1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mim111

    Mim111 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Јас живеам со свекор и свекрва во иста куќа и нормално со маж ми немаме многу приватност, друго е да живеете сами со мажот и децата а друго со свекор и свекрва затоа што можеби денеска јас сакам да шетам по гаќи низ дома (се извинувам на изразот ама таа е реалноста), на свекор ми до скоро време му беше страм да излези пред мене по пижами.. Кај да е ќе креваме спрат на куќата мене не ми пречеше и од иста врата да влегуваме ама тие не сакаа па ќе го правиме со различни влезови и секој да си има свој спрат, еве јас сум таква што пред по стари ми е страм да излезам по кратки шорцеви или пижами, свекрва ми само ми вика да не бидам толку будала да се страмам, ама јас сепак не можам.. Пре добри се и двајцата исто како родители ми се, за све можам да зборувам со нив, посебно со свекрва ми како другарка ми е све си кажуваме за све се договараме со убаво, еве сега кај да е ќе се породам едвај чекаат и моите родители и на маж ми, и за све заедно се договараме.. Да не подречам ама засега се супер лошо не можам да речам ама муабетот ми беше без разлика дали се добри или лоши друго е кога живеете одделено и многу поубаво..
    И уште нешто да ве прашам дали свекорот и свекрвата ги викате мамо и тато?|(.. Јас скоро 1 година сум во куќава и никако не можам да ги наречам мамо и тато, не ми излегува од душава да им речам така:^).. А и не знам кој измислил такво нешто.. Свекрва ми на секое ми вика дека мајка се знае која ми е и дека само една може мајка да ми биде, и воопшто не се лутат дека не им викам мамо и тато.. Некогаш кога ќе ми требаат за нешто не знам како да им викнам па ко детенце одам до нив и ги подчепнувам на рамо и ми се смеат, ама што да правам ајде кога не ми излегува од душа така да ги наречам, од една страна страм ми е да ги наречам така, а од друга ми нема смисла свекор и свекрва да ги наречам мама и тато..(facepalm):shake:
     
    На AngIv, karak, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Не сакам со нив да живеам а и нема, да гледам секој ден како влечат повеќе за другата страна за јатрвата и деверот и да се бутам во една соба, не фала.
     
    На Skorpija25, crazylady, Watermelon96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Сум пишала ама сакам пак да пишам НЕ.
    Ќе објаснам во една реченица зошто?!
    Затоа што секој еден човек има свој карактер, своја историја, свое минато, свои навикиз свој комфор, свој мир, свои манири.
    Толку е просто.
     
    На JoanaS, Alisa22, jasbi и 14 други им се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Многу точно.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    @Mim111 со лесно со породувањето мама и тато немаш потреба да ги викаш ќе се обраќаш со тетко чичко ...
    Впрочем се убаво и почетокот е убав фаќај се побрзо за градење, ќе дојде бебче па пиши после 2-3 месеци каков однос имате....
    Заедницата носи позитивни и негативни страни 8 год сум во заедница добро е жива сум ама си сакам свое катче свој дом..
     
    На Mim111, crazylady и Mami3 им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    151.774
    да не ве подречам но од коа ке се пиродиш после некој период дојди и кажи како ке биде
    Голем дел се менуваат коа ке дојде бебето кески кај вас да остане се исто како и до сега
     
    На Abc07, karak, Mim111 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Да, скроз е поразлично кога имаш бебе, па дај му ова, дај му она, па зошто плаче, тешки кај тебе да е понаку мене уште ми е претешко и најлошо е што никој не ме разбира. Сама во друг град сум мажена, ни од мажот ми немам подршка....

    Господе златен не знам кај да барам помош, не можам ќе полудам со мирно не бива, нервите ми попуштија, сега и за кашичките на бебето ми се мешат а мажот ми се нив ги слуша, не можам да издржам .. Тешки само ова да беше, стари се да ги разбериш ај труди се ама овие се пролив...
     
    Последна измена од модератор: 22 јуни 2020
    На karak, Cherry333, Mim111 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.811
    Пол:
    Женски
    Sto ti se zdesilo, nevestulce..kazi si ja makata!
    Za kasite ne im se sekiraj,davaj na bebe ponudi gi i niv da probaat(facepalm)...ne se normalnii.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mim111

    Mim111 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Ако не бива со арно, пробај инаку не си должна да трпиш, се си има граница.. Тоа што се стари нема врска треба и тие разбирање да имаат, а не во се да се мешаат.. Разговарај и со сопругот кажи му дека тоа што ги слуша нив за се дека ти пречи.. Од тоа што ги слуша само нив доаѓа до кавги и ред други работи.. На моја другарка исто и се случуваше и не можеше да трпи веќе секој ден со кавги поради свекорот и свекрвата, преку глава и дојде и му кажа на сопругот дека не сака да биде таква што ќе остави да бира меѓу неа и детето и неговите родители ама барем малце да биде на нејзина страна за да нема кавги, после некое време се смирија работите.. Пробај разговарај и ти.. Како што ти кажав не си должна се да трпиш..
     
