1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Боженце, јас одвај се трпам со моите дома, не па со нечии туѓи... :^)
    И еве една старо-нова вест: и нив не им се живее со снаа или домазет!
    Мислите пак ним им е погодено, на стари години место да одморат коски и да си приуштат конечно задоволства сами на себе, да издржуваат уште едно домаќинство, и нон стоп да трчкараат по мали бебиња?
    :^)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Значи сите што не успеале сами да си купат куќа или стан и живеат кај родителите на едниот или другиот се паразити? А што се оние кои се осудиле да земат кредит и да свијат свое гнездо водени со мотото сам свој газда, и на крај кога од платите им останува само за леб и маргарин трчат редовно кај своите родители за помош?
    Знаеме дека живеењето сами е најубаво тоа не е спорно, но ако веќе мора да се бира јас кажав што би одбрала, и зборуваме за луѓе со просечни плати во Македонија, чукање во гради на друго место ќе ве молам...
    Едит-Ако се живее кај родителите на едниот не значи дека тој ќе ве издржува или е должен да ви ги гледа децата, туку ви дава покрив на глава а поделбите ќе си ги направите сами...
     
    На Bubbles02, Anyshka и aleks26 им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас живеам со свекор и свекрва. Делиме една куќа, но на различни спратови седиме. На почетокот видов некои да речам маки со свекрвата, но ете по 2 години си легнавме и двете на брашното.

    Нормално како и секоја работа и оваа си има позитивни и негативни последици.
    + Има кој да ти го причува детето во секое време, макар и на 2 мин само да претрчаш до вц.
    + Најчесто постарите готват (кај вујко ми и вујна ми, дедо ми готви најчесто, баба ми поретко).
    + Можност за делење на сметки за водаи струја ( или пак старите целосно да ви ги плаќаат).
    - Имаш секогаш дежурни примачи на врата, мора први да ги пречекаат гостите.
    - Често прават попис на тоа што има/нема снаата.
    - Мешање во кавгите со партнерот.
    - Дежурни коментатори на што треба и што не треба :lol:
    - Се мешаат во воспитувањето на децата

    Напомена: Не се пронаоѓам во секој де од напишаното :lol:

    На моменти кога размислам дека имав (ја имам сеуште таа опција) си велам, подобро да заминевме во станот да живееме. Ама кога си правиме муабет со мм секогаш заклучуваме дур се мали децата, подобро е со стари да си заедно. Конкретно во нашиот случај го чуваат и двајцата малиот и 60% свекрва ми готви (ова по нејзин избор е, не по мој :) ).

    Од друга страна, мајка ми никогаш нема да прифати да живее со снаа заедно, не може да се замисли она со друга жена во нејзината кујна, во нејзиниот дом кој го гради 25 години, сака ТОЈ дом да си остане само нејзин и на татко ми, сите останати да сме добродојдени гости.
    А мене ми солеше памет да живеам со свекрва :rofl:


    Она што сакав да го кажам е дека преска еден женет колега ми рече: Нема лоши снаи, има лоши синови :!: Држи вода...
     
    На Golden Rose, eli25 и Peppermint им се допаѓа ова.
  4. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Сами секако колку и да се од помош старите, ако сака да ти помогне ќети помогне и кога нема да живее со вас :tmi: а не стани легни нив да ги гледам не се мажам за нив :fubar: ако треба да градам живот со човекот што сум го одбрала не сум одбрала и нив да ги трпам така да мое мисленје подалеку од мене свекори свекрви и золви :D
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Ние сме во иста куќа со свекорот и свекрвата, но на засебни спратови и со посебни влезови.
    Според мене, ова е најдобро решение. Сум пишала до сега дека свекорот и свекрвата си се луѓе на место, ја почитуваат нашата приватност, не ни се мешаат во донесување на одлуки/водење домаќинство/воспитување на дете. И тие си држат до сопствената приватност, знаат кога да се повлечат. Пола час муабет, кафе и толку. Исклучок се заеднички прослави, празници, родендени и сл.
    Од друга страна секогаш кога ми била потребна помош, особено кога син ми беше помал, многу ми се наоѓаа за причувување на детето. Сега син ми е голем и е самостоен, но чувството дека не е дома сам, дека има кој да го надгледува, ми дава сигурност додека сум на работа.
    Предност постои и во поглед на финансии, затоа што и двајцата си имаат пензии. Понатаму, свекрвата ми помага и во домашните работи. Обично готвам јас затоа што не ми се допаѓа многу нејзиното готвење, но во ситуации кога се задржувам на работа или сум излезена и нарачувам што да направи. Морам да нагласам дека што и да сум и кажала да зготви, да запегла, никогаш не негодува, секогаш прифаќа како едвај да чека да помогне нешто. Не ми чисти, но барем средува основни работи, па кога ќе дојдам дома не изгледа како бомба да паднала.
    Се на се, имам приватност колку што ми е потребна, чувство дека ние тројца сме си засебно семејство, но и помош кога ми е потребна, но која се разбира не ја злоупотребувам.
     
