1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Сега те замолувам да не ми натураш во коментар нешто што јас никаде не сум го рекла а е болдирано.
    Најди еден мој коментар со тоа и потоа обрати ми се.
     
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Затоа меѓу двете ставив точки, за да се двои делот за тебе и делот што е општо од мене кажано.
    Мислев ќе сфатиш:)
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Во ред, може да правиме муабет интонациски ќе сфатам дека делиш две целини ама вака нејасно е,ок.
    А за голи шетање што праша ако мислиш дека можеш и се осеќаш лагодно таква да шеташ кај родителите на дечко ти/вереник ли/маж слободно никој не ти брани, пробај па кажи ни како си се осеќала и како поминало, па може и ние љубопитниве би порбале чисто за споредба;)
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Точно, не се осеќам лагодно.
    И затоа никогаш не би живеела во заедница баш зашто ќе се осеќам неугодно и како туѓинец и зашто сакам во свој дом да се однесувам како сакам. И таков живот, особено во мала куќа или стан е гушење
     
    На JollyGirl, princess5, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.553
    Допаѓања:
    151.173
    ма ни со мои ни со негови
    ако имам пари за свое ок ако не под кирија
    цел свет живее под кирија само ние балканците се тепаме да имаме нешто свое
     
    На princess5, friendy, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    Фала ви мн на сите за споделените искуства, длабоко во себе не сакам ни јас да живеам таму, па дури ни на различен спрат. Некако се осетив мн себично во врска со неговите, па ме интересираше мислење од страна да се преиспитам да не грешам.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Нема шанси. Никогаш.
    Ние дома сме три генерации и едвај се поднесуваме, така да не можам да замислам таков живот повеќе. Не сакам со никој во близина да живеам освен со либе.

    Зборуваме на оваа тема со дм, и тој го дели истиот став ко мене. А еднаш ми спомна дека и неговите му рекле посебно да си живееме најубаво. Со неговите сум во многу добри односи, фини луѓе се иако конзервативни, но тоа не е никаква гаранција дека такви ќе останат секогаш со мене.

    Најмалку што би прифатила е различен спрат со различен влез. И јас и тој сме цел живот во куќа, плус тој планира да си почни убав бизнис дома.

    Ако за некој е смешно да сакаш да шеташ гола по дома или по бањарка да се оптегниш в дневна и да си пуштиш музика по своја волја, да си зготвиш тоа што ти се јади, за мене тоа е удобност.

    Мирот и слободата се бесценети. Не би ги менувала за ништо на светот. :)
     
    На Lolipop23, NEA, Jana06 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    27.203
    Пол:
    Женски

    Живеење на различни спратови во куќа може да не е толку проблематично како живеење во ист стан. ние со моите живеевме во различни спратови од куќа, со различни влезови и немаше некои големи проблеми. Сосема фини и културни односи зашто секој си има свој стан. Се случуваше секој да брка своја работа преку недела и да нема нешто многу контакт. Позитивно во ситуацијата беше што секогаш имаше некој дома за да земе/носи дете некаде и да има ручек дома кој да даде на дете. Кога подостареа на моите им беше полесно да се грижат за нив зашто беа ептен блиску нели.
    Ама живеење во еден стан мислам дека е блиску до неподносливост па колку и да се сите фини и културни. Јас конкретно имам свекор и свекрва во друг град и кога одиме за викенд или малку подолго не е баш лагодно. Прво одење во тоалет, купатило и слично е проблематично. Едно од аспект на чекање ред, друго од аспект на секогаш пазење колку и како си спастрен. Потоа имаш перење алишта, готвење, кој/колку и што јаде (свекор и свекрва да може би не пукнале од јадење). И немав јас толку замерки до пред да се роди детето. Се си беше многу фино и културно. Откако се роди детето свекрва стана посесивна, па имаме повеќе недоразбирања околу тоа. И тоа и во ваква ситуација кога секој си е свој на своето. Да бевме заедно господ знае што ќе се случеше. Пак немам мнгоу замерки за неа, фина е, културна, сака да помогне, ама несвесно се меша во воспитување на дете а тоа смета.

