Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Ај сега не зафркавај, различно било. Тука се на исто место. Ама не е и до 80те квадрати ни до спратовите до карактерите е. Иначе пред брак сите свекрви се најдобри пријателки со снаите ама во брак некој црв им влага се си мислат нивна си и ќе те учат на нивни правила како сметаат дека е исправно, а не размислуваат дека не сме деца си имаме наши гледишта и правила на живот и наша заедница со мажот.
    Кога ќе го разберат старите тоа или синот или снајка-ѕверка им покаже толку помалку недоразбирања, верувај од искуство пишувам, не ми е само да ме чита некој колку да напишам нешто. И јас можам да ја набуцкам не не ич не се мажи и да се правам на тошо за моево искуство ама не е тоа тоа. Пред се ова е форум да споделиме секој свое искуство и евентуално кој сака/не чита да си извлече свои заклучоци и поука како му чини:)
     
    На mKdevojce, Stressed Out и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.449
    Пол:
    Женски
    Сепак е различно кога си на различен спрат,ние живееме 18 год. така во хармонија и со свекрва и со јатрва и девер,за арно за лошо,сме тука.
    Но,во меѓувреме иако во иста куќа се случува и да не се видиме воопшто.
    Не е исто спрат и заедница во стан.
    Кога си на посебен спрат си ко во зграда,само што комшиите ти се блиски.
    Во заедница во стан ,немаш приватност,во посебен спрат,имаш.
     
    На oblace1, Macito007, NEA и 11 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Не сум и' прва снаа, па имам прилика да видам ин риал лајф што е како е.
    Си има она свој живот, не не' оправа многу :)

    Јас сум терасене, сите други се ок.
    Ама ако сум терсене, не значи дека морам да патам.
    Со сигурност за себе зборам, другите си знаат за себе.

    Јас никогаш никоја нема да советувам во заедница да живее, со едно вц, една кујна.
    Друго си е различни влезни врати.

    Ова под услов со нормални луѓе да живееш. Од ненормални спас нема никаде.
     
    На oblace1, NEA, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
  4. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Види пак истото ко погоре, не е до кујната и вц-то на крај краева колку киснеме денски во кујна и вц јас еве минимално, муабетот е до карактерите. Еве ти си знаеш дека неможеш така и поштувам, јас исто мислев дека можам, ама се преценив и тоа е. Сепак има ситуации во кои нема друга алтернатива и се пробува заедница и наоѓење некој општ компромис.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Не знам која е таа ситуација да се нема алтернатива.
    Ако не си кадарен за свој дом (кирија) не треба ни семејство да ствараш.

    Ама ок. Така е тука.
     
    На oblace1, Lianna Anna, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.129
    Допаѓања:
    180.875
    Едно е седење по дома кај дечко, практично гостин си, немате на ти го, дај ми го. Е да пробаш да поживееш малку така заедно, па види. Нема да седиш само во таа една соба, треба и да се отиде во вц, и да се зготви, па постојниот распоред нема да ти се допаѓа, па некому ќе почне да пречи што си ја префатила солта. Не затоа што е некој лош човек, туку затоа што се нарушува постојниот поредок, распоред, како сакаш кажи го.
    Живеење две фамилии заедно, па и тоа во стан, не може да функционира. Затоа што кога ќе се земете, вие станувате посебна фамилија. Или, би требало да станете. Ама како што читам, водата не тече во таа насока. Повеќе изгледа како: тој си останува дома, ти му доаѓаш како натрапник во постојната семејна констелација. Прочитај малку во темите за свекрви и брачни проблеми, за илустрација какви проблеми произлегуваат подоцна.
    Се се ова добронамерни совети, анализирај пред да рипнеш, оти после враќањето може да биде потешко и поболно за сите.
     
    На oblace1, BoaVista, Lianna Anna и 10 други им се допаѓа ова.
  7. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Е сега има ситуација, невработени а направиле беља и плус не сакаат да спречат и што таа да раѓа и гледа дете дома, а таткото дома кај неговите?
    Иако и зошто да не, ама пак повеќето одат на опција брак без алтернативата за кирија, свое, наследство или пари од игри на среќа или каков и да е поголем прилив на средства:D
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.129
    Допаѓања:
    180.875
    Во исто време исто сме пишувале со @CameliaMiller , па кујната, па вц-то :lol:.
    Битни се кујната и вецето многу. Особено вецето:!:. Ако не можеш на раат да извршиш физиолошка потреба, тури му пепел. А знаете колку и е потребно вц на трудна жена? Практично нејзина соба станува:lol:.

