1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Да Ками, така е.
    Јас познавам најмалку десет случаи во моја близина, а притоа не живеам во периферија или рурална средина, туку скоро до Центар. Ова го напоменувам за да знаете дека насилството во нашите заедници станува се по присутно, и не се случува само надвор по селата како што некои овде знаат да напишат. Отворете статистика од 2010 година до сега и видете го бројот на малтретирани жени.

    Еве искрена ќе бидам, и ќе кажам дека со многу форумџии и форумџики со кои сум блиска ми имаат доверено дека се соочуваат со слични проблеми дома. Не мора секогаш да биде физичко насилство од типот ќотек. Доволно е да имаш хистерични нетрпеливи родители, пцуења, тензични односи или лоша комуникација за да донесеш низа погрешни избори, а еден од нив да биде и бракот.

    Затоа велам, дека многу бракови не се склучени само од љубов, или затоа што сме затуцана средина, туку поради немање финансии и избор за нешто подобро и свое.

    Статистиката моментално од 2017 година за семејно насилство е инкризирана за неверојатни 25% пријавени случаи за разлика од 2015. И ова само за Скопскиот регион, што е навистина сериозна бројка, ако земеме предвид колку непријавени случаи имаме последната деценија.

    И да за жал, со оглед на менталитетот често се случува да девојките во своите свекрви бараат заштита, мајчина, за да го надокнадат изгубеното. Затоа не се чудете што толкав акцент им се става на свекрвите во темата, наместо на сопрузите, па неретко се добива впечаток дека жената е во брак со свекрвата наместо со сопругот.
     
    Последна измена: 23 јануари 2020
    На Emy867, happygirl, stetoskop и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Леле, ќути, се смее на друга пријателка зошто не правела свадба, какви и биле родителите, а другава другарка има свој бизнис, а првата е со години невработена.

    Taка е. Овде ретко кој е самостоен финансиски, насилство во секоја втора куќа, и само цврст карактер нема да подлегне на притисок. Има жени кои излез бараат во бракот, но се случува спротивно.
     
    Последна измена од модератор: 5 февруари 2020
    На Nigredo Odor, SummerGirl, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно големо НЕ. Свекрвата се она знае, се она најдобро се вака треба да биде и на живци ми скака. Имам и преречено неколку пати а пак таа се навредено се осеќа. Да сме во можност одамна ќе си испадневме под кирија, а сега само чекам детето да ми потпорасне и ќе фаќаме патот за странство.
     
    На crazylady, princess5 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.536
    Пол:
    Женски
    Да видиш што те чека со таква сезнајка. Требало од старт под кирија.
     
    На crazylady и Tinkerbell11 им се допаѓа ова.
  5. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Бевме во странство одма после регистрација, ама јас за пораѓај сакав овде бидејќи таму ништо не ме следуваше.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.536
    Пол:
    Женски
    Е па ќути и трпи. Се гледа дека таа е глумица и ќе си зема голем замав. Гледај што побрзо да избегате.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    Мојата идна некако мн ме напна, ме начека во кујна и прво почна да ми врти како они биле стари, па да сум седела со нив, да сум прашала како се..? Јас останав .. викам да не сум ви згрешила нешто? - Не, не еве како и досега.. Wtf? И после има уште нешто, ама ај др пат... Не, не викам кажете сега ќе го мислам.. И почна.. Ти ако планираш да живееш тука ги знаеш ли нашите обичаи, па почна за деца да збори, за имиња... Ја и викам да ги знам, и јас со... (син и ќе се договорам за тоа). Не ми е јасно што и беше поентата. И ете го мојот на врата, она одма смени тема. Лелеее, уште толку ме напна. Дури не ми се веруваше! Не сакам да ме става во таква позиција, нит сум да му кажам, нит да не му кажам. Ако имаш нешто седни не двајцата и разговарај, мн мразам така позади грб. Ама јас на крај му кажав, не сакам да кријам од него.. амаа ме изненади и неговата реакција. Вика епа добро де, она тоа добронамерно да те посоветува.. Што имам јас со неа, го вреѓа и него, не е мало дете па да му е посредник. А моите никогаш не му рекле ништо, сум ставила јасна граница дека ние сме тие што ќе се договориме за се. Во врска со седењето со нив, не е дека не седиме, и кафе ќе направам...ама не можеш ти од мене да очекуваш дека секое идење јас ќе седам со вас...Др што ме напна, ма да ај не е толку страшно, али вероватно ми се собра. Правела женава ручек, спиев кај нив, сабајлето пиевме кафе, доручкувавме, измив се и си отидов дома, требаше и на гости да идам. И ми звони дечко ми после тоа, купив нешто и требаше да и објаснам како се користи.. Ми вика ќе те ставам на спикер објасни и на мајка ми. И објаснив ајде и ми вика зашто избега, што не остана на ручек? И се смеам сеа, ааа викам доста е доручек, ручек мн ќе ми дојде, од вчера сум тука.. И ајде нема везе тоа, ама мене ме нервира мојов, викам зашо дозволуваш таква ситуација. Прво и основно ја не знаев дека она спремала специјано ручек за мене, др си имав др обврски. Ми пука филм и веќе не ми се ни иде таму. Некако како да ме притискаат се осеќам. Ај не се битни они, ме нервира мојот што не ги постави границите. Како би реагирале вие? И што и е финтата со муабетите за обичаи и сл?
     
