Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    46.680
    Пол:
    Женски
    Дискутабилно ми е многу ова прашање...има и предности има и маани живеењето со свекрва или без свекрва,едноставно може полемизирам ,ама поучена од секакви искуства од околината што ги гледам ,сум видела и придобивки од заедничко живеење ,ама и големи кавги да ти се одмили да си влезеш во домот...така да ,незнам што да одговорам,искрено колку и да сакам мир,хармонија и сл,и да бидам во своја куќа со маж без свеки, не е гаранција дека ако сум домакинка само јас во куќата ќе цветаат рози , попрво би рекла ако се има компромис и заеднички јазик ,добро ќе е да си и со свекрва ,искрено гледам како живееат Мајка ми и снашка ,колку и да е реткост тие се вистински пример за заеднички соживот во едно домакинство,и јас би посакала да најдам свекрва ко Мајка ми( ова искрено,не да се фалам) така да не би ми сметало да сум со свекрва само под овај услов и начин:D
     
    На sugarlips, 2212, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.103
    Пол:
    Женски
    Definitivno najubavo e da si so soprugot i decata ni majka ni tatko ni svekor ni svekrvaa sekako jas mislam deka koj e vo moznost da si zhivee sam so soprugot i decata
     
    На MilaP и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  3. DVAANGELA

    DVAANGELA Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    28.747
    Пол:
    Женски
    Potpolno se slagam pouvavo so semejstvoto Sami nema em nema da ima kavgi I nesiglasnosti so starite sekoj kako Znae I umee Sam (y)
     
    На MilaP и makgirl им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    71.527
    Зошто е воопшто темава поставена кога одговорот е општо познат и се состои од едно едносложно, кратко и магично зборче - НЕ:wasntme:. Еден кокошарник да си имам, ама сама да сум таму. Јас од моите си туфкам, чувствувам како од петни жили ми фали самосталност и личен мир, а не па некои туѓи родители. Свекрвата да си ја валка нејзината, а јас мојата кујна ... таа да биде гостинка кај мене, јас кај неа исто така.
     
    На Divinebutterfly, vichy, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    НЕ , дефинитивно
    Нема цена што ке ми го плати мирот и спокојот. Најдобри нека бидат свекорот и свекрвата, и моите мене ми се родители си ги сакам ама не сакам да живеам со нив. Мене тоа заедничко живеење ме потсека на турско време , ко у племиња, сите заедно....НЕ НЕ НЕ
    е сега има и друг момент, имам пријателки што живеат во станот/куката на свекрвата , им плакаат сметки, им чуваат деца , сите пари од плата со сопругот си ги трошат за патувања , облека , педикири маникири, денар немаат вложено во домот, ама свекрвата не чини!!! има ситуации кога навистина МОРА да живеат заедно(мали примања , невработеност) ама има такви кои не сакаат да си скратат од луксизот, ги користат свекрвата и свекорот, а после тоа им сметаат, епа сега ЧОРБА
     
    На vitamina и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.362
    Пол:
    Женски
    Фала богу дека никој нема да пише дека е за тоа да се живее со старите.
    Секој сака приватност, мир и тишина. Кога ќе дојде дома од работа нормално дека секој би сакал да си се одмори, а не да му сметаат старите. Посебно еве 97% од денешните бракови се слкучуваат само ако младите си имаат обезбедено сами да си живеат.
    Има многу случаи каде што живеат во заедница и настануваат кавги, посебно за одгледување на децата. Затоа најубаво е сами (секако доколку се има можност), па старите од двете страни кога сакаат ќе доаѓаат на гости.
     
    На vichy и vitamina им се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Факт е дека е многу поубаво да се живее одделно. Никој за ништо не ви се меша, уз секс викање колку држат гласните жици итн. Ние живееме со свекор и свекрва ама ние сме на горниот спрат а тие долу, што не е како да си сам, ама не е ни во иста соба, во заедница. Немам никаков проблем со нив, не се мешат за ништо, луѓето си се стварно на место, така да, не ни гледам потреба да одам некаде кај што ќе сме сами.:)
     
    На vichy и vitamina им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    7.672
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални дека секој брачен пар си посакува и се стреми кон свој дом.
    Дом каде што нема да ја прикрива својата интима, каде што ќе прави како умее и сака како му е нему добро на душата, каде што нема да се допираат 2 а можеби и 3 различни генерации кои патем со оглед на годините си го прават своето, каде што нема да слушаат и имаат нервози од типот "тоа вака тоа онака" каде што жената ќе биде домаќинка а мажот газда..ќе си бидат сами свои газди на својот дом, каде што сами ќе се навикнат и научат на своите проблеми.
    Различните генерации манири и карактери се клучен проблем за ова прашање.