    Кај свекрва ми одам како гостин, 3 дена во годината, па почнуваме да си пречиме. Не оти јас или таа сме терсене, едноставно физичките услови не се соодветни за многу луѓе. Ако треба низ дневна да им шетам за до кујна, а тие таму одмараат, оти ние сме ја окупирале спалната, по некое време се создава нервоза. Не велам дека свекрва ми треба да има гостинска кујна и соба, за ние што сме таму три дена, ама така сигурно не може да се живее на долг рок, во хармонија, па макар и најразбраните и најдобрите луѓе да се на светот.

    Секому треба простор за приватност, да може да се опушти и одмори, и на стари и болни, и на млади и трудни.

    А за ова:
    Многу често, епилогот е таков. Само после неуспешен обид да се коегзистира во заедница, наместо од старт да се прифати дека заедница НЕ ФУНЦИОНИРА. Аксиома е тоа.
     
    Последна измена: 22 јануари 2020
    На oblace1, Lianna Anna, violetblue и 9 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Ако мене ова ми се случело пред 5 години, пошто таа сум од приказнава, немаше шанса да раѓам ни под разно.

    Ама не сум.

    Тие на слепо што прават деца, нека им е со среќа, што да кажам.
     
    На oblace1, Lianna Anna, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Хипотетичка е ситуацијава, сега кои на слепо, кои на пијано.
    Мене да би ми се случела јас си знам, јас не сум со сила про-лајфер. Сепак нема ни државата ни попот нит програмите за наталитети зголемување да ми го одраснат детето:nod:
     
    На Mikha4 и Spidy им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.080
    Пол:
    Женски
    Не зафркавајте дека исто било дали на посебен спрат или заедно во стан. Не за џабе имаме спална и дневна, така испаѓа само во спална да си седиш, не можеш да мрднеш, а ако има и расправии е тогаш...
    Никогаш не би живеела во ист стан, ама никогаш. Кога ќе се сетам кога се породив, цело време во вц, цело време миење, со гради нон стоп надвор, крварење, и уште да немав комоција? Да ми се матка свекрва и памет да ми соли, на сите хормони. Само што замислувам ми се подслошува. :D
    Ние и дечко и девојка кога бевме имавме договор дека такво живеење нема да има. Не би се нафатила никогаш.
    @Zumbula ептен нефер што прво било дека нема да живеете со нив, а потоа епа ај, болни биле...
    А според пишаното не се болни. Мене повеќе и тоа би ме замислило што сега сака со нив.
    Раат си е раат, најфини во свет да се гужва си е гужва. И за вакви работи се мисли на време, добро е што си размислуваш од сега, само имај отворени очи зашто сепак за твоја иднина се работи.
     
    На oblace1, NEA, Lianna Anna и 11 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Па баш во тоа е плиткоста на луѓето и не можам да жалам кога зборат за "лоши свекрви".

    Не ми е свекрвата крива за моите погрешни одлуки и избори.

    Ама во ретардираново општество, на национална ТВ одеше реклама, моите ќе купат креветче, твоите количка.
    Што повеќе од тоа.
     
    На M.B., Lianna Anna, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Па слободно нека си трошат пари ако ги имаат одвишок и на реклама и во живо, за моето тело и идно дете јас одлучувам, лично јас и никој друг, ако има татко плус ок, ако не претежно да не се лажеме кај нас жената е и родител 1 и 2, затоа е се по женска линија свекрви на снаи закачени овие со јатрви и во низа, домино ефект. Остај назад ти е зимата штом имаш разбирање со твојата свекрва има секакви свекрИви ама и снаи, се има:D

    Еве жив пример, за кои ако кажам колку сум се потресла викендов, ама не требаше.
    Значи познајничка која ми беше мила во долга врска со дечкото, тој замина на работа во странство со план да заштеди таа да достудира и потоа нешто свое и да си се земат.
    Се умеша идна свекрвица не можело синот да штеди за иднина требало неа да и дава пари да отплати кредит, раскинаа девојкава ене ја не фати Србин од инат се омажи сега во октомври на 22години. Не е бремена туку изгорена за брак со дај што дадеш из ината;(
    Е ама со сегашнив нема свекрва, ама и нема љубов, зошто сведок бев колку се сакаа(т) со претходниов.
    Друг пример во фамилија 1братучед мед.лице во брза помош( рачунај 12саати по 2дена 1ва, па 2ра па 2слободни-значи повеќе надвор отколку дома, плус подработува нешто на негова рака кога има слободни денови) со жена му и децата намерно се враќаат да живеат во заедница со нејзините, а татко му живее сам(тетка ми покојна е)во 60квадрати а тоа што му оставија на братучед ми неговите за нив они го рентаат бидејќи е на топ локација во која е станбено зградиче фамилијарно со на моите станот.
    И ми вика он мене види си ги научивме а и јас претжно сум надвор не ги гледам, а на жена ми нејзини и се, плус се наоѓаат за со децава.
    Така да има некои ситуации во кои се нашол заеднички јазик и ситуации во кои не се нашол, ама цената е пропадната вистинска љубов, надежи и огромно разочарување.
     