  8. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Имам јас пишувано нешто слично во темата за снаи и свекрви. Само кај мене се официјални иако тоа не го прави проблемот полесен или потежок. Јас бев на период од 3 недели кај нив во тој период беше и нашата регистрација а иначе живееме во странство. И во тој период ми најдоа такви замерки за седење со нив. Ко божем јас за нив се омажив не за синот нивен. Иако и ќе пијам кафе и ќе слушам глупи муабети и моето најслатко кафе што го обожавам сама да го пијам ми иде во врат тие пак не беа задоволни. Требаше цел ден со нив да го седам и да си слушам лекции да ми држат на моиве 34 години, да гледаме вести итн. Премногу си зимаат за право свекорот и свекрвата во Мк, особено ако се по традиционални а повеќето се, бидејќи сметаат дека сте заедно во бракот и секоја "прдешка" треба да биде синхронизирана со нив.
    Делот за обичаите и имиња на деца, поетот сака да ти каже да си ставиш во глава дека ќе бидат крстени по нив ;). И мене индиректно ми беше "советувано" тоа ама ич не ги есапам.

    Ти сметаш дека со тоа што го прескокнала синот и ти дошла директно тебе да ти попува е навреда за него, верувај она мисли дека има секакво право на тоа. Можеби не си имала во околина мн вакви фамилии или не си навлегла во вакви муабети па сега ти е чудно, но верувај најголемиот дел во мк, вака функционираат.
    А што ти рекол дечко ти дека она само добронамерно те советувала.... Јас тука не гледам никаков совет туку ти дошла со листа на барања, правилник со обичаи за кои мораш да се држиш доколку планираш да живееш таму.
    Смирено разговарај со дечко ти, изнеси си твое мислење како го гледаш бракот ти, а како тој па тука можно е и да се изненадиш колку уствари не го познаваш.
     
    Последна измена: 5 февруари 2020
    На crazylady, NEA, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    Знае он мн добро што мислам за тоа и за живеењето во заедница.Додуша, малце ме фати на емоција како не сака да ги остави родителите дека се стари и болни, ама еве после муабетиве нема шанси. Ме нервира и тоа што така подло се шушка со мене, а он кога се појави на врата одма смени тема. Требаше да бидам безобразна и да продолжам со муабетот, ама па и не сакам да создавам немири. Ваша предност е што живеете во странство, па ајде ќе ги истрпиш на 3 недели. Јас не можам да замислам да живеам таму, буквално сум на некоја раскрсница. Никогаш за овие год не кажал дека сака да живееме со неговите, и сега сум изненадена. Има и постар брат, женет во странство и сега негова обврска е да се грижи за неговите. Му кажав дека нема да се жртвувам и нема да дозволам некој др да ми ја крои судбината. Од др страна па викам можеби ќе направам животна грешка ако прекинам со него затоа што не сакам да живеам во заедница. Ама сите овие постапки ми укажуваат дека нема да имам мир таму..
     