    Многу добро знаеме дека не секој може да си го приушти ова задоволство и комфор и можеби хармонијата на брачните парови се повеќе се уништува и упропастува ради овие услови и проблеми во кои се наоѓа.

    Затоа во животот треба да гледаме и да се потрудиме барем да успееме да правиме понекогаш и жртви, каде се може со што и како се може да успееме некако да се снајдеме и да си заработиме свој дом, комфор и свој живот.
     
    На crimson, vichy и mama31 им се допаѓа ова.
  9. Mia.MGK

    Mia.MGK Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Едно големо Не ,подобро би живеела во една соба отколку да живеам со свекрва ,жив пример ми е дома затоа што на тато мајката живее со нас и по подла и по одвратна и злобна жена немам сретнато во животот во се се меша едно збори друго прави им се меша постојано на мајка ми и на татко ми само гледа да земе нешто а недај боже да извадиш да јадеш нешто пред неа абе од уста ке ти го земе ,не е убаво вака да зборувам ама едвај чекам да умре тие што си имаат ист проблем вака ке ме сфатат најдобро .
     
    На cresa-jagoda, sugarlips, Winter Lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    30.955
    Пол:
    Женски
    НЕ, НЕ И НЕ. Од сами поубаво нема.
     
    На cresa-jagoda, Summerlover, vichy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.152
    Пол:
    Женски
    Колку сака нека има предности итн. мани нормално. НИт под разно живот со свекор и свекрва,ма златни нека се.
     
    На cresa-jagoda, sugarlips и Херкул им се допаѓа ова.
  12. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Сам...сам свој газда :)
     
    На Mr. Right, vichy, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.955
    Допаѓања:
    20.679
    Пол:
    Женски
    Golemo NE ! Od iskustvo . Edna godina ziveevme so svekor i svekrva , popatno i so babata i sestrata na mm . Samo nervozi vidov taa godina . Mojata obleka bez prasanje se zemase od spalnata , se sednuvase vo najubavite helanki/farmerki na mesto kade nekoj pred toa zalepil mastika , bluzite i paltata koi samo sto sum gi kupila , uste jas ne sum gi oblekla , ke gi najde na zemja so dupka od cigare i izmaltretirani do krajnost . Hranata na sin mi bezmilosno se jadese , mlekoto i grizot posebno . Ke mu kupev mleko vo 13 casot , vo 18 h deteto vekje nema mleko , moram da kupam novo . Vratata od spalna ne smeevme da ja zaklucime , duri i da sme goli vnatre . A bidejki teravme inaet , ni ja iskrsija da ne mozevme nitu da ja zatvorime asalno a ne pa da zaklucime . Ako se pozalev od zolvava avtomatski jas bev vinovna za se , neli taa e na mama i tate princezicka pa moze da pravi sto saka . Mn nepravdi mi nanesoa svekor mi i svekrva mi vo taa edna godina . Sega ziveeme odvoeno . Da , sve na sve imame 75 - 80 kvadrati , nemame sporet toalet i nekoi osnovni raboti , ama barem ne se karam so mm sekoj den ( od sto nemav na kogo , na nego se isturav dusicka ) , ako mozam ovaa nedela ke cistam ako ne nema da cistam i nikoj ne mi veli : " do koga ke sedi ova vaka rastureno . Imas namera da fatis nesto ? " Iako realno jas i dete gledav i cistev , i pak ne bese dovolno za niv . Ama sega se smenija , znaat deka zgresile ama kasno e veke .. Jas veke nema da bidam ista kako porano . Veke ne dozvoluvam nitu eden naj obicen konec da izleze od spratot , bez jas da znam i odobram . Koga ne sum doma - kluc na vrata ! Ama nema ama . Ima da pocituvaat tugja privatnost ako sakaat mir i harmonija doma :!:
     
