Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Хахаха :D боље кирија ќе плаќам секој месец него ли да го поминувам тоа што го поминала мајка ми.
     
    На Алек***, edna_malecka, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А бе снајки, јас со свеки да имав вакви проблеми на коњ бев...едно лажиче немам поместено дома и без да ми рече пошо дома кај нејзе сум. Кај мене дома таа кога ќе дојде исто не мрднува ништо без да ме праша мене или маж ми. Кога сме живееле прекратко заедно, прекратко зборам неколку недели, се осеќав ко да не можам да мрдам да ама ни еднаш не му се пожалив на маж ми пошо јас бев дојдена. Јас со свеки имав друг тип на проблеми, на пример таа очекуваше дека после брак ќе исфрлам мобилен и компјутер од употреба...пошо нели сметаше дека жена не смее да има пристап до интернет кај што има многу мажи, па еднаш гледав некое смешно видео со бебиња, кога запна со кого се смееш, швалер па швалер, маж ми не знаеше дали да се смее или да плаче...а да ми рече не носи ми другарки ми сметате...не ни може да ми рече пошо имам огромен сенс за граници и не би ни донесла прво и прво мои гости во туѓ дом...влакна да оставам во туѓ дом после капење па сама да живеам не го правам тоа...за ништо од набројаново на рефи кога би ми рекла свеки кај нејзе дома не би се лутела.
     
    На edna_malecka, Dentina и referentka им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    У превод: Снајки подобро извадете карта у еден правец за Треблинка него Рефка свекрва да ви биде ;(
     
    На H.VAGA, edna_malecka, Nightwish11 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    57.238
    Пол:
    Женски
    Е Рефке за се ова што пиша најарен одговор на прашањето е НЕ за живеење со свекор и свекрва..колку побрзо си станат домаќинки новите снајки и да не мрчат за свекрвите толку подобро за сите!!!!
     
    На Nightwish11 и referentka им се допаѓа ова.
  5. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    57.238
    Пол:
    Женски
    уф да и ова..а ние две золви со по две деца???? снашка моја во несвест може паѓа...ама мајка си е на раат сама во своја куќа, брат ми е посебно, е сега зааеднички двор се дели ама не им одам на гости кај нив, си одам кај мајка...е сега може кучето лаело па ги буди од спиење ама што да им правам :mm:
     
    На Nightwish11, Mantub, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Оди си бе у Треблинка:D
    Кај мене е Аушвиц.Ако ти одговара ОК, ако не - пут под ноге !

    Ама стварно...не ве научија од одма дека денот има :
    -утро
    -пладне
    -попладне, и
    -ноќ?

    Колку за инфо, и свекрвите не сакаат со вас, ама ете животот не им дозволил повеќе од еден стан да купат.

    Сакаш со мене?
    На моја адреса?
    Има правила !

    Без зезање, бев снаа по одредени услови, ги напуштив зашто неможев да ги издржам.
    Сега како свеки, благодарна сум што некако живееме сите посебно.
    Си помагаме (читај им помагаме), ама подалеку од снаа.
    Дај Боже вака нека остане во ред ќе биде.

    Целиот муабет ми е:....мора да знаете на што сте спремни да истрпите, да издржите.И башка, па пак ке се најде ,,мудра,, за да ви кажува каде треба да стои лебарчето (ова зашт мене ми го баеја:D) и дали лебот треба да е во кеса:D.
    Ако ви го дала станот бакшиш ??...рачунај дека куртул нема да имате (освен ако е некоја супер-софистицирана).

    Во природата на човек се некои работи запишани.

    Сега ќе престанам да зборам на темава, доволно ве изреметив:D
     
    На edna_malecka, baby-star, kukla21 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски

    Znaci mnogu te sakam vaka virtuelno, mozi privatno bff ke sme:*!
     
