Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Девојче те молам крени си ја самодовербата до небо и раскини му. Не вреди. Да одам јас на одмор и да плачам? Има они да плачат, не јас.
     
    На Puffy2019, candy.cane, Panda girl и 6 други им се допаѓа ова.
  2. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    И по бањарки си се шетаат сите низ дома и не им е галје по гаќи ако си се видат меѓу себе ни мајка ни татко ни сестра ни он немаат срам никаков
     
    На Hurikanke20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @princess02 ај тоа со бањарките не е толку страшно ама се друго ми е алармантно. Дечко ти е под тотална контрола на мајка му. Животот ќе ти биде пекол ако останеш со него.
     
    На candy.cane, smooch, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Леле јас не сум ни дочитала за досетките дека ќе спие меѓу вас од иницијален шок :o

    Види, не би сакала вака од страна да коментирам направи вака или онака, зошто никој не може надвор од врска да знае сосема што се случува во самата врска освен кога е насилство во прашање, но од тоа што те читам, јас да бев веројатно немаше да можам да продолжам на ваков начин. Посебно што гледам дека дечко ти е, жалам што морам вака да кажам ... болно приврзан за родителот. А и родителот со детето.

    Убаво кажа ако не може во врска да стави лимит, во брак па ич, со оглед на тоа дека колку и да сте далеку, пак ќе сте иста фамилија.
     
    Последна измена: 10 август 2020
    На candy.cane, Hellobeautiful, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  5. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски

    И тоа на 5 куќи оддалеченост живееме ама на неа ни тоа не и одговара сакала да и биде синот со неа у куќа да се тутка.
    Да го гледа бебето. Сопругот не и обрнува многу мнпгу внимание си се караат па затоа изгледа многу во синот гледа утеха и се на него чека и не сака да и избега.

    Што јаде бебчето дали го ранам, дали спие убаво. Убав тој на мајка
     
    Последна измена од модератор: 11 август 2020
  6. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Begajjjj so dvete noze...
    Znaci itno!
    Boze mili,kakvi se toa ne ima na Zemjava!!!
     
    На 1209, Hellobeautiful, Fleur-De-Lis и 4 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.202
    Допаѓања:
    36.656
    Пол:
    Женски
    @princess02 бегај подалеку. Нема живот со таков. Ако останеш со него ќе си го уништиш животот. Овие работи се решаваат додека не си во брак. Се гледа дека нешто не е во ред со мајка му.
     
    На candy.cane, Hellobeautiful, Fleur-De-Lis и 4 други им се допаѓа ова.
  8. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    И со него и цела фамилија. Толку да си залепен за нив не сум видела јас. Сите си имаме родители и сите родители си ги сакаат децата ама ова е опсесивност. Се е само не нормално.
     
    На candy.cane, Hellobeautiful, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.202
    Допаѓања:
    36.656
    Пол:
    Женски
    Не знам што чекаш? Се е јасно. Со таков не треба да создаваш фамилија.
     
    На candy.cane, ohlalalala, princess02 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    2.348
    Пол:
    Женски
    Ниту едно од наведеното не ми е потребно ми треба само мир и спокој. Тој што не живеал во заедница не знае што е мака, поготово ако ти се погодат намќори луѓе.
     
    На edna_malecka, thelittle17, Watermelon96 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Ми гледаш како фина и воспитана девојка. Не дозволувај тебе да те уништат како личност, ниту па споменот од твојот родител. Едноставно не вреди.
     
    На candy.cane, crazylady, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Ne! Mozebi nekoi moze no spored mene ne nikako ne i ne! Toj selski model na ziveenje koj samo kaj nas go ima e horor i e samo za pleminja...
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Никогаш.
    Ниту он кај мене, ниту јас кај него.
    Ќе се потрудам да си создадам нешто свое.
     
    На Panda girl, cresa-jagoda, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    за жал ние на Балканов уште живееме во 18ти век не сме напреднале во ниедна сфера, а поготово не во темата за брак. Уште ги има многу што веруваат дека е исправно синот да седи со родителите а ќерката да си оди од домот. Или дека ако се две деца машко и женско на машкото останува цела куќа а женското нема право на ништо. Страшно. Нели се боревме за женски права нели сеа демек сме родово еднакви?
     
    На Veta, Puffy2019, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па она е глупа што прифатила таков живот не тој...

