо да живеат со нас, па можеби не сум научена на гужви. Вака...
    Дечко ми има мажена сестра која секој ден ги остава двете деца на чување кај нив. Постојано е галама, трчање низ куќа со нивните другарчиња од маало. На почетокот се качуваа горе, но веќе без да ги викнеме не доаѓаат. Но ја немаме таа слобода не знам дали ме разбирате. Јас ги сакам внуците негови, само ете се мислам во иднина како би било. Буквално секој ден се кај него додека родителите на внуциве се на работа или излезени. Ако седнеме во двор доаѓаат и неговите и децава и некако немаме спокој. Што мислите дали треба да се грижам? Или си има свој спрат и можеби раат ќе сме. Искрено ова ме кочи за да живеам таму, можеби од страв дека нема да имаме мир.
     
  13. Robson

    Robson Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Чим живеете во заедница, нема ваш или нивни двор и нема ваше или нивно време кога треба да седите во дворот. Тоа е заедничко место и никој на никого нема право да му одреди време кога треба, а кога не треба да седи таму. Станбено супер што ќе имате посебен спрат ама...... Секогаш го има она ама. Секогаш ќе бидете под надзор кога сте искочиле, лога сте се вратиле, дали сте имале гости, кои ви биле на гости, до колку касно ви седеле, гласнс ви била музиката или тонот на разговор итн итн.....да е набројувам мал милион причини кои ќе те излудат со тек на време.
    Си кажувам од мое искуство.
    Сѐ додека сте таму, ќе бидете третирани како "деца" од нивна страна.
    Мој искрен совет, ако немате можност да си купите ваш стан, одете си под кирија, раатот што ќе си го имате сами, нема цена.
    Кажи му од старт кои се твоите размислувања и ставови. Подобро сега, отколку ко ќе почнат кавгите, па да ти ги извади на нос работите кои си ги премолчувала.
     
    На Forca, Abc07, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Ние никогаш не сме живееле со баба и дедо и не сум никогаш била научена на гужви или луѓе да се врват во дома, затоа мислам дека во такви заедници не би можела да функционирам. Што се однесува на твојот проблем, никаде не пиша што и како мисли дечко ти. Меѓутоа чим тој си има свој спрат, внуците фактички си доаѓаат на првиот спрат кај баба им и дедо им. Тоа што и како функционираат и колку си ги чуваат реално си е нивно, тука немаш право да се мешаш и да коментираш, некои работи заради дечко ти ќе ги подголтнеш. И не верувам буквално 24/7 да седат таму тие деца најверојатно некогаш и дома си идат, па тогаш ќе можеш на мир да си седиш во двор. Немој уште неотидена таму со ваков негативен став, не знаеш што и како ќе биде а совршено не може да биде никогаш.
     
    На blueberry23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blueberry23

    blueberry23 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Дечко ми е супер и ме сфаќа, свесен е дека немаме целосна приватност. Не ме тера да седиме со нив, секогаш сам тој си се трга со мене на страна. Знам, свесна сум и не сакам да се карам и затоа и прашав за мислење. Нормално е да си одат кај баба им и јас како дете сум одела. Само сум загрижена да не ни пречи тоа во иднина затоа што кога и да одам ги гледам и е многу раздвижено.
    Инаку да секој ден пред и по школо се таму. Понекогаш и на спиење, но тоа ретко. Поздрав.
    @Robson благодарам и за твоето мислење. па не верувам дека би можеле стан, здравје. Дечко ми веќе има вложено во спратот и затоа. Само сакам да имаме мир затоа што јас сум емотивна и не би сакала утре некој да ми прави проблеми и да немаме приватност. Поздрав.
     
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Јас мислам ситуацијата е таква бидејќи се малечки и одат на школо па нема кој да ги чува.
    Малку да пораснат и да се осамостојат сами не ќе сакаат толку време да се таму.
    Друштво, излегувања, на друго место ќе сакаат да го трошат слободното време.

    Мислам дека периодична е оваа твоја ситуација. Не знам за колку време планирате вие да се венчате и колкави се внуките, но за неколку години нема да е исто како сега. Исто штом дечко ти е свесен, значи дека и тој си ја сака приватноста, а штом почнете редовно да живеете таму сигурно тој дел од куќата ќе е ваш и вие ќе си имате контрола над истиот.
    Ако свекорот и свекрвата се разбрани луѓе сами ќе се свесни дека децата не можат секоја секунда да се качуваат горе и би требало некој ред да воведат.
     
    На Dust, cresa-jagoda, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. blueberry23

    blueberry23 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Се надевам. 12 и 9 години така некако. Најверојатно би било така и сите ќе си имаме мир. Благодарам девојки.
     
    На cresa-jagoda и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  18. Iluzija666

    Iluzija666 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски


    Ако толку сакаш МИР, земи го домазет!
     
    На blueberry23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски

    Па и не се толку малечки.
    За некоја година ќе пораснат ќе си имаат друштво, ќе сакаат да излегуваат, па и сами ќе сакаат да си седат верувај. А и можеби откако ќе се земете и родителите нивни ќе им текне дека веќе бабата и дедото не се сами и дека не може секој ден така.
    Еве не знам, брат ми да се ожени макар и на друг спрат јас деца не би праќала секој ден на гости. 9 и 12 години не се воопшто малечки, може и сами да си седат. Јас бев многу помала од нив па сама седев.
     
    На poppie, zalosna и blueberry23 им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Јас сум најчесто со малиот кај моите. Тоа се неколку часа оти еден дел од денот шетаме.
    Имам своја соба, домот си го чувствувавам свој. Кога е топло како сега сме низ двор.
    Мајка готви за сите. За детево најчесто јас му носам од дома.
    Да имав снаа веројатно сега ќе ме оговараше по форуми... не знам.

    Едит: овој период нема вечно да трае. Сега сме и двајцата без обврски. После он ќе почне во градинка и секој со своето .
     
    На Herrera, AngelOfArh, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.