    Мене она што во вапиот случај ми смета е тоа што дечкото не сака да се оддели од неговите. Тоа е проблем, не самото физичко живеење. И да сте на различни спратови во куќа, и да сте во различни станови мислам дека влијанието на неговите пак ќе биде огромен проблем. Ако не сте во ист стан ќе си има чувство на вина што ги оставил сами и пак ќе се слуша нивното мислење. Мене ми се чини дека баш треба сериозно со него да разговараш на тема мама и тато и нивното потенцијано влијание во вашиот иден брак. Не е тука проблемот чисто физичкото живеење во ист простор.
     
    На Chantal, emiliana, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Да за живеење во заедница под еден услов.

    Само ако има взаемна почит, разбирање и простор за компромис меѓу заедништвото.
    Позитивните страни се тоа што утре ќе има кој да ти се најде во ситуации кога е потребно. На пример за чување дете, да се исчисти, зготви некој оброк итн. При семејни прослави и зимници секогаш ќе има повеќе раце за помош и нема да се чусвтвуваш сам. Плус, нема никогаш да биде здодевно, секогаш ќе има динамика во семејството.

    Негативните страни се..многу побројни.
    Ќе се нема многу простор за индивидуалност, ќе недостасува тишина и мир, ќе треба да се биде флексибилен и да се оди против некои свои принципи и сфаќања за туѓа волја. Воспитните мерки кон идното дете ќе доаѓаат од сите страни што подоцна може да предизвика конфузија при развојот. Капак на ова е ако ептен не ви се погоди заедницата, и сите членови имаат различен животен ритам. Тоа во потполност би можело да ги уништи сите претходно споменати бенефити. (На што сме сведоци денес кога секој претпочита сопствен интерес).

    Во главно, многу фактори зависат и навистина е тешко за одлука. Најтешко е тоа што ако се одлучите
    да живеете сами, најверојатно ќе мора да отплаќате кредит за стан дур сте живи.
     
    Последна измена: 22 јануари 2020
    На Milobebence, smooch, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Позитивните страни што си ги набројала ахахахаха
    Сакам да живеам со свекрва за да можеме ајвар наместо 20 тегли да направиме 40 :rofl:
    И веруј никој не посакал да живее со свекрва само за да не му е досадно :rofl:
     
    На drugarka, 1209, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    259.811
    Розе, не се заеднички проблеми баш СИТЕ. Мајка ми има свои, татко ми свои, и плус заеднички неуспеси.
    Ама никогаш не може да ми бидат ниту моите родители, ниту неговите родители, ниту самиот тој криви што јас немам поисплатливо образование, или подобро работно место итн.

    Ако ми се изгуби тој по пат и наеднаш почне да менува правец на движење, тоа е нешто по пат што се решава.

    Ама нема тој да ми биде крив ако јас прифатам накалемување на работи кои не ги сакам, на пример живеење со мајка му.
    За мене е тоа диал брејкер, е сега, ако успее да "ме убеди" на пример, не е тоа наш заеднички неуспех.

    Пак мој си е.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Еве не мора да те убеди, ситуација од х причини доаѓаат да живеат еве твоите нека бидат кај вас а немаш кој друг да им даде покрив под глава и ти ќе ги избркаш од кај тебе( а ситуација неможеш да им плаќаш кирија и луѓево немаат доволно пензија за во дом)?
    Уште ова само ме занима дека љубопитноста за тоа што сметаш за личен неуспех јасно ми ја дефинира што не мора да значи дека сите тоа што ти го доживуваш за неуспех и ние така или еве конкретно јас така го доживувам.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    259.811
    Секому ќе помогнам со јасно зацртан начин на решавање на ситуација. Дали ќе трае месец, два - колку? Како ќе го решиме проблемот?
    Засекогаш не може.

    За останатото, зборуваме во тема која е исклучиво базирана на лични чувства, ставови и искуства, па немаме заеднички појдовни точки, секако.

    Во контекст на темава, за мене е крајно голем неуспех да бидам невработена, без свој кров, да родам дете и да очекувам некој да ми ја мисли.
    Неприфатливо - за мене.

    Животот се менува, па во многу подобра состојба сум него пред 5-6-7 години, прво индивидуално, а потоа и заеднички со партнерот.

