1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Ептен се сложувам со мислењето на @lovestoneddd дека се земаат кредити за вложување на спрат, дел што не е ниту на сопругот, а уште помалку ваш, се прават свадби со голем број на гости, скапи венчаници, украси, светла и глупости нели дека еднаш невеста се бидува, скапи поклони за кумови фрчат по темите, за детските родендени ич да не почнувам, е потоа нели се нема можност за стамбен кредит, за оддвојување, за под кирија ич не доаѓа в предвид, што ќе речат другите, ама затоа не е проблем 3 генерации да живеат во 3 соби. Се лутат потоа жените кога ќе им речат дека се во туѓа куќа и ќе им се мешаат во се и сешто, нешто што е неизбежно кога се живее во заедница. Ако се условите такви да морам да живеам во заедница не би се ни мажела, ќе продолжам дома во заедница да си живеам, а не како тинејџер на 40 години да се заклучувам за секс за да не и текне на свекрвата да влета во соба.
     
    На Lolipop23, crazylady, Doozy и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Некому му е мерак да прави четириесет тегли ајвар, која си ти да судиш?
    Има членови кои ја почитуваат традицијата и претпочитаат таков начин на живот, колку и да е таа погрешна, од многу аспекти.

    Еве и овде многу членки се еманципирани, имаат свои принципи па сепак сакаат да живеат во заедница, да ги делат економските добра, и успеваат да најдат компромис. Тие четириесет тегли ајвар за кои се смееш укажуваат на себичност. Луѓе не живеат во заедница да прават само зимници, примерот не беше буквален. Често ги прават од мерак, а потоа праќаат и на внуци.

    Патем, никаде не пишав дека живеат со свекрва од што им е досадно. Замисли постојат и такви свекрви кои се современи, не патат од комплекси на виша вредност и одлично се снаоѓаат со своите снаи. Ретки, но постојат, не е се црно - бело.

    И за крај, пишував општо и објективно. Моите ставови на тема заедница мислам дека се многу јасни. Јас не сум ниту за репродукциска должност во Северна, уште помалку за заедништво. Ама не сум јас битен фактор за темава, па ни ти. Секој за себе.
     
    Последна измена: 22 јануари 2020
    На Lolipop23, crazylady, meggle и 6 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.733
    Неважно е колку е некој современ Одорке.
    Теснотијата си го прави своето.
    Само полесно се простува на мајка/ќерка, него на свекрва/снаа.
     
    На Annora, Nausicaa, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Како што кажав, секој со својот избор Ками. Како му одговара - така. Дали ми смета мене овдешниот менталитет и традиција е друга тема.
     
    На Milobebence, CameliaMiller и fana им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.733
    Кешки "одговара" да е вистинската работа.
    Тоа би било одлично.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Не и не.
    Никогаш нема да прифатам.
    Сигурно сум пишала во темава и сто пати ќе пишам НЕ!

    Ние уште не сме ни верени па живееме сами, ама кога ќе дојдат некогаш неговите ептен ми е незгодно, исто и нему му е незгодно од моите.
    Сакам слобода, мир и тишина.
    Зар цел живот да се осеќам ко на гости отидена?

    Тешко се опуштам пред други луѓе и не можам се во очи да викам, па ќе собирам во себе, ќе се лутам, ќе се нервирам...нема шанси се на срце да собирам.

    Разни карактери, разни луѓе.

    Не знам како може некој да сака во заедница со луѓе. Привремено за некој месец разбирам, ама инаку не сфаќам.
    Ни приватност, ни ништо да имам.
    Сакам на раат да бидам дома а не да се штрекнувам да секое тропкање дали некој во соба ќе ми влезе.

    За мир и добри односи, само подалеку од старите :|
     
    На Ines24, happygirl, stetoskop и 12 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Избор? Зарем некој би избрал да живее така, да не можеш по гаќи да си прошеташ низ дома или да си прднеш коа сакаш? Не, не е тоа избор туку немање избор ако веќе збориме реално
     
    На BoaVista, Annora, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Па тоа збориме сите, она пиша ако живееш заедно нема да ти е досадно и заедно ќе правите зимница, ко демек има некој што иако има можност да живее сам, ќе живее со свекрва :D
     
    На crazylady, SummerGirl, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Види сега па не е и така досадно ама секогаш можеш да разбиеш монотонија со предење и плетење волна а и везење гоблени не е на одмет додека во позадина оди врескава синхронизација на турска серија. Ем не мора да гледаш, ем се слушаш, ем се знаеш, а и секој зафатена со предивото нема време ни за муабет ни за досадување, работно по дома, нема лабаво, да се знае кој е кој:nod:
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.733
    Јас единствено вистинска причина што сум ја чула од луѓе кои финансиски можат да си дозволат засебен живот, е тоа што мажот е камионџија, а жена му во 3 смени работи, па старите ги чуваат децата. И тоа пак беше повеќе од немање избор, него што реално сакаа.
     
    На SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Mantub @John Snow

    Доколку се вратите неколку страници наназад ќе видите дека има членки кои интенционално живеат во заедница по нивен избор и волја. Ако читаат слободно нека се изјаснат да не ги именувам.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.002
    Допаѓања:
    11.121
    За ова си во право. Мои познаници така направија. Се земаат, имаат само три соби на располагање, и треба да живеат со свекор и свекрва во заедница, иако девојката тоа не го сака. Прават свадба со 300 гости, и плус префрлаат за други “леле таа и таа како не направи свадба, какви се тие родители што не им е мерак на детето да му направат свадба“, демек величина, направиле голема свадба, и сега расправии, тензии, де кредит ќе земаат, стан ќе купувале, немале свое, де работа не може да се најде. Ние во македонското општество имаме некоја превртена листа на приоритети. Свадба е, еднаш е, ќе лупнам пари за 300 гости, па макар од утре леб да немам да јадам. А тоа што немаат кров над глава и што по тој свадбен ден носи тензии, караници...
     
