Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    @Celltica никој не ги оспоруваат фактите што ги напиша , дека секој треба да живее посебно ,родителите требаат да се посетуваат на сат два ,ако е веќе неопходно нека спијат тоа не е проблемот .Канцерот на ова општество е тоа што иде викенд и ајде сите со се деца кај мајка а снашката ќе слугова , не верувам дека постои на некој проблем за кафе или пијачка за сат два да одвоат за золвата ама со денови и тоа со години едно исто да го прави не е тоа нормално плус да се мешаат .Никој никого не му забранува да иди ако е тоа со осет .
    Секој посебно да си биде и да нема мешање и тоа е тоа .
    Јас нема да живеам со золва и со свекор и свекрва , си имам кај да живеам ,а кај свекрвата кој сака нека оди а кај мене кој сакам ќе иди и тоа е.
     
    На Anyshka, Skorpija25, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    @Justicija Да, најубаво е секој посебно да си е. Да си беа сите посебно немаше ни да го правиме муабетот. И немаше да се толку проблематични односите меѓу свекрви, снаи, золви и нерешени имотно-правни односи :)
    Јас сум прв поборник за секој сам :)
     
    На MeowMeow, buba4e89, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на темава се оди од една во друга крајност.
    Никој не рече дека на ќерките им е забрането да доаѓаат на гости кај своите родители, ама осет треба да се има бе. Не да се тупаат во гради дека нив никој не смее да им забрани да чмаат со денови сосе деца кај своите родители, а притоа таму живее и на брат им семејството.

    Ете јас имам брат, па здравје боже ако еден ден се омажам, а брат ми пример остани да живее со жената и децата во домот на нашите родители, секако дека нема да им се тупнувам нонстоп, кај се тие во гужва па уште јас ќе им фалам да дрочам цело време таму, пошто нели, ми се можи. Па ете, и да се одделени, шо мајка барам да дремам цело време таму? Па си имам и јас семејство, обврски, деца, сопруг.. На шо личи то кај мама на кафенце тупнати ката ден, стварно не можам да разберам.
    Како шо има мамини синчиња, очигледно исто така врие и од мајкини ќеркичиња.
     
    На Anyshka, lakibebe, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    А зошто мора синот да живее со старите? Зошто не се оддели? Така нема никој да и смета на снашка.
     
    На crazylady, Taurus777, Puffy2019 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Па сигурно од ќеф нема да живее со старите. Добро океј, ги има и такви шо се со папочна врвца врзани за родителите, ама за таквите сувишне су речи.
    Во Македонија живеете, каде во глобала се зема по 250е плата. Шо да се напрај побрзо со тие пари, еве не знам. Само на форумот сите магионичари се, од 15.000 плата, 16.000 штедат за свое живеалиште.:?:
     
    На Anyshka, Taurus777, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Е ај сега појасни ми како е тупнување кај свекор и свекрва. Јас кај моите одам со мм и децата. Кај свекор и свекрва исто со мм и децата. Значи кај свекор ми и свекрва ми оди син им со жената и децата. Како може да им се тупнува тој а јас кај моите не се тупнувам. Или сакаш да кажеш дека зетот и снаата се вишок. Искрено не те сватив што е поентата можеби бидејќи не одам сама туку секогаш одиме семејно.
     
    На crazylady, Lady D ❤️, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    Очигледно им е поубаво да седат со маме и тате. Трошоци поделени, а он и женичката си шетаат. Зошто да заглавува детето со кредити кога подобро му е да чека старите да умрат за да ја наследи куќата. (facepalm) И да ја убедува сестра му дека на неа ништо не и треба затоа што се омажила. (facepalm)
     
    На spacegirl92, cresa-jagoda, poppie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Јас си кажувам искрено дека се откажав од делот кај моите. Сметав дека имам добиено доволно надомест во однос на тоа што ќе го наследи брат ми. Инаку и брат ми има простор за да живее одделно дури и кога се ожени ми беше смешно што ќе живеат заедно. Но тие имаат свои причини зошто е тоа така. Не се ниту финасиски ниту за имот.
    Брат ми кога би живеел посебно мислам дека почесто со него би се гледала него со моите. Секако дека и со нив но и брат ми ми треба во овој живот. Поделба никогаш немало, можеби затоа сме поблиски. Е сега кога се заедно нормално неможам на кантар да ставам кој колку дал, нивни сметки, нивни финасии. Тие си се договараат и планираат. Ниту прашувам ниту сакам да знам. Само знам дека ниту од моите ниту од свекор и свекрва би земала пари. Напротив давам за да можат да уживаат во староста. Доволно направиле тие, време е да одмараат.
     
    На lakibebe, Skorpija25, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Многу назадни сме општо во поглед на воспитување машки и женски деца, темава длабоки корени си влече. Од мали им се наметнуваат улоги, секогаш по машкото се трча, а женското од дете добива играчки тенџериња и бебиња, па уште и кога ќе видам или чујам дека „треба да научи да готви/мие, еден ден домаќинка да стане.“ Да не претерувам сега, ама револтот во мене зборува, чиниш партал е девојчето и се фрла по мажачката, иако, секако, секогаш во првите ќе биде да притрча дома ако скраја да е има случаи со болести и слично, што ќерка ќе биде де.

