не дај боже такво нешто сега можеби други ралично размислуваат но поубаво е да си живееш со станче или куќа поубаво е да си имате приватност бидејќи од свекрвата ни п од приватност нема да добиете
Убаво е сами, ама реално ретко кој има такви удобности. Треба многу мака и труд да се купи стан, куќа, или ако ја земете на кредит, па сметајте дека сте должни 20 год да кратите на други работи и да бидете под стрес. Само среќа да имате па ете ако свекорот и свекравата купиле стан, куќа да си живеете одвоено.
Вака ми одговара ,преку еден викенд ги гледам,доручек,ручекче-се спремно ,не дава ништо да фатам,што на почеток ме нервираше,ама после пак ич.Нема некои проблеми,баш заради тоа што може не се гледаме често,па кога ќе слушнат дека доаѓаме,штом тропне врата одма истрчуваат во ходник живи радосни Мислам ако се ок,зошто да не,зошто помошта е секогаш добредојдена. Ама сите ќе се сложиме дека сам си е сам.Ако се има можност,тешко време е Многумина рекле-не се мажам-женам додека не се одделам.Свака част на тој што може.Да купиш најмало станче во Ск или каде и да е со 2 просечни мкд плати-конкретно за нас зборувам е навистина инвестиција.А кога би можел,секој би сакал Сега ја средуваме куќата,која пак е нивна,наше остана да ја средиме.Да ја правевме од нула,не би се нафатила Има многу што си немаат гајле,не се замараат за ништо ,си свиркаат си прават лице со свекор и свекрва-и верувајте супер си живеат.Јас така не би можела,па во прва прилика,додека сеуште нема проблеми-ќе се оделиме,веќе сме на пат
да исто се согласувам со тебе не би можела да се карам постојано со неа или да ја слушам како и поздрав срцко
Секако дека има и позитивни страни заедничкото живеење, ама и јас како и повеќето сакам одделно да живеам. Не сакам ниту со моите ниту со неговите. Немора од старт одма да се купува стан или куќа, може и под кирија некое убаво станче за почеток зошто да не. Попрво би живееле сами ама поскромно, тоа е мое мислење
Да, обавезно да се помине некое време во заедница со свекор и свекрва, тоа е еден добар тест за двајцата и ако тоа го преживеете без поголеми проблеми тогаш congratulations, створени сте еден за друг
Па доколку сте мазохисти добро е да се живее со свекор и свекрва, во спротино подобро е да си свиете, сопствено гнездо, па макар тоа била 1 соба и макар морале да јадете чеб, и маргарин цел живот. Бидејки жиењето со родителите на сопругот е вистински пекол за една жена, затоа ни под разно нетреба да прифаќате воопшто да почнете да живеете со неговите родители. И не наседнувајте на онаа финта за почеток ке идеме кај моите а подоцна ќе се снајдеме, верувајте ми дка тоа икогаш нема да се случи.
^ Пекол е ако сте мекуши и плачки и не знаете да се снајдете и да застанете зад себе и своето па да ги разграничите работите...инаку ако е во опција живеење со старите или живеење сами во една соба и мачкање леб и маргарин цел живот, верувајте не би го сакале ова второто...
Јас на гости ко ќе отидам неможам да ја трпам, а не па да живеам со неа. Имало ситуации кога сум седела по неколку дена, и на нос ми излагале колку може и неможа, па зар мајка ми и татко ми ме створиле за до тој степен да се нервирам? За така ли да живеам? Нема шанси. Со две плати, може да се оди во мало станче под кирија, и сите мирни. Со свекор ми немам гајле, ама со свеки, не би сакала ни 2 минути колку и да се трудам. Родените деца сигурно со причина ја презираат.....
Не ни очекував поинаков одговор, бидејки некои луге едноставно се научени да живеат паразитски и на туг грб, без разлика колку и да ги малтретираат и понижуваат битно им е само газот да им е полн. А, ни под разно не размислуваат да го запнат газотпа да тргнат од нула, и да создадат нешто свое. Бидејки колку и да е тоа мало е многу подрагоцено отколу подарена палата. Мене а верувам и на голем дел од девојкиве на форумов многу посладок би ни бил лебот и маргаринот запечален од сопствениот труд отколку печење, дадено од некој кој што ке те гледа попреку додеа јадеш. Не го сваќај ова како лично упатено кон тебе, бидејки не си единствена со тој став ве има многу. А, што се однесува до тоа дека ти си јака и храбра особа и ќе им покажеш на сите каде им е местото и тоа во нивна куќа, тоа малку потешко. Едноставно ќе ти кажат за ова ние сме се мачеле ако не ти чини таму ти е вратата. И, што ќе им кажеш на тоа? имаш две варијанти или да си ги собереш парталите и да си заминеш, или да си ја свиткаш опашката и да продолжиш и понатаму да живееш како паразит. И само немој да мислиш дека ќе го натераш мажти да се расправа со неговите родители, Тоа избриши си го веднаш од глава.