Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    И ти идат со денови ти спијат? Ама не твој комшии нивни комшии и роднини од таму а ;)им правиш со денови јадење а?
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Хаха девојче ме изнасмеа со ова Бардовци.. Поголемиот дел од стариве што ги читаме се превртувачи на приказни и лажговци и манипулатори, ама не се оди во Бардовци за тоа. Лоши луѓе со лопата да ги ринеш, само ќе ти го загорчуваат животот без око да им трепне.
     
    На Dust, buba4e89, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    @Justicija игнорирај само, објаснуваш на луѓе без осет како треба да се има осет. Нема да ти успее и кога ќе начекаат мислат интересно е, ама и тоа е до осетот.

    Еве мене не ми е јасно зошто тогаш родителите се лутат доколку син им се оддели, макар и посебен спрат а камо ли да се отсели. Еден куп ги има и на форумов што ова го кажуваат дека настануваат проблеми кога се делат. Па лути се, па не разговараат, па снаата крива го одделила и сл. Зошто го сакаат синот до нив и заедно да живеат?Зошто се мешаат во животот на синот а не на ќерката? Зошто ако синот и снаата одат на скапи одмори се недомаќини а ако оди ќерката тогаш ја чувале ко принцеза затоа одела?
    Зоштоа го врзуваат до нив за сестра му да доаѓа секој ден, да се заборава со денови , да наредува и ремети мир, да ја посматраат и оговараат снаата како не е способна а и тие дошле на готово? Тек ако спомне кирија, па одма жалопојки за кого граделе итн. За што го држата, за да лечат нерви на синот и снаата? Да и покажат на снаат кој е газда во куќа и кого ќе слуша синот?

    И да едитирам, не се лутат кога ќерката ќе се омажи и ќе си отиде, кога нема да остане со нив? Ќерката ако е под кирија не е проблем, млади се да проживеат, свекрва и не и се погодила, не биле домаќини старите спрат да направат итн итн .
     
    На Anyshka, lakibebe, Taurus777 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    @Elena1001 тоа и ми е поентата , да си го живее секој својот живот и дека никој не е должен некој да му прави јадење и да му чисти со денови |(
    Како што кажав на млад човек ,интектуалец треба да му биде приоритет да го види светот ,да прошета низ светот , а не да се трупоса кај мајка и (а таму 3 генерации живееат)само за муабети рекла казала ,и кон золвите треба да се однесуваме како кон кралици|(
    Мене тоа не ме привлекува и сметам дека е глупо и просто во 21 век во 2020 година (facepalm)
    Имам дечко , сестра му е мажена и имам предобар однос и ми е како сестра , и е современа не е тупа ,и да не должам , осет тешко од примитивни персони ќе добиеме
     
    На Anyshka, Skorpija25, mrsfreak и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Иако со поголемиот дел од твоите мислења се сложувам,овде грешиш. Членката пиша дека тетките сами се откажале, башка татко и и старите заедно ја изградиле новата куќа. Сепак чим си се откажал од нешто, од која и да е причина, треба да се има осет дека не треба да им дремеш таму со денови со плус куп деца.

    Иста ситуација имаме,само што во мојава ситуација свеки моја оди во куќата на покојниот брат, каде живееа двајца браќа, со мајка им, жените и децата (сега скоро се делија во две куќи) заедно со сестра и, таа си влече внуци од ќерките, а од куќата се откажани зошто им се дадени ниви, ама обавезно секој празник им се акнуваат од јутра до сутра и сосе деца им остануваат на спиење. Несакаат да помагаат, они биле гостинки. Значи снаиве да ги служат по цел ден, вода не стануваат да си наполнат сами, да им ги служат и внуците, да им наместат соби со постелини со све за спиење,да не зборам дека се бањаат вечерта таму, па сабајлето треба некој со доручек да ги послужи, па да среди после нив, а ние живееме на 20 мин пешки од нив, сестра и е малку подалеку. Кога треба да се помогне они се гости, кога треба да се оди во куќата тоа е и нивна куќа.
     
    Последна измена од модератор: 23 август 2020
    На Anyshka, lakibebe, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.338
    Допаѓања:
    126.136
    Пол:
    Женски
    Тоа што некој се откажал од дел од имот,не му го одзема правото да иде таму!
     
    На Veta и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама тие "се омажиле" автоматски го сфаќаат дека се откажале, а не дека стварно се откажале :D
     
    На Veta, cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Тоа им е врв во животот, да можат секој ден кај мама и тате без да смее да им писне некој. Така се чувствуваат битни и дека некој конечно им дал за право и успеале да бидат над бате и снајка.
    Да им прават на нив така ќе сватат што се збори.
     