    И да, финансиите играат огромна улога во она што го сметам животен успех или неуспех. Оти без нив, не останува простор за успех на ни едно поле.
     
    На 1209, Lianna Anna, JollyGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Темава беше многу поинтересна кога имаше кавги со свекрви за гаќи и прслуци. Што ви текна топла вода да измислувате дека не треба да се живее во заедница? Јас пак мислев дека живеат од што се мора, они оти не знаеле дека не треба.
     
    На Yowannty, Jana06, Dennings и 3 други им се допаѓа ова.
  15. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Не мислев конкретно за успех/неуспех во финансискиот дел, се осврнав за успех/неуспех да бидеш убедена во нешто. Инаку во се друго што наброја ај ке го поцртам потполно 99.9 и 102% се согласувам:D
    Пререално пишано и дека и ќе ги згрижиш твоите а правопропорционално на тоа се подразбира и неговите кога би требало нели?
    Е сега за времетраење на престој, ах бре во тие години и ние да стигнеме прво па да знаеме како е.
    Ајде за финансии поголеми и кариерно прекфалификување/напредување имаме време, млади сме, идеја и стартни финансии и многу ксмет ќе го биде. Важно да знаеш што сакаш за да знаеш од каде е позиција А.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ваквите теми се само уште еден у низата од случаи за тоа колку една жена знае сама себе да се стави во подредена состојба и да се понижи за многубројни живото значајни прашања, не може никој друг.

    Ќе дојдете утре у темите за брачни проблеми, ќе кукате над судбината, ќе виете, ќе кривите еден, друг, трет, а ниту вие, ниту некој друг, не смее да го покаже прстот кон вас, сурово било, греота било .
    Не бе, не е ич. Свесно донесувате одлуки штетни по самото ваше постоење и интегритет, свесно си ставате ланци и одговорности на шија, свесно давате моќ на друг врз вас.
    Колкава и затуцотина да е земјава, пак владее демократското право на секоја единка, да мисли и каже што сака, да постапи како сака. Да бевме у шеријатска земја, каде што ако се спротиставиш на партнерот или родителите, имаат полно право да те каменуваат додека душата ти виси на конец, па да ве жалам.
    Вака, не. Притисоци имате, велите ? Сите имаме, кој за една, кој за друга ствар, па еве не, живи здрави токма, се бориме за подобро пошто знаеме дека има подобро, не се задоволуваме да бидеме нечиј пиун, кој кај го ставиш, таму ќе стои.
    Се мажите кога тој ќе одлучи, во услови во кои тој ќе одлучи. Немате пари за кирија? А имате пари за свадби од неколку илјадници евра, имате пари дете да донесете на овој свет, имате пари да вложувате во туѓа куќа?

    До немањето е, ама не на финансии. Туку правото на глас.
     
    На Offspring, Lella, NEA и 17 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    259.811
    Јас така те разбрав, затоа така одговорив, свесна сум дека немаме сите исти сфаќања за успех и неуспех.

    Не можам искрено да замислам реална, а не хипотетичка ситуација да треба долгорочно некој со нас да живее.
    Секако, како моите, така и мајка му.

    Дур немаме деца може и би се издржувало, ама едно да имаме... покољ.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Ах ќе си ставиш приоритети, детето пред се а околу него примарна фамилија сте ти тој и тоа. Другите на други скалила, ама во глобала е покољ со дете, полна е другана тема. Ама ајде сите ќе дојдеме до мајчински дни, напорни ама исполнителни, здравје, финансии и мнооогу свесност и трпение(fingers) Се во свое време и со свој драж и убавина. Знаеш некогаш ќе планираш па нема да испадне па ќе импровизираш во граници колку можеш да толерираш а животот тече, не не чека.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Морав :angel:

    IMG_20200122_173648.jpg
    Инаку да се изјаснам на темата. Не, не би живеела во заедница никогаш.
     
    На Annath, Jana06, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  20. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Ај па и ти што парти брејкерка ќе беше, кој знаел што не знаел, ај оди во темана живот во странство да раскажеш таму како живеат младите а како старите и кој кого приметува а кој не.
    А она што го бараш тука го нема пак на грешна тема си, нажалост:D
    Оди шетни до другата тема за тоа:D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.