    На Mami3, MoreNa-22 и crazylady им се допаѓа ова.
  10. Mim111

    Mim111 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Пред 1 недела си ги испофалив свекорот и свекрвата ама еве веќе 3 дена свекорот само ми презборува ми дофрлува, го боли кичмата и лежи по цел ден и не оди на работа, и свекрва ми се нервира од него затоа што се однесува ко дете.. И таа си оди на работа јас останувам дома со него и што и да направам не му чини а со стомакот до уста сум колку можам толку правам се заморувам одма, а и гинекологот ми кажа сега повеќе да мирувам затоа што и јас имам големи болки во кичмата.. Цел ден низ дома работев, свекрва ми на работа си беше и ајде реков ќе одморам па ќе направам вечера, зедов плескавици и ќебапи да пржам ставив масло колку што треба, свекорот стана цреши да земе да јаде и дојде во кујна, една плескавица беше испржена (загорена), и ми вика не ги гори вака не јадиме никој изгорено.. Добро му викам таа загоре затоа што имав и други работи во меѓувреме и заборавив да ја извадам на време, замина тој си легна.. Потоа девер ми 20 год има ми дојде во кујна и почна да се смее да ми вика леле леле пливаат во масло па и изгорени колку се, и замина веднаш кај свекор ми да кажи и свекор ми му вика знам видов ама тоа е.. Во моментот се изнервирав премногу оставив све така и си заминав во соба почнав да плачам, затоа што се почувствував како неспособна, девер ми што и да направам не му се свиѓа и само преговара а еве и свекор ми почнува.. Не можев да трпам и да ќутам му кажав на маж ми, немав намера да направам да се караат дома поради мене ама преку глава ми дојде, маж ми се јави кај девер ми и се искараа, а јас во соба плачев.. После тоа излегов од соба и свекор ми ми вика аман де немој да се лутиш ти сите грешаваме не па ти.. И му реков на маж ми кога ќе дојде дома ништо да не им вика не сакам кавги и проблеми поради мене, ќе си зборуваат, ќе се понервирам, ќе се исплачам ќе помине.. Ама маж ми кажал на свекрва ми па кога дојде таа почна да им вика и им рече од сега сами да си прават за јадење тие двајца а јас ако сум станела да им направам нешто дека раце и нозе ќе ми искршела и ми рече да не ме видела да плачам и да се нервирам и од сега само за мене и за маж ми да си правам и ако сум сакала и за неа.. Од неа не можам да се пожалам затоа што имала лош живот со свекорот и свекрвата и знае како е и за се ме разбира.. Извинете на рефератов ама целта на муабетов ми е што побрзо да се од делите од свекор и свекрва и сами да си живеете со сопругот, никој да не ви се меша и да не ви презборува и да ве потценува.. Едниот ако се погоди другиот нема да се погоди или па двајцата нема да се погодат, затоа да си живеете посебно е најубаво, повеќе така ќе се почитувате отколку секој ден заедно..:)
     
    На Skorpija25, Puffy2019, Mantub и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.811
    Пол:
    Женски
    Si ja olesni dusickata, ubavo ti kazala svekrvati, ne im se zamaraj!
     
    На crazylady, Annora и Mim111 им се допаѓа ова.
  12. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Дај боже сите да имаме свекрва како твојата. Јас пред некој ден јадев цреши со мм и детето и во двор ги фрлавме семките во тревата (да напоменам, сите така прават и свекор ми, зошто црешава ни е над пола двор голема е и секкао постојано паѓаат цреши) и госпожа мене ми вика ти ги фрлаш на земја, а јас ги метам. Јас ништо не искоментирав, само го погледнав мм и он и се рече да си го прибере јазикот, вл смисол "што не ми речеш мене или моиве не ги метеш и твоите, туку само нејзините" и госпожа влезе дома и одма почна да плаче зошто мм ме бранел. Ако јас порано имав колку толку добро мислење за неа, последниве месеци неможам да јс гледам.
    Не им се замарај, чим мт е на твоја страна и чим свеки така ти рекла ич да не ти чуе, само јас не би им преќутила така лесно, на пр кога влегол девер ти и ти искоментирал, ти си требала да му речеш "на мали, направи ги ти, да видиме колку си способен" и да си излезеше. Или во иднина кога ќе се очекува или рече ти нешто да направиш, спомни им они да направат, чисто да видиш реакција, на пр "снао салата направи, и ти ќе речеш,а не, не чекам да видам што салатичка ќе каснам од вас, јас може да згрешам" и седни си до мт.
     