    Се додека не се деле 50 50 на децата никогаш нема да бидеме еднакви, и така машките деца се привилигирани не се учени на морал, однесување препуштени се да прават што сакат и на крај да доведат домакинка а за женските забрани и учење на некој си морал и да мијат нози на некој си маж
     
    Последна измена од модератор: 20 август 2020
    На SummerGirl, noteforself, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ауч ќе спиела со вас во кревет?:drunk:
    Ти речи и фино ама јас многу клоцкам со ноџињата:rofl:
    Леле јас да сум на твое место ќе ја утепам од зафркавање неа, а со него што да ти кажам.
    Си пишала на едно место дека е глуп, мислам дека он не е глуп така е воспитан. Ти треба да расчистиш со себе дали си спремна да вложуваш со ваков дечко во вашата врска да прерасне во нешто поозбилно или подобро е да раскинете со време.
    Додека на темата многу зависи од карактерите на младите и старите, ама најдобро е секој засебно да си живее и да имаат близина колку што им одговара на двете страни.
     
    Последна измена: 20 август 2020
    На Puffy2019, buba4e89, Autumn_ и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    23.142
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира што бидна со дечково? Се уште сте заедно или не? @princess02
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Ne sme, me barase pa sea veke se otkaza ocigledno
     
    На Puffy2019, Nausicaa, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Браво!!!!(y)(y)(y):party::clap::clap::clap: Правилна одлука. Чим се откажал, не се менува тој човек. Тешко на таа што ќе налета и нема да е храбра како тебе, па ќе си трпи цел живот.
     
    На Puffy2019, tinka-mace, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  20. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Еве на пример ние ги плаќаме сметките, им купуваме што ќе побараат и се што им е потребно, ги почитувавме (само што не можам да им се обраќам со мамо и тато како што сакаат) секогаш ко не беа дома им чистев и им спремав јадење ама за разлика од нас, ние кога ќе се вратевме од работа немаше направено ручек или пак ако има го криеше. После откако ќе станеше свекорот за јадење го ваѓаше јадењето. Срамота. И решивме оттогаш и ние да си правиме јадење само за нас. Па не ругаа зошто така правиме не било убаво тоа..Почнавме да реновираме ниту еднаш не кажаа алал да ви е, ќе ви треба ли помош...Денот кога ги донесоа плочките маж ми беше на работа од 7 сабајле до 20ч вечерта, плочките стоеа надвор. Тешки беа не можев јас да ги кревам го викна татко му за помош тој му кажа дека не можел рацете го болеле..Тие секогаш бараат помош од нас а никогаш не ни помагаат. Ко имаше мајстор дома ко ќе се вратев од работа хаос беше а госпоѓата филмови си гледа дома..ќе земев да метам к застануваше со скрстени раце и ме гледаше па ќе кажеше абе остави утре пак ѓубре ќе се направи...И ко немаше мајстори пак сето губре од надвор го носеа дома јас пак ќе се вратев од работа и пак чистев. После 1 месец ми скисна и само на мојот спрат си чистев. По цела недела губрето не го метеше ко во штала да живеат. Маж ми им кажа да пазат малку да се истресуваат пред вратата ко ќе влегуваат ама џабе..Почнавме и ние како нив да правиме само за да сфатат дека не е убаво тоа што го прават. Како што тие одат во ВЦ и не пуштаат вода, како што се моравме ние по нив да раскренуваме решивме 1 ден чиниите што јадеме да не ги измијам. Почна татко му да вика зошто сме ги оставиле срамота било. Ние тоа што го правевме знаеме дека не е убаво ама тие тоа што ни го прават не се свесни. Се бунат зошто сме јаделе на горниот спрат баш во таа соба кај регалот. Сум ја чистела собата за друштво да си носам таму. А мене срам ми е и сестра ми да дојди ко знам дека сум исчистила а после мене хаос прават. Малку да имаат осет нема да прават така. Но тоа е од инает само. Ги ставив влечките покрај вратата таа ги реди на горе по скалите дури и валканите. Една вечер ги слушнав како кажуваа дека од таа соба ќе го зеле регалот, креветите, масата и столовите па да виделе што ќе правиме. Јас ги извадив нашите работи од регалот. Порано и имав кажано да ги исфрлиме старите работи што не ни се потребни за да направиме место за нашите работи ама не сакаше, ни кажа да сме си купеле друг плакар ние. Секој ден ги слушам како не оговараат...Еден регал им е побитен од синот што им помага финансиски уште од 15 години, што ниту еден лош збор не им има кажано. И тој ги слуша и гледа што прават секој ден се нервира ама никогаш откако ќе го слушне тоа не оде да им каже зошто го прават тоа...Сега ние сме лошите деца...Па измислуваат и лажат само да се оправдаат. Јас после сите навреди и клевети што ги слушав престанав да им се обраќам. Затоа сега сум невоспитана оти само ќјутам ама со такви луѓе јас не можам да се расправам.
     
    Последна измена: 22 август 2020
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.