    На crazylady, bibiiii, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  10. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Јас и да не бев во странство немаше да живеам буквално во заедница во иста куќа, зашто и јас и он имаме станбен простор посебно ама ајде ова беше поради регистрацијата, не ни беа другите живеалишта скрос спремни за живеење и најмногу од се што живееме во странство и сега за 3 недели сакавме да посветиме време и на моите и на неговите.
    Верувај нема полошо од тоа да немаш слобода, да те демнат каде се движиш, што си облекла итн. Одев и јас ккао гостинка и др прича беше. Кога се регистрирав автоматски од нареден ден јас бев задолжена за пречекување на нивните гостиа не бев домаќин таму. Значи не да е проблем да помогнам него јас да ги пречекам комплетно. Ужасиии. Се осмелија и да ми го покажат местото во бракот, како да се поставам јас кон мојот сопруг демек да го послужувам и него а ние година и пол живееме сами на свој начин.
    Не дигнав голема, зашто ќе си одев кај и да е ама на твое место мн би подразмислила. Како што ја опиша нема да ти даде да дишеш.
    Немате ли некакви услови за на страна некаде?
    Настрана гарантираните проблеми што идат во пакет, ама замисли си ти живот кога треба да си стегнат цело време, нема да можеш една романтична вечера да си спремаш, да се исексаш во било кое време, летно време по гаќи да се рашетуваш. Треба да внимаваш постојано. Па гости ако ти дојдат рачунај нема да можеш муабет да си направиш.
    Јас не би можела.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135

    Услови немаме, ама мислам и кога би имале не би ги оставил. Му зборев дека нема секако да ги оставиме, кога и да имаат потреба ќе им помогнеме. Сакав да аплицираме за кредит за да се средиме, не прифаќа, ќе сме се заробеле цел живот. Неговите не се лоши, досега сум немала проблем, ама гледам сега кога станува работата посериозна некако си го наметнуваат своето. Можеби и јас не сум навикната на некои работи, ама 2 дена да бидам таму и ме фаќа некоја нервоза. Не знам дали неговите нешто му кажале, но он не сака ни да идеме негде надвор од тука. Сепак се работи за нашата иднина и здравје утре за децата. Како да сме врзани тука да останеме поради нив.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски

    А оти не му го кажеш ова на дечкото, баш вака како што го пишуваш тука? Дека не се чувствуваш убаво и пријатно кога си кај него дома, а не па да живеете заедно. Кога си верена со некого, отприлика знаеш што ве очекува после венчавката, и твое е дали ќе прифатиш или не, со сила никој не те тера. Треба да се прават компромиси, ама не на штета на едниот партнер.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    Баш вака му имам кажано, ми вика како можеш да знаеш дека ќе ти биде лошо, ќе се навикнеш, нема да дозволам ништо што не сакаш.... И оп имаме ситуација кога јас мислам дека треба да реагира и он тука паѓа. Ама како и да е, колку и да се добри и да не се мешаат сакам приватност. Јас сум најмногу изненадена од него.. Кога виде дека сум решителна ми вика епа тебе те интересираат материјални работи, ептен ме разочара!
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Господинот се разочарал? Уф.... не му е гајле што ти треба да се навикнуваш и да се прилагодуваш во туѓа средина, и да менуваш навики? Пошто реално, ќе треба да се прилагодиш во нивната куќа. Па и ти не сакаш да ги оставиш твоите, нели? Што е толку привилегиран тој да мора кај неговите да живеете?
    Иначе мислам дека му ја полнат главата, само не сака да ти каже. Затоа и свекрвата го прекинала муабетот со тебе кога дошол тој. Сака да ве мота двајцата на само.
     