    На crazylady и Mim111 им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.519
    Пол:
    Женски
    @Nevenche26 кога пишав во темава дека не треба да им се ќути, лом ме направија. Ако не се разберат со арно, ќе се разберат со лошо. Имаш среќа што е маж ти на твоја страна. Имаше период кога свекрвата ми презборуваше. Јас ќе правам нешто, таа одма ми контрира. И после некое време ја оставив да прави што сака. Сега сменила тактика. Како бајче е.

    Баш заради такви работи треба да се живее одделно. За мир во куќа. А и поголема почит ќе имаш така. :wasntme:
     
    На Spidy, crazylady, Nevenche26 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mim111

    Mim111 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Не му реков ништо на девер ми не сакав да се карам и проблеми да има, ама затоа па денеска ни свекор ми ни девер ми ми побараа нешто, се сами си правеа.. Од почит кон свекор ми како постар затоа што кичмата го боли го прашував само да не треба нешто да му дадам, инаку сам си стана си правеше јадење, и едно време ми вика сабајле свекрва ти набрзина ме стануваше а знае дека ме боли и пополека треба ама изгледа ми враќаше за тебе, човеков скроз е изгубен во последно и на сите ни оди на нерви само со девер ми се како што треба, а нас само ни презборува не се ни контролира што ќе речи и дали ќе навреди и дали воопшто е интересен со тоа што ќе го речи.. Мајка ми и татко ми се разведени, а свекор ми постојано и преговара на мајка ми и провоцира со муабети, правевме муабет со мајка за цвеќина во двор и свекор ми и вика па купи и однеси ги кај сватот посади ги ти си во зграда нема кај да чуваш многу цвеќина.. Еднуш и вика ти треба до сватот да си и на негова страна секогаш, сите бевме собрани и никој не разбравме што сака да кажи.. Ама во се се меша, на мајка ми тоа и смета ама не вика ништо само мене ми вика дека не може да се замара со недосмислени муабети.. На свекрва ми и вика нешто што не е за викање пред нас, прееска и вика не ти реков да ги крениш нозете, и ред други работи, кутрата нерви кини, а и јас кај да е ќе почнам да кинам нерви ако продолжи вака човеков, дури се направи спрат за мене и маж ми сигурно уште 1година до 2 ќе поминат..:@:@
     
  15. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Па штом е таква работава со него не му се замарајте на таквите муабети, може таков му е стилот на зборување. Ваков беше и братот на бившиот мој и друштвото негово. Он ќе боцне вака тие сите патоси се смеат, а јас се нервирав. Сега и јас се смеам, будала сум била што не сум пререкувала на ист начин и сфаќала на мајтап се или во краен случај игнорирала. Не вреди замарање за муабетите на вакви шупелки.
     
    На crazylady и Mim111 им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Ова не ти е убаво вака што трпиш.
    Не вреди заради други ти да плачеш и да се нервираш.
     
    На Skorpija25, crazylady, Mim111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mim111

    Mim111 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Знам, ама таква сум не сакам кавги да има..(facepalm)
     
  18. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Не е кавга ако си кажеш што мислиш. Луѓе ко свекор ти убаво те процениле и само боцка и тебе и мајка ти зошто тоа им е духовна храна, толку им е нивото ти пишав шупелки. За такви ли вреди да се нервираш? НЕ.
    Еве мене по толку време дури ми е смешно, еден ден и ти ќе се смееш за се и како си реагирала на се. Чувај си нерви и чувај си здравјето твое и на мајка ти, никој не ви ги дал на улица па некој да ви ги уништува.
    И на секое што не ти чини ќе си кажеш, не е тоа почнување кавга туку изразување став, твој личен.
     
    На Skorpija25, crazylady, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Е браво за твојата свекрва, ретко кој разбира. А ти не биди смотана :) не се лути ова е шала, ама стварно. Ако едно невоспитано 20 годишно детиште дојде и ти се изнасмее а ти му правиш храна треба да му кажеш да се носи у курац пошо на 20 години треба да е способен да си спржи сам плескавица. Таа ќе плачела, па уште му викаш на сопругот да не им вика ништо, а бе нека ги отера у три лепе и не знам што им готвиш јадење, секој сам нека си готви
     
    На Skorpija25, Cherry333, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mim111

    Mim111 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Да, во право си.. Ама ете ни 1 година не сум во куќава од една страна па и страм ми е да се расправам со постар ама како што тргнало некој ден ќе ми дојде преку глава и ич не ќутам..
     
    На ZeldaSF му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.