    А машкото што само станува, јаде, спие, излегува и мама по него везден да трча ќе биде јунак на мајка, домаќин прав в гради ќе се чука со станот/куќата што родителите го/ја опремиле и така среќно ќе си живеат 10 луѓе заедно. Во огромен број, за голема штета и жал, машките деца се вакви. И не по нивна вина, туку поради инфантилизација. Синот на мајка, доручек в постела да го пречека на 30+ и за кафе од родителите пари да бара и е навикнат да има друг за него да гради.

    Женското што има да вложува во станови/куќи, скраја да е па посебно нешто за тоа дете да се одвои- кај мажот ќе си најде. За жал, овие последниве неколку збора ги чув од баба ми уште мала кога бев и си замислував дека еден ден ќе си купам автомобил со свои пари или можеби машина за миење садови за да не се мачам како мајка ми. „Ќе си најдеш кај мажот, што ќе ти е сега“. Бракот и се' што му припаѓа на мажот го дефинираат животот на жената.

    Секој има право нешто свое да створи. Да, фамилијата секогаш е тука и таа е, ама ново семејство си почнуваат самите сопруг и сопруга. Сами да имаат шанса да одлучуваат за нешто и да вложат во нешто што ќе биде сосема нивно, ново. Па има ли поголемо задоволство и среќа од ова? Една таква шанса во животот да имаш и пак да чекаш на родителите? Си бил зависен како дете, а сега веќе не.

    Се' си има граница. Ако си способен и возрасен човек, ќе се потрудиш да изградиш нешто од нула, а ако чекаш и се надеваш на „градење живот“ врз она што останало од твоите и фалби наоколу колкав домаќин си и колку си се намачил, а прашина не си избришал во собата каде што живееш 40 години- паразит си и апсолутно ни 1% нешто повеќе.
     
    На warrior, Dust, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Абе вложено немаат, ама ете трпеле дур се направила. АМА,има едно ама дека на двете сестри им се дадени ниви, за да не се мешаат во куќата. Е сега, одкога се они омажени, децава, фактички внуциве нивни, куќата 2 пати од корен ја имаат реновирано, плочка, камче не е останато од тогаш, сега кога едниот брат изгради куќа, овој другиов пак од корен ја реновира старава, и им иде мудрата моја свекрва и му вика "Ааа Иван, тетка, за вака да направиш треба нас да не прашаш" или на золва и и вика "ти што не си останеш во старава куќа, тука ти се спомени од покојниот маж, тука ти е се, што има да одиш во новата". А оваа оди во новата од нивен меѓусебен договор, што воопшто не треба да и е гајле неа. Пак се враќаме на она, дека секој треба да си гледа своја работа и да не пика нос во туѓо, без разлика дали во заедница или одвоени по станови, ако си напаст што немаш своја работа, џабе е.
     
    На Skorpija25, poppie и Justicija им се допаѓа ова.
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Јас лично и тоа не го разбирам. Ете земаат двајцата минималец, зошто прво, пред да стапат во брак, не заштедат нешто на страна. Семејство да создадеш, кошта, многу кошта. Тие деца треба во школо да одат, на факултет, треба да ги облечеш, нараниш, па сигурно нема цел живот дома да седат,ќе треба да излезат, во град, на одмор. Проблемот е што, ајде младинава е веќе посвесна, настрана љубов и сите салтанати, гледа веќе и станбено решение, дали може да издвои за деца од џебот. Не е само роди го, па нека се снаоѓа и нека лупа комплекси. Јас, се додека немавме кај да живееме, не ни помислував на брак. За кирија пари во воздух не ми се фрлаат, вака се стиснавме неколку години и сега сме конечно заедно. Сега веќе може и за проширување на семејството да гледаме. Не ги разбирам тие луѓе едноставно. А да се чудиш, ќе извадат после некоја опасна кола, што вреди минимум колку учество за стан и ќе седат под туѓ кров, ама ќе се лупаат во гради дека се им е подмирено. На крај краева, кој како му чини нека си прави. Ама дека во денешно време, колку за учество, можеш да извадиш, ќе продадеш кола, нивче, златните ланци од чеизот, нешто...
     
    Последна измена: 23 август 2020
    На tina2018, christinnn, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    А зошто старите припаѓаат во несвес кога синот ќе им каже дека ќе се дели или под кирија ќе оди и сл? Зошто не паѓаат во несвес кога ќерката ќе отиде кај мажот, па да ја подучеле на време дека на туѓо не се оди, да подзапне сама па тогаш да се мажи.
    Мислам дека мајките се премногу приврзани за синовите и снаата ја доживуваат како конкуренција.
     