    На mal.ecka и referentka им се допаѓа ова.
  8. PeonyJF

    PeonyJF Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    И јас сум моментално само снаа, ама кога ќе дојде време да бидам свекрва секако би важеле истиве стандарди, и уште многу други. Во заедница живеевме некои 3 месеци додека ни се реновираше куќата, и секако не беше најсјајниот период од мојот живот. Значи со свекор и свекрва никогаш не сме се карале , многу коректни се луѓето, никогаш не се мешале во ништо. НО... луѓето си имаат одредени навики на живеење и домување кои јас не можам да ги прифатам, и да, не можев да се опуштам , најпрост пример шубе ми беше да влезам да се истуширам ( а си сакам еднаш у денот да фрлам една вода) , некогаш па ќе влезе пред мене деверот, капка вода не оставил , мене сафра ме фаќа :D башка 3 пати ми влегоа додека бев у купатило , пошо очигледно немаа навика да тропнат на врата, јас зини земјо голтни ме, свекрвата на пример по цел ден у пижами се шета по дома , ок нејзина куќа нејзини правила ама мене на пр тоа не ми е нормално, да за девојка од 20 и кусур , ама не и за жена , баба со внуци на 50 и кусур (син ми го учам дека пижамите треба да ги соблече кога ќе стане од спиење, и дете ко дете еднаш и се пушти: а ти бабо зошто носиш пижами дење) . Друга работа, деверот со девојката нонстоп си беа тука, девојчето спиеше јадеше тука, ај тоа мање више , ама барем маса крени после јадење, чинијата измиј си ја, свекрва ми ја переше, прслуци оставени на сите страни низ соба , свекорот влегува се срами он повеќе наместо она да се подзамисли малку. Богами никогаш не би прифатила такво однесување, може звучам старомодно и заостанато, ама мора да постојат граници и секако да се почитуваат.
    Значи, доста брборам , животот во заедница глејте да го прескокнете, и да си терате сами како што вас ви одговара по мерки и стандарди. Не рекле за џабе: твоја куќица , твоја попрдајчица :D ајде живели
     
    На marija305, Nightwish11, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Чекај сега...зошто да ти пречи тоа што си јадела тука и си спиела тука девојката на девер ти, нели и ти истото го правиш :) :):)
     
  10. PeonyJF

    PeonyJF Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Не не не , да се разбереме , тој последен дел од мислењето беше за тоа какво однесување од страна на потенцијалната моја идна снаа не би оправдала , инаку што сака бека прави не е моја куќа тоа , јас сум ги миела чиниите после неа , никогаш на никој не сум се пожалила или кажала , случајно еднаш се погоди бабата на мм додека они двајца јдеа и станаа си заминаа и јас после тоа раскренав, и жената само искоментира како не и е срам ти со новороденче да чистиш по нив. Значи јас никогаш не сум се побунила. Башка како може да е исто кога јас сум снаа во таа куќа , а она е девојка , која што веќе и не е ни тоа пошо раскинаа, а и јас бев 8 години во врска со мм и само 5 пати имам преспано кај нив и никогаш не сум дозволила нити кај моите нити кај нив прслуците и гаќите на мегдан татко ми да ми ги гледа или недај Боже свекор :)
     
    На marija305, tina2018, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не, не, не викам јас дека треба да раскренуваш по неа, само зборам за делот кај што кажа дека ти сметало и тоа што јадела тука и спиела тука, а нели во иста позиција сте и двете.
    А тоа што си ти снаа, а таа девојка, нема никаква врска, исти "права" има таа колку и ти, не се добива тоа со стаж :D
     
  12. PeonyJF

    PeonyJF Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    :D:D:D за ова со "правава" и не се сложувам баш, ако е така ај нека ја вметнат у тестамент ако не:D колку лошо звучи ова пак погрешно ќе бидам разбрана како да сум се омажила за принцот па некој имот ќе делиме , глупости :D:D ама така иде зборот. И не не ми сметало што јадат , лошо звучи, знам ама Боже мој никогаш не бил проблем храната , и јас сум одел на ручеци, сум пунела фрижидер и секој јадел , без никаков проблем без да биде преречено, за храна никогаш, и ако ми сметало немало да раскревам , ама не ми сметало , не било моја куќа, не сум се осеќла како дома , само кажувам дека ќе ми смета утре јас кога ќе имам снаа така да се понаша, пошо јас не функционирам така , и за мене тоа никогаш не било нормално:)
     