    На Divinebutterfly, MilaP, Askopje и 5 други им се допаѓа ова.
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.335
    Пол:
    Женски
    Нигде во светот освен во овие наши сиромашни простори не се практикува ваква глупост.
    Мое мислење. Секако сите сме свесни дека само заради фактот дека не сме финансиски способни сме научени на ваков начин на живеење.
    Јас кога ќе се мажам ќе се мажам со една личност и ќе се заколнам на толеранција и почит и љубов кон таа индивидуална личност. Не кон цела фамилија. Иако би биле добредојдени и би ги почитувала и би помогнувала кога му требам и се најдобро, никогаш не би живеела со нечие туѓо семејство.
    Сакам мое. Сопствено. Насамо. Приватно.
    Точка.
    Макар било и во една соба изнајмена без ништо внатре порадо би ја одбрала таа опција од колку некој друг да ми ги плаќа сметките и заради тоа да очекува јас да трпам секакви коментари, однесувања итн.
    Пример колку што имам забележано дечко ми е многу разгален од мајка му. Како слугинка му се однесува и јас му имам сто пати речено ако јас и ти некогаш завршиме заедно ти муце овај филм не го гледаш!
    И сега ти да си го учиш мажот на едно однесување кое ќе ви одговара на двата, значи се обидуваш да направиш компромис во врската, некаков распоред на одговорности и да иди мајка му да ми се меша да продолжва да го разгалва синчето? Нема шанси.
    Би отишла дури до таму да не се мажам за некој ако не планира евентуално да сме сами.
    Јас дома имам дисфункционално семејство цел живот и нема теоретска шанса да дозволам да се закачам во друго. Ми треба мое семејство, со мир.
     
    На Divinebutterfly, blackwave, Tanjamm и 9 други им се допаѓа ова.
  15. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Ами секој си сака приватност :D Имам неколку комшики живеат заедно со свекрвите,ама пак добро се согласуваат.Свекрвите им ги гледаат децата дека овие одат на работа и ниту еднаш ги немам слушнато да се расправаат.А за тоа дали ќе ти се меша свекрвата и слично,може и на пет минути да ти се јави и да те изнервира :rofl: Какви и да се,најдобро е сами.
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    71.235
    Пол:
    Машки
    Јас не сакам да живеам со моите, не па мојата идна. :D

    Сериозно, не сакам. И глупо ми е кога ќе слушнам други мажи кога ќе кажат дека сакаат да живеат со нивните. Кој им е бенефитот ако живеат со нив? Друг пат кога ќе слушнам некој така да каже ќе им кажам да ја отворат темата „Снаите и свекрвите - проблеми“ на форумов и таму ќе си го најдат одговорот. :rofl:

    Не сакам од едноставна причина, како што кажаа погоре - сам свој газда. Колку помалку души во една куќа толку подобро. А и си сакам приватност. Може ќе ми текне да се шетам гол низ стан, а не можам, кога треба да водиме љубов со идната треба да бидеме потивки да не нè слушнат од соседната соба.
    Сума сумарум, живеењето во заедница има повеќе недостаци отколку предности. За чување внуци, лесно е. Ќе го ставам детето во кола и ќе им го однесам, па што сакаат нека прават додека ние сме на работа. И така сите ќе бидеме среќни и задоволни.
     
    На Divinebutterfly, blackwave, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Јаас искрено би сакала ама ако не е некоја исопачена аа ако некоја исопачена за инат ќе и седам у куќа и контра ќе одам и на крај ќе се вратам дома а ако мажот нејќе нека си седи с неговата мамичка:devil:
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    не викам дека е сјајно да имаш свекрва ама јас кога ке се омажам сакам да имам свекрва сега ке ви кажам зошто....имам сестра мажена е нема свекор ниту свекрва сами се со зетми има две керки едната 4год другата е 7 месеци и верувајте не може ни до wc да иде ако не идеме јас и мајка ми не може ни да исчисте ниту да се избања ниту ништо..од таа гледна точка сакам свекрва....
     
    На ~disappointed~ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Abe koga ke osetat nekoi na kje baraat :D
     
  20. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    јас кажав дека не викам дека е сјајно ама сепак сакам,,,,,,кажав и причина зошто
     
    На ~disappointed~ му/ѝ се допаѓа ова.