    На crazylady, SandStorm, bibiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    Не не јас се разочарав.. Никогаш не бил приврзан со неговите, и увек имал планови за надвор. Не знам што му го смени така оддеднаш мислењето, и бев сигурна дека кога ќе му кажам што ми рекла мајка му ќе збесне, а он така смирено го прифати тоа и проба да ја оправда. Мислам дек има нешто тука.. Не можам да се начудам, он самиот имал моменти кога сакал да се исели од дома, ама не можел поради финансии. Ах, да сум врапче.. :)
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски

    Или му ја полнат главата, или страв го фаќа од обврските. Може и двете работи истовремено.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    И мене ми мириса така. Сега кога оди работата за сериозно ќе те обработуваат, па за обичаи, па сентименталност за старост болести. Да те земат под свое, да си легнеш на брашното.
    Лесно е да се каже навикни се, кога се работи за друг грб и 100 стапа се малку.
    И еве да речеме да се потрудам да го разберам да нејќе да ги остави ако се ептен баш толку болни и не можат сами.... Ама жити се ова со наметнувањето обичаи??? Како за немоќна жена идната свекрва е доста "гласна".
    И она и синот нејзин те подесуваат со време за да им играш како ќе свират, во спротивно тој би поставил од почеток граници.
    И немој да се мислиш толку дека може да згрешиш ако прекинеш со него поради тој начин на живот, јас тука не гледам дека он се замислил дали ќе згреши со форсирањето на нивниот терк и да те изгуби
     
    На crazylady, Zumbula, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.536
    Пол:
    Женски
    @felisitas и мојата свекрва наметнуваше обичаи. Иако не живееме заедно. Доаѓаше кај нас и поставуваше правила. Да сме правеле она како што ќе каже. Ми се мешаше и за името на поголемиот син. Едно време и ќутев, ама после тоа ми пукна филмот. Сега ништо не ми вика. Не знам зашто свекрвите се научени децата по нив да се викаат. (facepalm)
     
    На crazylady, Spidy, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Па они само тоа и знаат, обичаите, цел живот им е поминат по шаблон и очекуваат и од нашиве генерации кои веќе стапуваат во брак повозрасни и со изграден карактер и став да го следат истиот тој шаблон во 21 век. Разумот им бил користен само да научат да хеклаат и везат, логика во нивниот живот е непознат поим. Од родното место може биле до соседниот град да извадат некој документ. И оваа е таа категорија што прават проблеми вакви ,таква особа ќе учи некоја 25+со образование, дипломи и прошетан свет како да живее.
    Ми се повраќа кога слушам глупости надвор од здрав разум а со традиција како изговор. Многу знаат што е традиција, оро македонско и песна не знае да каже од само турбофолк што слушаат ама битно ќе попува.
     
    На SandStorm, Mantub, ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Bela Vela

    Bela Vela Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Во слична ситуација сум како @felisitas
    Во сериозна врска пред мажење што се вели само што сеуште не сум се сретнала јас со проблемот со ,,обичаите“ се надевам и дека нема. Кај нас проблемот е што и двајцата сме од село и двајцата дипломирани дечко ми работи , за кратко кај и да е и јас ке почнам со работа и кога сме разговараме за каде да живееме одсекогаш и двајцата сме сакале во Градот кај што работи, во последно време неговото мислење се промени - да сме останале да си живееме во селото со тоа што ке догради до неговата куќа посебно за нас бидејки тоа чини помалку за разлика од тоа да купува куќа во градат каде што ќе мора да земе кредит а не сака , 100% сум сигурна дека за промена на неговото мислење се заслужни неговите или некои од другарите. Тоа за мене беше како гром од ведро небо и сеуште неможам да се помирак со фактот. Исто така изговор му е дека кога ке сме имале деца нема да сме можеле сами па затоа е подобро да бидеме во близина на нашите родители.
    Јас не сакам да останеме од една причина што селото е село и имам мн недостатоци и од друга што ме фака страв дека во близина на свекрвата и свекорот плус и брат има , јас не би можела да функционирам,постојано некој да ми се меша. Сакам да бидеме сами.
    Јас сакам скрокен живот само за нас, а он сака богат живот т.е ако сме останале ке сме имале повеќе пари за шетање, ке ни ги чувале децата и ке ни помагале неговите.....итн итн
    Help ,Секое ваше мислење е добредојдено.:D
     
    На crazylady и marchi-cool им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.