Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Ги плаќам јас сметките што стигаат пишав погоре, мислам доволно е. Или не? :) Еве првпат слушам дека снаата требало даги обезбеди сите и стари и млади.Пошо ние млади сме , се можееме..
    Толку можам толку давам.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не бе срц, не се фаќам јас за едно зборче. Сакам да кажам дека ако ти во животов си створиш СВОЕ, нема да ти е гајле дали девојката на девер ти оставала прслуци, гаќи, колку јадела, колку спиела кај свекрвата. Ама пошо не си била на свое, ти смета. А и сама знаеш дека не си во право, пошо ако беше во право, одма ќе и кажеше на девојката дека ти смета, немаше овде да дискутираме. Кога сум дома и некој ми смета одма ќе му кажам, ама кога знам дека и јас не сум дома, ќе се жалам на страна, ама пред нив ќе ќутам :)
     
    На SummerGirl, PeonyJF и referentka им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    8.573
    Во целава приказна каде е синот? Снаата сама ли решава да живеат со свекор и свекрва?
    Ако свекрвата и свекорот правилно го воспитале синот да станува во 9 и да си спрема на време ручеци и кафиња, да го полни фрижидерот, да дава пари дома за сметки и што и да е, нема да донесе снаа со спротивните карактеристики.
    Ако правилно го воспитале ќе се осамостоел, а не да се жени и да носи во стан уште еден член.
    Ако правилно го воспитале немало да се жени кредитонеспособен, невработен, неосамостоен или недипломиран.
    Мажот е тој што најчесто нема муда да искочи од кај неговите (особено ако никогаш претходно не поживеал сам, искочил на факултет или настрана) или смета дека тој стан е негов и таму ќе си ја носи невестата.

    Ни на крај на свет не би живеела со свекрва.
    Па јас со мајка ми се потскарувам за домаќински работи, што останало со свекрва (facepalm)
     
    На marija305, cresa-jagoda, Li-Li и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Никој не напиша дека треба да ги обезбедуваш старите. Туку дека нема што свекрвата да те зема во предвид кога ќе подигнува кредит пошо прво ти не и си ништо, и аман не ми враќај жена на син и, пошо ако си возрасна и работоспособна зошто некој да те зема во предвид кога подига кредит.
    Не знам вашата конкретна ситуација каква е, супер ако сте се договориле да делите трошоци. Ама пак тоа е ствар на договор. А не обврска. Ниту ти имаш обврска да им плаќаш сметки на старите, ниту тие за тебе да плаќаат кредит.
     
    На crazylady, SummerGirl, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Не сум мажена и не сум ни блиску :)
    Ама гледано од страна, никогаш не би давала пари за кирија само за да живееме сами со партнерот.
    Радо би стиснала заби и би седела со родители/негови или мои сеедно се додека не се заштедат пари за да се купи нешто свое
     
    На edna_malecka и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    180.836
    Значи, јас и маж, земаме кредит со 3 годишно дете, ама треба да го имаме предвид идниот партнер на детето, по цирка 20години :o :rofl: Па тек ако родам уште едно дете:worried:
     
    На Mami3, mssuniquee, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Таму каде што си ти девојка и спиеш и јадеш во туѓа куќа (читај сеуште не е твоја) треба да дадеш и малку помош,а не на туѓ грб.

    Верувам тоа и засметало на членката. Јас скоро никаде не идам празна и без пари ако идам да спијам кај дм одреден период.

    Инаку,апсолутно не.
    Секој своја куќа гради,секој свој дом створа. Нека си створа секој посебно правила таму каде што му е местото - во својата дома.
    Да се задржи почитта и хармонијата во едно семејство пред се да се одржуваат контактите.
     
    На edna_malecka, SummerGirl и referentka им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Само ако е машко
    Ако е женско ќе му кажеш фино лепо да си најде некој друг што ќе дига кредит за него :rofl:
     
    На baby-star, crazylady, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Тоа што не си мажена, а не си ни блиску е главниот дел од твојов коментар :D
    Плус може нема да е тоа твоја одлука, може свекрва ти ќе ти рече нејќам да живеете со мене
     
    На cresa-jagoda, crazylady и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    180.836
    ААА, не. Дома-снаа, домазет, не дискриминиран јас:!:
     
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    А извини, немам право на мислење тука ако не сум мажена?
    Може имам многу блиски кои се измачиле со живеење сами, или плаќање рати и кирии, па учам од нивно искуство
     
    На eliesaab и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Имаш право, ама немаш искуство, чекај, ќе збориме пак :)
    плус, ти реков, ако свекрвата не сака да живее со снаа, ќе мораш под кирија ако немаш каде :)
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Она ништо не мора ако не сака. Капираш? ;)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    180.836
    Баш би сакала членката да ни пише по х години и да ни каже, како е да се живее со свекрва. Пошто кои сме ние да судиме за човечките желби:).
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А кај ќе живее? На улица? Мислам, добро и тоа е опција :rofl:
    Ако свекрвата не сака да живее со снаа, ниту па родителите од девојкава сакаат домазет дома, ќе мора да засука ракави и да си обезбеди живеалиште ко возрасна, самостојна особа, а не да чека на готово :)
    ти можеш до утре да се инаетиш ко мало дете - не морам ништо пошо не сакам ама ќе ти се удри реалноста од глава
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Се однесуваш со неа како да е најдена на улица и очекуваш одговор. Па мислам малку осет.

    И од каде си толку сигурна дека нејзините не сакаат домазет и дека ќе ги исфрлат на улица? Кој родител при здрав памет би дозволил детето да му седи на улица?
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    180.836
    Чекај малку ти, за се има начин. На пример да си бира маж според имотен лист, кредитно портфолио на свекрва, одкајјазнам што. ...:D
     
    На SummerGirl и Mantub им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема детето да седи на улица. Ако е детето вработено со убава плата, нема под мост да живее, и кога ќе му речат мама и тато, нејќиме да седите со нас со жена ти, гужва ни е, седете дури не најдете место, ама почнете да барате, ќе засукаш ракави и ќе се преселиш, нема да си толку безосетна на стари луѓе да им реметиш мир пошо ти не мораш ништо што не сакаш. Нормално дека никој нема да те остави на улица ако имаш тежок период, ама не морам да правам ништо ако не сакам е детско размислување, валда секој млад човек минува низ фаза кога е self centered, ништо страшно
     
    На baby-star, candy.cane, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Е многу си грешка. Може свекрвата да те избрка, ама затоа секогаш имаш мајка :l:
     
    На Skorpija25 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Знаеш кои се најдобри родители? Тие што немаат деца :rofl:
     
    На Estranged, SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.