    На LovelyGirl3 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Да не ме сфатиш погрешно и јас не сакам да живеам со свекрва но сепак ќе реплицирам за некои од точкиве кои мислам дека не ти држат вода.

    Зошто коа не сте дома? Да не треба дозвола да се бара ако сакам да викнам некој да ме види? Да види кај седам , па и јас сум вложувала во таа куќа било тоа финансиски или морално, сигурно нема да и речам на свеки еј може да ми дојдат другарчињата денеска?! Нема смисла, има секогаш опција во мојов случај на спрат ќе си ги викнам горе и завршена работа.Битно никој не прашувам за тоа.
    Се согласувам за миењето садови, ги мијам редовно бидејќи на прсти се бројат јадењата што знам да ги готвам, барем си признавам. Ако сакам да си направам кафе ќе те замолам да се тргнеш од ринглата 5 минути реално и помалце од тоа време е потребно, за вакви работи не се фаќаат кусури зар не?
    И ќе јадам кога сакам,и кога сум нашла време, еве јас станувам во 9 и пол ама одма не ми се доручкува сакам прво да се напијам лимонада , да видам што има на инстаграм па потоа. Тоа се некои навики на младите кои не очекувај дека ќе ги смениш.
    П.С. и со кредитов што си го зела свака ти част само молим те не го тупи ептен, те следев и во другите мислења,па никој не ти се качил на глава да го земаш како сега ти што мислиш дека сите што живеат во куќата ти се борчлии.
    Да се чувствувам виновно и подолу што некој зел кредит за да нејзиниот син има кај да се смести со снаата, нешто што секој родител треба да го обезбеди а јас низ нос да и го вадам на снаата со разни замерки. Од една страна даваш впечаток на софистицирана жена а од друга страна вакви ставови не ми се вклопуваат со тоа.
    Еве јас имам дуќан на мое име кој со маж ми го издаваме под кирија и од него подмируваме сметки во куќава и сега јас на свеки треба да и речам ама јас сметки плаќам и ти во куќава не смееш ова и ова..
     
    На Juicy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не бе, не реков да ја вметнат у тестамент, реков дека исти сте, и таа дојдена гостинка, и ти гостинка :) сакам да кажам, да беше обратно, ти да беше девојка, а таа снаа, и таа да ти речеше, ми пречи што јадеш и спиеш овде, нели ќе ти дојдеше да и кажеш, ние исти сме, ако јадеш ти и спиеш тука, можам и јас :)
    а за фрижидер полнење, нормално дека ако јаде, треба да купува и таа, ама ако свеки полни фрижидер, а на свеки не и смета, тоа е тоа
    уствари, заклучокот е пак ист, живот во заедница е тежок скоро невозможен :)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Бидејќи една е днаевна соба, немам намера да се деранжирам ради другарки

    Гледај си ти, немам против, ама тоа така може во твој дом, во мојот стан има куќен ред

    Во моја куќа само ГОСТИН е добредојден.Се друго....

    За снаата сигурно не е земен кредитот.
    За да јас живеам лагодно со моите син и ќерка.
    Не сум богата. Толку можам.
     