    Последна измена од модератор: 22 јануари 2020
    На Stressed Out и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Апсолутно има секакви ситуации, но зборуваме за генерално што се случува, а исклучоци секакви има.

    Џабе е љубов ако немам мир никаков, ќе го отсакам колку и да го сакам.
    Отвори во свекрви и снаи темана, па златен да е бре, ако е таков какви што ги пишуваат, налет нека оди.
     
    На violetblue, gjoker4e, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  15. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    За се има чаре ако се сака, ама и нема чаре ако не се сака.
    Сепак има грешки кои се оправаат и такви кои не се оправаат па колку сакаш и пишувај во било која тема и разглабај и оправај криви дрини ако не се сака нема да се промени ништо и обратно. Секој со својата мака, знаеш како на секој маката ко планина а може да е греда а може и цела планета да е.Живот.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Апсолутно.
    Ама тоа што го гледам и читам е неодговорност за сопствениот живот.

    И за моите проблеми и неуспеси, не е никој крив освен сама јас.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Колку кисниме во веце ахахах пресмешно. Колку сакам ќе киснам и нема мочките јас на свекрвата да и ги чистам. И ако сакам денеска гола ќе готвам ручек. Жал ми е за вас
     
    На 1209, Annora и Emy867 им се допаѓа ова.
  18. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не. Никогаш и ни под разно не би се нафатила да живеам во заедница со родителите на сопругот. Не гледам причина зошто воопшто би стапила во брак, ако тоа не значи дека ќе оформам сопствено семејство со него.
    Да си одам од комфорот кој го имам дома, од своите родители, за да живеам со туѓи, не фала. Колку и да звучи претенциозно, тоа е мое мислење.
    Колку и да се добри и фини луѓето, проблеми секогаш ќе има, што поради генерациски јаз, различни навики и начин на живот.

    Живеењето во заедница во стан и на различни спратови не е воопшто исто. И спратот не е идеално решение, но е во секој случај подобар избор доколку секој спрат функционира како посебен стан со свој клуч на врата.

    И пак ќе се повторам ама никогаш нема да разберам зошто воопшто некој би размислувал за живот во заедница како опција, кога однапред се знае каков ќе биде исходот. Не си го комплицирајте животот со сила.
     
    На Spidy, Lianna Anna, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Не мораш ти да и ги чистиш мочките има чаре и за тоа.
    Е за гола мало морген, ама не ме жали мене, немаш потреба, глеј си за себе и блиските да им е арно, другиве сами ќе си тргаме маките;)

    Кога си во пар независно дали е дечко/вереник/сопруг-парче хартија не менува ништо помалку/повеќе размислуваш за заедничките потреби и секој успех и неуспех е прво ваш личен а потоа индивидуален. Ако си почнала да живееш со некој независно во заедница или во свое ќе ме сфатиш на што се осврнувам во заедницата, зошто и јас додека бев верена а бев при мама и тој во нивно не гледав како кога почнавме со наше и тоа по многу години со буквално мое и негово. Тогаш се губат толку јасните граници на индивидуалното, мислам да не ја одолговлекуваме темава, сепак секој со свој став и можности.
    И јас лично и поскаувам на членката да си создадат свое ако можат, а ако не можат а тој запнал таа да му припомага во дочуваување на родителите а таа не сака јас и пишав за 2те опции кои ги има.
     
    Последна измена од модератор: 22 јануари 2020
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А зошто да не? Па во свој дом треба да се осеќаш удобно и слободно нели? Ако сакаш и гол да се шеташ, и во дневна секс да имаш и за ручек макарони да си свариш без да ти труби некој зашто не си зготвила нешто поасално.
    А ако живееш со повеќе луѓе баш и не можеш зашто не е всушност твоја куќа, нели? Океј живееш таму ама да бидеме реални, ќе се осеќаш ко гостин да си 24/7, ко на трње.
    ....
    И патем деца не се прават за да те гледаат на старост.
     
    На Lianna Anna, Mishela, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.