    На warrior, Anyshka, Puffy2019 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано за мене во другата тема. За да имаш свое треба да се жртвуваш. А тоа подразбира откажување од многу работи. Ние од почеток седевме под кирија. Лани си купивме стан. Низ многу работи поминавме само за да дојдеме до ова. Ама на мене никој не може да ми дојде кога сака и да ми кажува што да правам.
     
    На warrior, Puffy2019, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Ги жалам :x
    И тие што мажи се да не и се спротистават ? Тие штом не вложиле ништо не им припаѓа и тоа на суд може да се докаже ,нз зошто им молчат .
    Моја прва братучетка свекрва и е единка(и зет ми е единец) и има голем имот во наша соседна држава ,свекорот погинал во сообраќајка и после некоја година се омужила за друг ама како што си постојат бездушни луѓе свекрва и си побарала дел од имотот од првиот маж,а маж и од братучеда ми не сакал да им земе бидејки не се работело за некој голем имот,и којзнае каков ,а и стрико му имал два сина , а оваа свекрваи пола им зела ,и дојде до голем конфликт ,и зет ми рече кога ќе умри мајка ми јас ќе им го вратам делот ,си имам не ми треба

    Ми се чини да изумре еден дел од луѓево што се гнили во душа ,нема да е до олку дискутабилна темава
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ааа свекрва ми, кога мм им рече дека ќе ставиме саат за струја и водомер на наш спрат, дека интернет и тв и вода ќе треба сами да си плаќаат, ако сакаат кола да возат да си купат, дека нашите не се нивни, се препоти, пребледе, што ќе речат комшиите кога ќе дознаат, ќе мислеле скарани сме. Ем им смета сешто, ем не им држи га*от сами да се. Кај си тука да им помагаш за се, и нивниот дел да им помогнеш да го реновираат и кола без денар да дадат да возат и ќе чуеш муабети по комшии као она ме издржавала.
     
    На warrior, Skorpija25, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    Затоа пишав јас дека снаата е ривалка. И господата припаднаа во несвест кога кажавме дека нема да живееме со нив. Маж ми дека најмал требало да седи со нив.
     
    На Puffy2019, tina2018, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.851
    Допаѓања:
    13.469
    Абе што се чудите? Мене мајка ми ми рече сум требала на почетокот да бидам во заедница да се покажувам. (facepalm)Ејј мајка ми! Јас си велам,да ми е мајка ми свекрва ќе се испоколеме.
     
    На warrior, Puffy2019, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не судам јас, да не ме сфатиш погрешно. Секој си има свој живот и причини, ние на форумот не можеме да судиме за твојот живот и одлуки. Кажав дека ми е несфатливо во генералната смисла дека сестрите се откажуваат со самото мажење, или тоа дека се очекува од нив истото.

    @christinnn
    Се штеди дури немаш семејство. Штом ти дојдат деца, нема веќе многу простор за штедење. Дури си сам, и минималец да земаш, ете ќе учествуваш во трошоци за живот со твоите, остатокот бираш дали ќе штедиш, дали ќе трошиш на друго. Е сега нема такво штедење со кафана, со кафиња, со викендче ваму, одморче таму. И нема да ти трпи социјалниот живот. Ние сме се собирале по дома, сме си готвеле, сме оделе на планинарење, сме палеле кола од еден во друштвото, сме оделе надвор од градот на пикник со намирници од по дома. Многу е глупо кога ќе речат требало како млад да "проживееш". Демек живеењето во кафана се дешава само. Или проживеј, па после мисли му се со 15 души во иста куќа.
     
    Последна измена: 24 август 2020
    На tina2018, cresa-jagoda, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Зборувај ми за гнили во душата.. Ја имам под мене,на два спрата се шири, денар нема вложено во куќава, прашина само што има бришено и му вика на свекор ми "ова е све мое, тате (свекор и) кога умре ми рече невесто оваа куќа е твоја, не е на син ми, ти си домаќинка, затоа јас како ќе пеам ти ќе играш" и овој и ќути. Мислеше кај мене нс мојот спрат ќе е така, ама на име на мм си е, клуч на врата и пријатно. Кога со син незнаеш да си го поминеш животот, џабе ти е. Ја слушнав како ме оговара во комшии, им се појавив на врата колку да и е јасно дека слушнав дел од муабетот, му кажав на мм, лом ја направи, оваа во син ми му се колнеше дека не збореле за мене, после на ќерка и и признала, ама демек она не зборела, комшикава буцкала, оваа ќутела,гнасни створења, еј во дете ми се колне, а лаже.
     
    На Taurus777, Skorpija25 и Justicija им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    Мене татко ми ме учеше дека треба сама да се изборам за свој дом. А наследството секако ќе остане за мене и за сестра ми. Никако живот во заедница. И во право беше. Сестра ми не го послуша и си трга маки. Маж ми има двајца браќа. Ставот на неговите е дека најмалото треба да биде со нив. А ако имале ќерка, она да си бара од мажот. (facepalm)
     
    На Puffy2019, Celltica, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.