    На Golden Rose, do-re-mi, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    зависи од луѓето......
    си има предности и недостатоци ова живеење.....предностите се најмногу од финансиски карактер, но затоа честопати ќе ви страда бракот....

    бидејќи овде сме засотанати во 15ти век и мислат дека ако ти дале кров над глава дека можат секаде да се мешат, да се прави попис на ствари, да се гледа што е кај, кој дошол кога дошол, зошто дошол ( се тоа со пола саат испрашување на гостите) итн итн

    но има вистина во тоа - дека нема лопи снаи само лиши синови.....бидејкќи ако синот на време си стави линии и си направи догвори и не дозволува да го манипулираат би немало 70% од кавгите.... но повеќето сакат да бидат добри пред родителите, а добри и пред жените ...и еве кавги........
     
    На agapii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    фино кажано,како што ја гледам ситуацијата уште сега се познава дека синот е откај неговите,така да не верувам дека ке можам лесно да се впуштам во брак мразам кавги и расправии,а и неможам да претраам на нешто што ми смета,така да не знам што ке се деси ,само здравје тоа е најбитно
     
  8. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.153
    Единствено во куќа, пример на прв спрат тие, на втор младоженците. Инаку во стан или помала куќа... ни приватност ништо нема да имаат младите.
     
  9. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    не мени ништо ни посебниот спрат ако имаш ист влез и не те почитуваат ко човек значи според мене џабе е се, исто како да не постоиш за нив
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.153
    Е да има секакви луѓе, наместо да се почитуваат и да си го поминат убаво животот, како поинтересно да им е постојано да се расправаат.
     
  11. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Да се живее сам и да се има свој дом јас,сопругот и две дечиња е најидеално нешто за еден брак,се сложувам со фактот дека и да се живее со нив и да се живее без нив има свој предности и мани како и секоја една работа во животот :!: гледано на предностите дека ке ми помага и дека ке ги чува децата кога е расположена,дека ке платат сметка за струја еднаш до два пати месечно и дека ке прави ручек повеќе пати од мене.Во секој случај тој дом нема никогаш да биде мој и никогаш нема да се почувствувам како домаќинка на свој дом и кога ке дојдат золвата и деверот на гости,па поседок вечно ке бидеш слуга во секој случај тие дошле дома во местото во кое живееле 20 години со кое право ке се буниш па тука си само неколку години.Но кога се нема услови и тоа е добро ке се тешиш со тоа дека денеска не му се думаш на ручекот и дека ке ти помогнат околу децата секако подобро е отколку да седиш под кирија секако мислам на трошокот за кирија инаку секако си кираџија :)
     
    На Anyshka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.466
    Живеев со свекор и свекрва неколку години. И како да кажам, тое е како заеднички живот меѓу кучето и мачето. Кога се разминувавме таа ржи како куче а јас се кострешам како мачка и се спремам за напад ]:)
    Лошо е кога со одредени предрасуди пречекуваш снаа или свекрва, сеедно. Ама јас не можев да преминам преку она дека „снаата треба да ги слуша свекрвата и свекорот“ (ѓоа јас заради нив се мажев за да ги слушам нивните желби, погледи на светот, и да им стојам простум кога јадат). Ако не се зацртаат граници за пристојно меѓусебно однесување тој заеднички живот е осуден на пропаст. Така и излезе.
    Сега сме си раат сами, а што е најинтересно иако свекрвава се „срамеше од светот“ (ајде де!) што сме си отишле, сега гледам и таа е задоволна и трга раат што си е сама!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Кога бев малечка, во еден разговор помеѓу возрасни слушнав еден коментар: „Судбина на секое женско дете е што мора да ја смени куќата“. Оваа мисла да речам, ми остана во сеќавање, меѓутоа не го знаев нејзиното значење. И уште не го знам :)
    Околу ова прашање немам конкретен став, но сепак мислам дека зависи од материјалните услови најмногу. Сепак, сметам дека независно од тоа дали се живее со нив или одвоено од нив, тие најмногу се радуваат на внуците. Можат со снаата и крвави битки да водат (или понекогаш и со синот), но едно е сигурно дека внуците ги сакаат најмногу (и тука може да има исклучоци, без навреда).
    Сепак, едно е сигурно дека тие не можат снаата да ја сакаат како што го сакаат синот, но колку и да не ја сакаат ако тој е среќен тие треба со тоа да се гордеат.