  16. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Odgovorot na prasanjeto e NE!!!
    Jas sum snaa, moite imaat snaa, a i jas eden ubav soncev den ke stanam svekrva,t.e. ke imaam snaa.
    Maka macime da se svestime vo Makedonija, deka mora ama MORA da se zivee odeleno.
    Ne e vozmozno da se sakame tolku mnogu, se da ni e besprekorno so drugi luge, nebitno cii roditeli se(na mazot ili zenata), brakot e zaednica samo na niv(so nivnite deca).
    Navikite koi gi imaat moite svekor i svekrva se sosema razlicni od navikite na moite roditeli, i moite i na maz mi vo nasata zaednica se razlikuvaat od nivnite, nie ziveeme odelno (zaradi situacijata im sme maku na gosti zasto imame bebus od 6m. A mm odi na rabota).
    Se slucuva i po 2 nedeli da ne ne vidi,
    No jas go prifakam nivniot red na jadenje na spienje....i sl.
    Na edniot sprat se tie na gorniot nie, no dvorot vlezot e ist.
    Dvete deca mi se pogolemi i se setaat,imaat drugarcinja, tuka sedat do pokasno pomalo mesto e, ke si dojdat jas si gi banjam jadat i si legnuvaat.
    Ne im gi ostavam na niv da mi gi cuvaat.
    Koga doagat za leten raspust, gi gledaat,i ranat,gi pazat kako znaat i umeat.
    E sega nisto ne mu dale ne nivnoto dete, na vnucite pa ic ...no iskreno veke toa ne me zasga, porano mi bese krivo no sega ne me tangira, nivni izbor.
    Za taa smetka pak, jas i mm pouceni od nivnte postapki i kako se cuvstvuva toj poradi toa, pravime se za da ne gi delime, da im pruzime se, da imaat utre svoe, da ne se cudat koj ke ja drzi kvakata od nadvoresnata vrata ili vo cie wc ke odat koga ke dojde jajceto na g....!
    Se nadevam deka zamislata ke ni uspee,za da ne mora utre moite deca da se macat kako nas... no nikad se nezna!
     
    На edna_malecka, Cherry333 и referentka им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Скроз ја разбирам @referentka
    Муабетот е: Јас си имам свои правила и желби, маж ми си има негови, ќерка ми нејзини, па додајте на ова и уште едно дете, па свекор, па свекрва, па снаи, золви, ѓаоли-врази.
    Секој член плус, е компромис плус.

    Сама на себе не мом да си погодам некогаш, не пак на 2-3-5-10 луѓе

    Затоа, најубаво е секој сам (примарна фамилија).
    Доколку може, се разбира.
     
    На Dentina, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Тоа ми е муабетот цело време.

    Јас и ексот м. свторивме некакви услови секој башка да е, да нема вакви глупоштини.

    Иначе, сега да ми дојде во станов снаа, отма ,,отров,, пуштам:D
    Не се осеќам способна да делам животен простор со син и снаа и тАчка.
    Привремено - може..додека се снајдат.На клепки да стојам , збор нема да речам..
    Ама да треба со неа да делам живот...богами, течко неа:D.. а и тешко мене.
     
    На Dentina, buba4e89, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе аман пак ти.
    Кај мајка дека исклучиво со спиење одиме, оти 'далеку'... на третио ден, за врат сме фатени :angel:
    Последнио пат ко бевме, ни еднаш не се испокаравме, дури чудно ни беше. :lol:

    Си има жената терк, како си го тера денот, идиме ние и и' реметиме се' г*з-преку гла.
    Нормално дека ќе и' биди неубо.
    А и арни сме двете за пререквање.. и ете ти кавга.

    Не ми е ни свекрва, мајка ми е.
     
    На cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Ех..компромис..имаш слушнато?
    Кога треба ќе направиш. Јас не велам за се живо да се попушта и да биде мерак само за едната страна ама како се очекува снаата да биде среќна и насмеана ако знае дека е под некои правила и прописи, дека некој и води сметка цело време кога треба да јаде и кога кафе да пие кога другарки да носи..
    На крајот исходот е мажот и детето под рака и негде под ќирија.
    И тогаш на свекрвата залуден ќе и биде трудот со кредитот, ќе се прашува кај згрешила.
     
    На cresa-jagoda, Ambitious, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.