    На Anyshka, lakibebe, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јас не знам во какви фамилии сте пораснале вие. Очигледно многу различно од она јас што сум го доживеала. Ние како деца сме иделе кај вујко ми да седиме со недели, а и нивните деца доаѓале кај нас да седат со недели. Многу убаво си живеевме, се дружевме, бевме блиски и сѐуште сме. И тоа е така зошто нашите родители, пред сѐ мајка ми и брат и биле блиски и никогаш не си мислеле зло. Вујна ми, ете снаата во ситуацијава е прекрасна жена и како свои деца нѐ гледала и нѐ сакала. Мајка ми братучедите исто како нас ги гледала кога доаѓале кај нас. И сѐ тоа се правело од срце и со љубов. Најубавите спомени ми се од кај вујко му и вујна ми што сме седеле на распуст. Не морале, ама сакале.
    Ако не сте ги сакале сте можеле да им кажете, а не тука на форуми да се оправаме, воспитани невоспитани, па уште колку време седеле, и кој кого "победил". Очите ќе си ги извадите со сопствените браќа и сестри, еј. Што останува за другите луѓе.
     
    На Veta, Dust, spacegirl92 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Јас никогаш не би живеела, дури и во куќа на три спрата. Не сакам ни со моите. Ние сме посебно семејство, така и се однесуваме, така се создаваат други навики, други правила и комоција. Вака ќе бидам обврзана да почитувам нечиви други правила и интереси во домаќинството, што го оправдувам, затоа што сум јас таа што влегувам во туѓо семејство, кое своите размислувања со години ги градело. Затоа сега никој не смее да ми се меша, ни во најмала ситница. Мој кров, мој живот, мои постапки.
     
    На Skorpija25, cresa-jagoda, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Отроввв |(
    А имаат тие нешто вложено во таа куќа за да била нивна куќа ? Колку само познавам кога ќе умре мајката им се дава црвен картон на таквите што немале осет , и зборувале дека веќе не можат веќе да ги издржат ,проблемот кај ниско интелегетните е што не сваќаат дека едно е да му се трупосаат со се дечишта со денови друго е да се отиде на едно кафе на сат два и чао пријатно ама толку гледаат толкави им се капацитетите
    Тоа им е единствено достигнување подалеку не гледаат
    Нажалост премногу ги има
     
    На MeowMeow, Nevenche26 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  12. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Дали да се живее со свекорот, свекрвата и золвата?
    Одговорот е јасен - не. Еден е овој живот, мирот е најбитен. И кирија би плаќала само да не ми го снема мирот.
     
    На spacegirl92, buba4e89, Mimmi39 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Да се надоврзам. Би направила компромис, само доколку не дај боже се работи за болест. Сепак тие се негови родители и ги сакам и почитувам. Го почитувам семејството како света установа. Да се собираме за арно и да бидеме покрај себе за лошо. Во друг случај, останувам зад првичното мислење.
     
    На Idedemja, poppie, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Времињата се сменија. Ако било така порано, сега ретко каде е е така. Сега многу од нас си го ценат мирот и слободата. Немаат сите еднакви емоции спрема роднини. Денеска ретко кој заслужува ваше внимание и време. Денеска многу од луѓето ги гледаме како кристољубиви, со оправдана и неоправдана осуда. Зошто е тоа така, незнам,односно знам, ама тешко е за објаснување. Конкретно јас си го ценам мирот, си го планирам времето и немам време за секојдневни посети. И не значи дека не ги сакам луѓето, едноставно моите видувања и цели во животот се поголеми од секојдневното одење по куќи.
     
    На Anyshka, spacegirl92, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Јас за себе лично можам да кажам дека сум премногу блиска со брат ми. Си одиме и помагаме за се, но тоа незначи дека јас нетреба да имам осет. Доколку знам дека не се добри или деца не им се добри им се нудам за помош, не ги оставам без подршка. За било што тие можат да сметаат на нас и јас на нив.
    Но пр ако знам снаа ми или брат ми напорни денови на работа или како што реков дете недобро и јас да се тупнам и да седам да гледам па и уште да ме служат. Едноставно има моменти каде што на луѓето им треба мир. Ако тие решиле да живеат со моите и е договор помеѓу нив незначи дека решиле и со мене да живеат и со моето семејство па да им одам секој ден.
    За се однапред се договараме, јас несакам никаде да одам неповикана или ненајавена. Јас почитувам нивен ред, тие мој. Дури и омилени јадења и благи си знаеме и баш во најголем замор и сл знаеме да се изненадиме со омиленото.
    Јас почесто ги викам, да им зготвам и угодам а сами сме и башка малку да одмори од свекор и свекрва :).
    Но ќе повторам мојата блискост незначи да се тупнувам секој ден или да седам со денови.
     