    На Lolipop23, Emy867, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Еххххххх како не ми се погоди мене некоја таква, одма ќе и кажам зошто не сум правела свадба со 300 луѓе, за да имам сега мир и спокој, а тие таквите нека седат со години денови денови во нервирање и навредување и кажување вака манџата не чини, ти никогаш нема да си доволна за син ми, па потоа детето не знаеш да го гледаш убаво, лоша мајка си, ама пази, ќе носеле фустан од 25 кила купен 500 евра, еден ден во животот било, абе циркуз циркуз, за тие 500 евра јас си го опремив цело купатило, а тие нека седат со свекрвата на иста шоља и уште ќе се потсмеваат на други, ах бре, не се за смеење, жал ми е искрено за таквите
     
    На Tanjamm, crazylady, Dennings и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.259
    Пол:
    Женски
    Ќе се задржам на последната реченица,уствари на тоа алудирам цело време кога велам разбрани луѓе,зошто некој би влегол во ТВОЈАТА соба? Ако е некултурен само,кај нас во спалната никој не влегува,старите кога ќе се качат кај нас тропаат на врата пред да влезат в дневна,до луѓето е не до ТИТУЛИТЕ свекор или свекрва...
     
    На Nigredo Odor и Milobebence им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.733
    А знаеме преку искуства на многу жени тука, дека им влагаат во спална.
    На пример бебе плаче, баба трча влага :)

    Малку луѓе (свекрви и снаи) имаат доволно толеранција едни за други.

    Дома сите си тропаме на врата, и на мојата тинејџерка сестра и' тропаме.

    Тоа е ... пример.

    Ако има едно вц на пример, најситни работи нервираат.
    Не мора свеки да е, со моиве дома имаме едно, па проблем е.

    Кој пуштил машина, а кој не, кој фрлил ѓубре, а кој не, кој е на ред за бањање, сабајле борби пред работа итн.
    Кујна исто. Кој измил садови, кој во машина ставил, на кој ручекот не му чинел... ама ние сме семејство кое се' ќе си прости.

    На свекрва ми не можам да и' кажам да си ги прибере чорапите како што можам на сестра ми. Или дека не сакам таков ручек, како што можам на татко ми. Ни таа може мене да ми каже така.

    Од вакви ситници испаѓаат големи куршлуси. Колку сакаш биди толерантен, не е нормално да си подредиш живот на туѓи желби и навики.

    Ни јас, ни свекрва ми, ни мајка ми.
     
    На JoyJoy, Emy867, happygirl и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.259
    Пол:
    Женски
    Додека го правевме спратот неколку месеци бевме така,имавме само спална и посебно вц,дневната реално беше проблем,еден тв кој побрзо да гледа на него...
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.733
    Затоа сите викаме, барем, барем посебен спрат да е, посебна влезна врата.
    Тоа не е заедница.
     
    На lovestoneddd, Annora, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.104
    Пол:
    Женски
    Познавам такви кои живеат во заедница за да можат да се луксузираат. И после се жалат како немале приватност. Е па нема бате. Или ќе одиш под кирија и ќе си ја скратиш чергата, или живеј во заедница и трпи старци.
     
    На Dennings и Annora им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Напишаното на сите ви држи вода, со еден мал, но многу битен пропуштен детал.

    Постојат девојки кои сакајќи да се спасат од дисфункционалниот притисок во семејството дома, брзаат да се омажат. Често таквото бегство од еден проблем ги носи во друг, но, тие во моментот не се свесни за тоа, и приоритет им е да се избегаат од домашното вербално или физичко насилство. За нив идната нервозна свекрва изгледа како многу по блага верзија од секојдневниот ќотек од таткото/братот пијаница на пример. :)

    Затоа муабети од типот на "woman empowerment" за жал ретко проаѓаат на темава, па и во Балканските општества воопшто.

    Ова го пишувам од искуство, бидејќи имам вршено надзор во центарот за управување со кризи, и точно ја знам психолошката причина на голем број бракови кои се склучени "набрзина".
    Или бременост е во прашање, или насилство. Без разлика на старосна граница, има жени од сите националности и групи. Додека пак венчавката од 20 000 евра најчесто е cover, да се замаскира злото кое се случува во внатрешноста на заедницата.

    Нели имаш сопствена плата и стан џабе ти е. Се додека вагаш и делиш со семејство/партнер, не можеш да кажеш дека си комплетно независен - морнар на сопственото бродско кормило.
     
    Последна измена: 23 јануари 2020
    На Emy867, stetoskop, Tanjamm и 7 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.733
    Ова буквално го знам, на блиски мои животна приказна.
    На едната... да речам "се спаси".
    Оти па не живее со свекрва, не живее сиромашно, мажов и' е многу фин човек. Навистина се грижи и за неа, и за децата.

    Колку беше вљубена, баш и не знам и не сум убедена, а и не ни прашувам.
    Ама дека спас во брак бараше - бараше.
    Само се надевам дека го најде.
     
    На stetoskop, Dennings, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.