    А дали може да живеат заедно, може ако мораат, а ако имаат можности да се одделат и да го зачуваат мирот треба да го искористат тоа :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    дефинитивно најдобро сами, па и најдобра на свет да ти се чини идната свекрва. А тоа што одгледала 2 деца, не мора ништо да значи, има некои што одгледале 2 деца ама дава аналгин за температура и некој икс антибиотик богзнае од каде, и чека 2 дена синот да и има температура пред да му каже да оди на лекар.!!!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Мирот и достоинсвото за да се зачуваат во еден дом е мн важна работа.Никој несака да живее во тензија и постојани притисоци и препукувања.Помеѓу 2 жени да се постигне тоа е малце тешко.....Гледано од машка страна..(некогаш незнаеш кога си прават лице а кога се вистински пријателки )Иако сеуште неженет :geek: но во блиска иднина кога би се случило тоа нема како да се скрои стратегија за да не доаѓа до тензија.Првично ке биде заедничко живеалиште (се разбира ) поради помош взаемна и на младите и на старите ... но подоцна ке се стремам за нешто + (не би сакал никој да испадне навреден или доминантен доколку веднаш на некој начин се одвои,мора да се расчистат домашните работи-проблеми за да нема мешање на невестата .Ми сметаат неразјаснети проблеми и сакам се да биде на 0 за отпочнување на нова фаза во животот наречен брак.Да нема делби пределби ,срамење и одбегнување на нормални работи во животот ... ).Мислам дека мора да се знае која жена ке доминира во домот првично (тука е карактерот во прашање) .А пак другата тоа да го прифати и да се покорува малце ,се разбира без да биде прегазена и навредена итн ....Доколку се изнајде начин за тоа, може многу добро да се функционира во заедница (просторно никогаш нема да биде толку пресудно за проблемите на 2 жени,колку што може да направи проблем нивниот карактер и инает ).Мажите ги гледам за виновни во голем % ,што додека се во врска ветуваат брда и долни а потоа никаде ги нема :wasntme: .. и неможат да се помират дека не се способни да направат мир во својот дом :fubar: ...
    Само разговор решава...И нај тешкиот карактер може да се покори доколку греши .Со молчење и терање инает се гаи егото и се фрлаат проблемите под тепих .Се надевам дека личноста Х ке биде доволно храбра за да помине низ фазата наречена МЛАДА невеста :lol: ( ова на ваша сметака дами ! ) :P
     
    На Norah Jones и hermosa им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    76.524
    Пол:
    Женски
    Да не се живее :D
     
  17. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Jok nitu ti im trebas nitu tie ti trebaat,sekoi mladi sakaat se da sami
     
  18. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Mislam deka sekoj da si zivee posebno e najpametno. Nema koj da
    ti se mesa vo zivotot i vo sekojdnevieto. Kako mislis da treba, taka si zivees so partnerot. Poznavam nekolku parovi koi poradi svekrva/svekor, baba/dedo se razvele. :@:devil:
     
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Само посебно, сеκој во свое сам за себе газда! А за помагање дали за деца или за дρуго аκо се саκа се има начин за тоа и во посебни κуќи.
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    На секој му се потребни мир и хармонија во сопствениот дом без оглед на возраста.
    Просториите каде што улогата на жената е видно изразена (кујна и бања) се место каде нема можност секоја (снаа и свекрва) да ги реализира своите потреби и желби, а тензии и напнати ситуации кои ќе го исполнат секојдневието, никој не би можел да поднесе.
    Меѓусебната помош е прашање на договор кога се има меѓусебно разбирање и почит.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.