    На lakibebe, MeowMeow, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.338
    Допаѓања:
    126.136
    Пол:
    Женски
    @Elena1001 Не е тупнување да идеш и седиш во домот на твоите родители,тупнување е да седиш кај свекорот и свекрвата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Исто е. Му се тупнуваш и на родителите. Што па, они не смеат да имаат живот и мир?
     
    На Anyshka, spacegirl92, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    Родителите се виновни. Креваат спратови за синчињата да седат со нив. Убави тие на мајка. (facepalm)
     
    На Veta, Taurus777, spacegirl92 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    @Elena1001 Јас мислам дека секое дете, дали машко или женско треба да си се одвои од старите, и без да се мажи или жени.

    Јас лично не сум растена со размислувањето дека само на едно дете треба да припадне имотот. Од најмала сум воспитувана во духот дека куќата е наша, на секого подеднакво во нашето најтесно семејство и дека наша обврска е тоа да се почитува. Ние како деца сме биле сосема рамноправни во тој поглед. Мене ми е пречудно воопшто некој да се откажува од нешто, ни па да размислува дали смее да оди кај родителите на неколку дена.

    Јасно ми е дека има секакви ситуации и договори, ама верувам дека нетрпеливоста меѓу браќа и/или сестри е пред сѐ грешка на родителите, заради подгревање на нетолеранција, буцкање, проектирање на нивното мислење за животните избори на детето, коментари и слично. Не може женското да смета во куќата на родителите само зошто е мажена во друга куќа. По таа логика и машкото треба да смета штом живее со жена и деца засекогаш во таа куќа. Инаку фала богу дека ако само едното дете наследи сѐ, едното нема да има подеднакви права да се појавува кога сака, што мене ми е пречудно како може само на едно дете сѐ да му оставиш, ко другото на улица да е најдено, барем во неекстремни услови кај што се откажуваш од детето или некои такви ситуации.

    А за имање осет, фала богу, тоа и во сопствен дом треба да се има. Ако на некој дури и во најтесно семејство што живее заедно со тебе го боли глава или има напорен период, нема да му дојдам со фанфари, иако е мој станот пример. И ние сме иделе најавени и сѐ тоа, нема на бањање да им се уселам на луѓето, ни па да одам во период кој не им одговара. Ете и кога сме биле таму, а братучетка ми учела, знаеле да ни кажат да сме тивки и слично. Тоа ми е некако нормална почит меѓу луѓето.

    Моето мислење беше повеќе пишано од аспект дека не ја сфаќам таа нетолеранција, кога се работи за браќа/сестри. Пак ќе речам, мислам дека многу потекнува и од родителите што не знаат да постават здрави граници, фаворизираат само едно дете или подбуцнуваат меѓу децата. Една членка не толку одамна имаше пишано дека свекорот и свекрвата збореле лошо за ќерка им пред снаата, не се сеќавам која беше да ја тагнам. Сигурна сум тие зборат и за снаата пред ќерка им. Родителствување ужас. Место да помогнат во решавање на конфликтите, тие ги разгоруваат.

    И да се редактирам и надополнам, има случаи каде едното од две машки или две женски деца е фаворизирано од родителите. Само машко/женско поделбата ми е во контекст на претходните мислења.
    За крај, совет за помладите што може читаат. Остајте муабети како ќе плаќаш кредит до пензија и слично. Нема поубаво од сопствена ВАША слобода. И штедете за да имате свое. Малите луксузи од кои ќе се откажете за да штедите и тоа како ќе ви се исплатат на долг рок.
     
    Последна измена: 23 август 2020
    На S.W.A.G, cresa-jagoda, M.B. и 4 други им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    7.678
    100% си во право. Исто и јас пораснав така. Опкружена со вујковците, баби, дедовци, братучеди... И секогаш се сметам за среќна личност баш поради тоа. Сум спиела, јадела низ роднини, и тие кај нас исто. И имам толку убави спомени, немаат цена едноставно. Сега да можам, би сакала да се вратам барем на ден-два. Да го имам тоа слободно време и да сум опкружена со толку луѓе во куќа, и баба и дедо помлади да се.
    Сум седела со месеци кај баба и дедо, вујче се ожени и изгради друга куќа, и таму седам. И братучедите кои се од 18 до 22 год помали доаѓаат и седат кај нас со денови. И мене ми е мило, и пресреќна сум. Баш сакам да ги имаат истите спомени како јас кога бев на нивна возраст. Знам дека со душа ме чекаат кога наоѓам време да одам кај нив и да останам.

    24 години сум, но семејството ми е тоа и не можам да го одберам или негирам. Ги обожавам бидејќи секогаш биле тука за мене, за било што. И во ниту еден момент не ми било проблем да седат кај нас.
     
    На cresa-jagoda, edna_malecka и Celltica им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.